Кили ја скршил раката пред да биде притворен

Обвинителството попладнето поднело обвинение против актерот Кирил Поп Христов за неовластено одгледување и производство на марихуана, потврдуваат оттаму официјално за Канал 5.
kili1 5081
Во актот обвинителството дало мислење и да му се продолжи притворот. Во пресрет на одлуката на судот дали Кили ќе излезе од Шутка, тој деновиве постојано е на прегледи во скопските клиники. Претходно на Онкологија за испитувања, а денеска на Клиниката за трауматологија .

Директорката на затворот за Канал 5 вели дека Поп Христов бил однесен на преглед бидејќи ја скршил раката уште пред да биде притворен, па имал закажано редовни контроли.

Кили е трета седмица по ред во притвор и неговите блиски и одбраната апелираат дека му се влошува здравствената состојба и очекуваат да му биде укинат притворот. Неговиот брат кој не беше во земјава за време на апсењето се уште е недостапен.

Кили беше уапсен во куќата на неговата мајка во Визбегово каде полицијата открила мини лабораторија со 80 саксии канабис сатива.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О