По филмскиот дебакл, Балканот од догодина не настапува на Евровизија?!

Балканските земји доживеаја вистински дебакл во Шведска.  Претставниците на Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Албанија и Хрватска нема да имаат можност по втор пат да ја испеат својата евровизиска песна. Тоа ја разбрани публиката во овие земји и поддржувачите на овој натпревар, но се очекува нешто да превземат и националните телевизии.

Полицијата го сопрела, тој ги нападнал со автоматска пушка


Двајца сообраќајци од Мидфилд во Охајо го запреле 42-годишниот Џејмс Гилкерсон поради рутинска контрола. Меѓутоа, пред да му се приближат, Џејмс излегол од автомобилот со автоматска пушка и отворил оган врз полицијата.

Чудо во САД: Девојки пронајдени по десет години, биле заробени во подрум


Три млади девојки кои исчезнале пред десетина години, тогаш две од нив биле малолетни, се пронајдени живи во една куќа во Кливленд, во средишниот дел на Америка, објави вчера американската полиција.

Започна „судењето на векот“


Во Минхен започна долгоочекуваното „судење на векот“. Главната обвинета е Беате Чепе, која помеѓу останатото се товари и за учество во низа убиства на граѓани од странско потекло.

ФОТО: Јохан се поклони пред споменикот на Гоце Делчев







ФОТО: Press24.mk
Гумена патка висока 16 метри ја дизајнирал Холанѓанецот Флоретињ Хофман со една цел-да измами насмевка кај луѓето, погледнете во видеото коешто следи и е преземено од ПРВАТА МАКЕДОНСКА ИНТЕРНЕТ ТЕЛЕВИЗИЈА

Гумена патка која шири љубов

Објавени: 04 мај 2013 Категорија: Мозаик
Ж

Дали зборувате English?

Мујо сакал цигари, доаѓа до трафика и ја прашува продавачката: 
- Do you speak English? 
Продавачката одговорила: Не.
Мујо, видно изнервиран, се врти и си оди..
Доаѓа до друга трафика и пак:
- Do you speak English? 
Пак истито одговор: Не.
Мујо, потоа разочаран оди до соседната трафика и вели:
- Do you speak English? 
Продавачката
– Yes 
Мујо: !
– Marlboro!!!

ФОТО: Евровизискиот фустан на Есма


Евровизискиот фустан на Есма веќе е завршен. Таа годинава заедно со Влатко Лозановски ќе ја претставуваат Македонија на Евросонг во Малме, Шведска.

Untitled-1
Фустанот на Есма е креација на Елена Лука, а за неговата изработка биле ангажирани 10 вработени од салонот.
Црвениот фустан е украсен со камчињата купени во странство.ФОТО: Либертас

Струмица одбележа 110 години од смртта на Гоце Делчев


Со полагање свежо цвеќе пред   споменикот на Гоце Делчев на градскиот плоштад, струмичани му оддадоа почит на револуционерот и идеолог кој херојски загина на овој ден  пред 110 години.
Говор за делото на Делчев одржа претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски.
- Ликот на Гоце Делчев и неговото дело секогаш биле и ќе бидат предизвик за сите генерации Македонци. Нам ни преостанува со нашите постапки да ја заслужиме достојноста за да се наречеме негови следбеници, рече Даскаловски.
Претставници од јавниот и културниот живот, од здруженија на граѓани и институции кои го носат името на Делчев, положија цвеќе, а членовите на рецитаторската секција од Домот за  млади и деца „Благој Јанков-Мучето“ изведоа рецитал од револуционерна поезија посветена на Гоце Делчев.
Свечености со пригодна програма одржаа и учениците во основните училишта во Вељуса, Василево и Босилово.

Кога треба да одиш на љубовен состанок


Кинеска зграда станала предмет на исмевање поради својот необичен облик


Кинескиот весник „The Peoples` Daily“ е службен весник на Комунистичката партија и како таков заслужува импресивна зграда. Деновиве изгледот на оваа зграда поминал низ сите светски медиуми, но не поради причини кои би ги сакале партиските челници туку поради нејзиниот изглед кој наликува на еден огромен пенис.
Иако треба да биде завршена наредната година, зградата станала голем хит во Кина, а власта работи со полна пареа да ги цензурира сите можни натписи кои го исмеваат обликот на зградата.

Ако се обидете на Veibu (кинески еквивалент за Твитер и Фејсбук) да ја пронајдете зградата или името на весникот, ќе ви излезе порака дека пребарувањето е илегално.

Кога ја гледаш својата симпатија и никој друг не те интересира


Мурињо во Челзи официјално во јули?


Британскиот таблоид The Sun верува дека е постигнат договор помеѓу Челзи и Жозе Мурињо, па португалецот официјално ќе се врати во Лондон на 1. јули.
Речиси е сигурно дека португалскиот стратег Жозе Мурињо нема да остане на Сантијаго Бернабеу, а се верува дека неговата ново-стара дестинација ќе биде екипата на Челзи. Според британскиот таблоид The Sun, Мурињо веќе се има договорено со лондонскиот клуб, а официјално како нов тренер на Челзи ќе биде претставен на 1. јули.

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович наводно му понудил плата на Мурињо од 11.8 милиони евра по сезона, а рускиот милијардер сигурно ќе мора да плати подеднакво висока, а можеби и повисока одштета на Реал Мадрид за раскинување на договорот со Португалецот.

Ова не го конзумирајте! ЌЕ ИЗГЛЕДАТЕ ПОМЛАДО


Храната има големо влијание врз изгледот, па така одредени производи позитивно влијаат на кожата, а некои производи толку лошо влијаат на организмот, што предизвикуваат предвремено стареење.

junkfood
Доколку сакате да го задржите младиот изглед на вашата кожа и тело, еве кои производи треба да ги избегнувате.
Шеќер
Постојат неколку причини зошто исхраната богата со шеќер ги прави луѓето постари. Вишокот на шеќер во организмот се врзува со колагенот, што кожата ја прави тврда и нееластична и придонесува за создавање брчки.
Незаситени масти
Како шеќерот, вишокот на незаситени масти ја прави кожата тврда и нееластична, а доведува и до затворање на артерии и помали крвни садови.
Сол
Солта го дехидрира телото, а кога сте дехидрирани станувате уморни и изгледате истрошено. Покрај тоа, солта придонесува за заболување на бубрезите, висок крвен притисок и му пречи на метаболизмот.
Кафе
Кафето и производите на база на кафе исто така, го дехидрираат телото и тие луѓе изгледаат уморно и истрошено.
Слатки
Шеќерот во слатките предизвикува воспаленија во телото, а кожата ја прави набрана и стара.
Вештачки засладувачи
Вештачките засладувачи поврзани се со главоболка и болки во зглобовите и често предизвикуваат желба за слатки.
Алкохол
Конзумирањето поголема количина алкохол го дехидрира телото, предизвикува создавање брчки, намалување на колагенот, црвенило и отоци.
Енергетски пијалаци
Енергетските пијалаци ја оштетуваат глеѓта на забите осум пати повеќе од содата. Оваа ерозија ги прави забите да изгледаат жолто и нездраво.
Јагленохидрати
Претерано консумирање јагленохидрати може да го намали количество на колаген и да ги оштети влакната во кожата.
Пржена храна
Пржената храна исто така придонесува за „намалување“ на колагенот во кожата и тоа ја прави со брчки и истрошена.
Сода
Консумирање на газирани пијалаци, полни со шеќер и сода, го дехидрираат телото, дебелеат и го заморуваат организмот.

Фото: Непобедлива љубов- и во гроб се држат за рака


Љубовта не познава граници, ниту време, ниту пак раса. Некоја љубовна приказна е тажна и повредува, а друга пак весела и ги прави луѓето да се чувствуваат среќни и исполнети. Што мислите, каква приказна стои зад овие два гроба од фотографиите?!

50000ljubov1
Овие гробишта се наоѓаат во Холандија. Во едниот гроб почива жена, која била католик, а во другиот нејзиниот сопруг, кој бил протестант.  Џ.В.Ц од Горкум се оженил со Џ.Ц.П.Н од Ајферден.
Меѓутоа, во 19-от век мешаниот брак предизвикувал проблеми. Иако жената сакала да биде закопана до нејзиниот сопруг, но тоа било невозможно. Па така поради големата желба да бидат вечно заедно и силната љубов која ја чувствувале еден за друг тие се одлучиле за единственото решение.
500000ljubov
Иако мажот бил закопан во протестантскиот дел, а од другата страна на ѕидот кој ги раздвојувал гробиштата била закопана жената, на католичката страна, тие повторно се заедно држејќи се за рака, а нивната љубов се покажа како непобедлива.
Парот се венчал во 1842 година во место каде живееле католици и помалку протестанти. Католичката жена била благородник, додека сопругот не бил. Нивниот спој сигурно се сметал за скандал во тој период. Сепак, бракот траел речиси 40 години, кога умрел сопругот.
По осум години починала и таа. Таа одбивала да биде закопана во семејната гробница и наредила споменик на местото кое го гледате на фотографиите. Таа лежи на едната страна, тој на другата, се уште држејќи се за рацете.

ФОТО: Оптички илузии од кои ќе ви се заврти во глава!


Оптичките илузии секогаш се интересни за гледање, но од овие фотографии ќе ви се заврти во глава!

iluzija
На Твитер се појавија овие интересни фотографии, кои ги објави еден корисник на оваа социјална мрежа.
Некои од оптичките илузии се толку интересни и необични, што ќе ви се заврти во глава кога ќе ги видите!
1iluzija
2iluzija
3iluzija
4iluzija
5iluzija
6iluzija
7iluzija

УЖАСНО: Зависник од бубачки - изел 5.000 бубачки


Дејвид Грејзер од Провиденс (САД) е зависен од јадење инсекти. Во изминативе 11 години тој пробал околу 5.000 различни бубачки, а меѓу омилените му се бубашвабите, скорпиите, и мувите во стадиот кога се кукли.

insekti
Во емисијата „Мојата луда опсесија“, меѓу останатото тој демонстрирал како со мрежичка лови инсекти и како безболно ги „убива“ замрзнувајќи ги.
Дејвид е оженет, татко на едно дете и работи како професот по англиски јазик. Тој има нормален живот, освен кога е во прашање необичната навика во неговата исхрана.
bubacki
-Ми велат дека сум луд, болен и мислам дека тоа значи дека не сум баш популарен, вели Дејвид.
Неговата сопруга Ким воопшто не е воодушевена од неговата наклонетост, за која смета дека со време е се посилна и дека прераснува во опсесија.  
insekti4
Сепак треба да се спомене и дека во подрумските простории имаат 20 различни вида на инсекти, вкупно 12.000 примероци кои Дејвид ги чува уредно спасувани во пластични кеси затворени со патент и тој ги смета за своја редовна залиха. 

Зошто не играше Меси?


Тренерот на Барселона, Тито Виланова по натпреварот со Баерн Минхен даде одговор и на можеби најважното прашање зошто реванш полуфиналниот натпревар во Лигата на шампиони, најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси го следеше од клупата за резерви.

mesi
Сите фудбалски фанови, а најмногу тие на каталонскиот гигант останаа во шок откако го причитаа првиот тим на Барселона и откако забележаа дека во истиот го нема аргенстинскиот интернационалец.
"Меси не беше повреден, но не се чуствуваше најдобро. Убаво размислив и сватив дека во таква состојба Меси не може да му помогне на неговиот тим. Играше против Атлетик Билбао, но беше во далеку подобра состојба, но по натпреварот не се чуствуваше баш најдобро. Ќе влезеше во игра доколку Барса имаше позитивен резултат и беше во состојба да се пласира во финалниот натпревар", откри Виланова.

Обичаи и верувања за Велики петок


Велики петок освен  Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна.

veliki-petok
Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус. Тогаш се оди во црквата каде што оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќето на „плаштеникот-оплакувњето Христово“. Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје.
На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така, се поставува и “„Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се  поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О