Поголем и заоблен екран, подобрени сензори – Apple работи на новиот iPhone

Новата серија на паметни телефони iPhone на Apple ќе имаат поголем екран, заоблен дисплејот и подобрени сензори. Оваа информација ја објави Блумберг, потпирајќи се на „добро запознаени извори со плановите“ на компанијата која развива нов дизајн на својот најпознат производ во моментот.

Според текстот на Блумберг, засега уште се работи на новиот уред, кој би можел  да биде пуштен во продажба во третиот квартал на 2014 година.

Идниот Apple телефон, iPhone 6, ќе доаѓа во две верзии со 4,7 и 5,5 инчни екрани, што значи дека по вторпат компанијата истовремено ќе презентира два модели, како што тоа се случи со промоцијата на  iPhone 5S и iPhone 5C, Apple. За крајот на 2014 година е предвидена и промоцијата на првиот паметент часовник на Apple – iWatch.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О