Најдобрите градови за живеење во светот

Најголемите и најпознатите градови во светот не се и најдобри за живеење. Не нудат најквалитетен живот или најдобри услови.
najdobrite-gradovi-za-ziveenje-vo-svetot-02
Луѓето обично бараат градови со помалку криминал, потопла клима, квалитетна архитектура, добро организиран јавен транспорт и бизнис услови.
Според последната глобална репортажа на места за живеење, најдобри градови денес се:
Торонто, Канада
Најдобра дестинација за имигранти од целиот свет. Околу 30 % од луѓето зборуваат барем уште еден јазик покрај англискиот и францускиот. Економски центар и безбеден град, особено за фамилијарен живот.
najdobrite-gradovi-za-ziveenje-vo-svetot-1

Отава, Канада

Главниот град на Канада е на второ место со најобразована работна сила. Отава е градот од каде доаѓаат компаниите Cisco Systems, Alcatel и Dell. Во 2011 година е прогласена за најевтин град во Канада. Уште една предност е хигиената и еколошката грижа за околината. Отава е еден од најчистите еколошки градови во светот.
najdobrite-gradovi-za-ziveenje-vo-svetot-2

Велингтон, Нов Зеланд

Најобразована популација со приход поголем од државниот просек. Високо развиена култура и урбаност. Вилингтон е водечки центар за креативна индустрија. Има одлична клима со повеќе од 2000 сончеви часови во годината.
najdobrite-gradovi-za-ziveenje-vo-svetot-3

Амстердам, Холандија

Одличен град кој нуди одлични услови за живот и е особено интересен за доселениците. Има убава и необична архитектура, карактеристични водни канали, кој се многу интересни за туристите.
najdobrite-gradovi-za-ziveenje-vo-svetot-4

Сиднеј, Австралија

Сиднеј има едно од најубавите пристаништа на светот, опколен од сите страни со паркови, реки, градини и плажи. Сиднеј е водечки бизнис центар во Австралија со речиси 40 % од домашните компании.
najdobrite-gradovi-za-ziveenje-vo-svetot-5

Копенхаген, Данска

Копенхаген е еден од најдобро инфраструктурен град и со најмногу работна способност.  Вистински пејзаж на европскиот живот. Исто така е еколошки грижлив град. Познат е како град на велосипедистите, бидејќи повеќе од 36 % од популацијата користи велосипед секој ден. Има повеќе од 350 милји специјални велосипедски патеки.
najdobrite-gradovi-za-ziveenje-vo-svetot-6

Берн, Швајцарија

Град со најголема и најразвиена индустрија, познат по висококвалитетните часовници. Она што се издвојува во него се пејзажите на Стариот Град. Безбеден е и со мал процент на криминал. Во 2011 година Берн е прогласен за втор најбезбеден град после Луксембург.
najdobrite-gradovi-za-ziveenje-vo-svetot-7

Женева, Швајцарија

Овој град има многу важна интернационална улога во светот. Мултинационален град со многу интернационални организации. Уште една предност е неговата зелена околина каде 20 % од земјата е покриена со зелени површини и затоа Женева е познат како „Град на парковите“.
najdobrite-gradovi-za-ziveenje-vo-svetot-8

Франкфурт, Германија

Најголем и најважен финансиски центар на стариот континент. Поради модерната и софистицирана инфраструктура во градот има висока фреквентност во сообраќајот со просечни 114 милиони патувања со метро и 50 милиони летови. Седиште е на некои големи институции како Европската централна банка. Најважно е што е безбеден град за живеење, на 11-то место во светот.
najdobrite-gradovi-za-ziveenje-vo-svetot-9

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О