Месечен хороскоп за јули 2013 година

хороскопПрочитајте што овој месец ѕвездите ви приредуваат и како да се соочите со проблемите и останатите животни искушенија.



Овен

Работа

Доколку во овој период сте планирале годишен одмор, сте го избрале вистинскиот момент за тоа. Доколку морате да работите, ќе имате повеќе задоволство, па и некој вид на опуштање на работното место. Од почетокот на јули ќе ви се врати новата енергија и ќе имате нови идеи.

Љубов

Во првата половина на јули ќе бидете заинтересирани за послободни врски и забава. Доколку сте во врска, вашата љубов има тенденција навистина долго да трае. Некој близок повторно ќе се обидува да ве спои со личност од минатото. Во втората половина на јули ќе се двоумите помеѓу два партнери.

Здравје

Користете соодветна заштита од сонцето и ќе се чувствувате одлично.

Бик

Работа

Ве очекуваат убави промени. Можете да добиете преместување на подобро работно место, може да ја промените компанијата, да добиете зголемување на платата или да се вработите, доколку сте невработени. Финансиската ситуација ви е сè подобра и подобра.

Љубов

Јули ви овозможува неверојатни можности за остварувања на љубовен план, доколку сте осамени. Одењето на годишен одмор и патувањата носат преубава романса, која ќе ви ја врати насмевката на лицето. Познанството преку друштвените мрежи ќе премине во љубовна приказна, но и одредено познанство со необична личност преку близок пријател може да се преточи во прекрасна љубовна романса. Ве набљудува интересен Близнак

Здравје

Чувствителни сте на вируси. Настинка, синуси.

Близнаци

Работа

Постепено се враќате во старата форма. Ќе ве заинтересира и некој нов почеток и тоа низ партнерските односи, но овој пат од лично задоволство. Тоа е работа во која најдобро се снаоѓате. Дадена ви е втора шанса - искористете ја и не се двоумете.

Љубов

На почетокот на јули на вашето астролошко поле кое припаѓа на патувањата, блиските пријатели и роднини ќе престојува Венера, која инаку е владетел на вашиот љубовен живот, за во другата половина на месецот да премине во полето на вашиот дом. Почетокот на јули ви носи љубов со доминантен партнер, личноста која во нешто е посебна, грижлиав и успешна. Оние кои се во врска, односите се подобруваат, а со партнерот ве очекуваат прекрасни моменти и групни случувања.

Здравје

Виталност. Ве следи силна позитивна енергија

Рак

Работа

Јули ќе го обележи влегувањето на Јупитер во вашето соѕвездие, каде што ќе престојува наредната година. Ова е еден од поуспешните периоди за вас, кога ви се препорачува да се ангажирате колку можете повеќе на сите полиња од животот за да бидете поуспешни.

Љубов

Почетокот на јули донесува љубов, но во вашето соседство. Партнерот е ентузијаст, има изразена животна радост, реален е и успешен. Љубовта која сте ја започнале претходниот месец, на почетокот на јули ќе ви стане многу интересна. Ќе има и авантури без некое значење, но секоја од нив ќе биде убава на свој начин. Во втората половина на јули ќе започнете да контактирате со поранешниот партнер/ка.

Здравје

Обрнете внимание на исхраната. Навлегувањето на Јупитер во вашето соѕвездие, лесно може да донесе зголемен апетит и склоност кон дебелеење.

Лав

Работа

Ви пристигнуваат одлични резултати, врз основа на претходното залагање на работното место. Ќе имате поголеми можности за заработка и подобрена финансиска ситуација. Во втората половина на месецот не донесувајте важни одлуки.

Љубов

Јули е месец за излегувања, забава, дружење, нови врски но и патувања. Повеќе време ќе поминувате со пријателите, а преку нив ќе ги реализирате најинтересните љубовни случувања. Ќе има неверојатни интересни личности, а вие како типичен Лав ќе сакате да поминувате време со сите. За оние кои се во врска, ќе имаат сериозен разговор за брак.

Здравје

Оптимизам, добро расположение и виталност

Девица

Работа

Добро сте поддржани кога станува збор за кариерата, која е во фаза на поголеми остварувања. Сепак, во текот на јули ве очекуваат неколку предизвици на кои морате да обрнете внимание.

Љубов


Вашите желби и доживувања во текот на јули треба да ги преиспитате, но не донесувајте конечна одлука. Внатрешниот глас ви зборува дека не сте задоволни со долгата врска или брачниот партнер. Ова е чувство кое поминува. Седнете и запрашајте се дали вие самите сте придонеле за овие чувства и случувања. Подобро ќе ви биде малку да се промените и да имате повеќе разбирање.

Здравје

Нетрпение. Насочете се кон спортот

Вага

Работа

Јули ви донесува огромно количество на енергија. ќе бидете повеќе од вообичаено во движење, работејќи разни работи кои ќе ви донесат задоволство. Неочекувано и брзо унапредување, промени поради кои ќе бидете пресреќни.

Љубов

Одењето на пат и годишниот одмор ќе ви донесат познанство со личност која ќе има ексцентрично однесување и ексцентричен вкус. Оваа љубовна приказна врз вас ќе делува како будење и ќе ви донесе целосно опоравување, доколку сте доживеале емотивно разочарување во претходниот период. Љубовта која може да потрае ќе ја запознаете токму овој месец.

Здравје

Чувствителна кожа.

Шкорпија

Работа

Втората половина на јули за вас ќе биде навистина успешна и значајна. На полесен начин ќе ги остварите вашите намери на кои сте работеле веќе подолго време. Исто така, во овој период очекувајте вработување.

Љубов

Сето она што сте го криеле или што не ви било познато, за вас ќе биде вистински предизвик. Новата љубов ќе ја почувствувате со целосно непозната личност која не сте ја виделе никогаш во вашиот живот. Исто така, очекувајте враќање на старата љубов во вашиот живот. За оние „зафатените“, задоволство во брачниот живот.

Здравје

Оптимизам и силно чувство на задоволство.

Стрелец

Работа

Ќе бидете и повеќе од задоволни со самите себеси. Што и да работите и на што и да сте посветени, ќе успеете да дојдете до добра заработка. Патувањата исто така ќе ви донесат добивка и прекрасна забава. Во втората половина на јули ќе донесете важни одлуки за иднината.

Љубов

Уште од почетокот на јули ќе очекувате добри промени на љубовен план. На јавно место или на пат ќе ви се исполни желбата која долго време сте ја посакувале. Ќе има и љубов на прв поглед, со помлад партнер. Доколку сте во врска може да се соочите со раскинување, но и брзо смирување.

Здравје

Доколку добиете настинка, неопходно е да мирувате.

Јарец

Работа

Ќе заблескате во текот на јули. Ќе имате можност да бидете ангажирани за работи кои ги сакате и сакате да ги работите како и да дојдете до посакуваното преместување или вработување. Ви се враќа оптимизмот, полни сте со енергија и чувствувате дека ве следи среќата.

Љубов

Сето она што е за вас значајно на љубовен план ќе се случува на работното место или додека ги извршувате секојдневните активности. Неверојатно убав почеток ве очекува со партнерот кој доаѓа од друга земја или кој често патува. Неговиот оптимизам и леснотија со која пристапува кон животните случувања веднаш ќе ве привлечат.

Здравје

Добро здравје и брзо опоравување, доколку сте имале некои проблеми.

Водолија

Работа


Во неверојатен залет сте. На самиот почеток на месецот ќе имате доказ дека е можно да се исполни сето она што сте го мислеле, сакале и планирале. Во првата половина на месецот ќе имате поддршка од женска личност.

Љубов

Јули ќе биде обележан со старите симпатии, љубовта од минатото и врски кои биле прекинати во блиското минато. Старата симпатија која претходно не ви обрнувала внимание, сега ќе покаже значајна заинтересираност. Старата љубов ќе се обиде повторно да стапи во контакт со вас. Ќе ви треба време да се усогласите и да ја обновите врската.

Здравје

Ќе ви годи престојот на сонце. Не претерувајте

Риби

Работа

Во првата половина на месецот добро ќе ви дојде одмор, за потоа да навлезете во фаза на важни одлуки во врска со вашата кариера. Затоа прво договорете се сами што сакате, па потоа тргнете во реализација.

Љубов

Почетокот на месецот носи непланирани средби со личност која одамна ви е неостварена желба. До средба доаѓа на некое старо место или во старо друштво. Исто така ве очекува средба со влијателни и успешни личности. Овој период за вас ќе биде еден од поуспешните. Во втората половина на јули ве очекува врска со поранешната љубов. За оние кои се во врска или во брак, ве очекува напнатост којашто сте ја чувствувале веќе подолго време. За оние поупорните ќе се врати мирот во семејството.

Здравје

Реакцијата од претераното изложување на сонцето ќе се одрази на вашата кожа.

Секој ден има по 8 Македонци помалку и 13 Албанци повеќе

Поразителни демографски податоци објавува весникот Дневник во утрешниот број. Според официјалната статистика на Државниот завод за статистика, дневниот весник пресметал дека секој ден во Македонија има по 8 Македонци помалку од претходниот. Наспроти ова, расте бројот на населението од албанско етничко потекло. Секој ден, бројот на Албанците расте за 13 лица.
Според анализата на Дневник, лани умреле 14823 Македонци наспроти 11995 новородени деца од македонска националност, што значи дека бројот на мнозинскиот народ во земјава се намалил за 2828 лица.
Наспроти овие податоци, лани се родиле 8035 Албанци а починале 3416 што значи дека нивниот број се зголемил за 4619 лица.
Целата анализа прочитајте ја во Дневник

Без горештини цел месец - еве какво ќе биде времето до крајот на јули


Јога- корисна за срцето

Најновото истражување спроведено во Индија покажува дека секојдневното занимавање со јога може да биде многу корисно за здравјето на срцето. Резултатите од истражувањето спроведено на Индискиот институт за технологија го потврдуваат тоа што многу луѓе кои се занимаваат со јога веќе го знаат – дека таквата дисциплина помага во контролата и регулирањето на отчукувањата на срцето.
Во истражувањето учествувале 84 мажи кои доброволно се пријавиле за учество. Притоа, се покажало дека оние кои вежбале и дишеле онака како што налага јогата можеле да го контролираат парасимпатичкиот и симптичкиот нервен систем, на тој начин влијаејќи и на бројот на срцеви отчукувања.

Со подобра контрола на пулсот докажано е дека луѓето можат да се носат со различни облици на психолошкиот стрес, но и возбудувања од секаков вид, што многу корисно влијае на работата на срцето, а со тоа и на општата благосостојба.

Јогата исто така нуди и многу други бенефити – вклучувајќи и подобрување на психолошката состојба, подобрување на држењето, смалување на болките итн.


Браво за малата пијанистка Ивана Мазнејкова прво место во Минхен во јака конкуренција Браво за малата пијанистка Ивана Мазнејкова - прво место во Минхен во јака конкуренција

Вчерашната победа во нејзината категорија и овозможи на Ивана настап на вечерашниот концерт на победници, каде во конкуренција со сите победници од сите категории до 25 години, успеа да ја добие Специјалната награда за најдобра изведба на современ германски автор.

Ивана, која е ученичка во ОМУ „Боро Џони“, во Струмица, на натпреварот беше поканета како успешен млад пијанист кој зад себе има освоено 12 меѓународни награди.

На концертот кој се одржа во салата на Артур Рубинштај, се натпреваруваа учесници од Германија, Русија, Северна Кореја, Јапонија, Австрија Полска и други држави/ извор: vis.mk

Шекеринска избрана за заменик претседател на СДСМ

Делегатите на 15-тиот конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска едногласно ги усвоија предложените измени и дополнувања на Статутот, соопшти партијата. Со тоа, за заменик претседател на СДСМ едногласно беше избрана Радмила Шекеринска.

Голи фотки на социјалните мрежи за „like“ плус!


Голи фотографии на девојки кружат околу социјалните мрежи на интернет, и се тоа, само за неколку лајкови повеќе. Ваквата појава е се почеста, а највеќе е застапена кај нашиот северен сосед-Република Србија, каде девојките се фотографираат голи, а некаде дури и со своите родители. 



Сали Бериша го прифати поразот од социјалистот Рама


Веќе екс премиерот Сали Бериша синоќа сепа го профати поразот кој му го нанесе социјалистот Еди Рама и неговата коалиција. 


Екс премиерот за своето членство изјавил дека го прифатил поразот, а и дека е свесен за изборните резултати. 

Социјалистот Еди Рама победи со 53 проценти од гласовите, додека Демократите на Бериша со 36 проценти или 12 проценти помалку од изборите одржани пред 4 години.


М.В.

Граѓаните сакаат кислород во Центар!

По најавата за протест, револтираните граѓани се собраа на мирен протест наспроти хотелот Бристол во Центар, а со тоа повикаа да не се сечат дрвјата. 


Граѓаните нагласија дека сакаат да дишат чист воздух (односно кислород) а не да вдишуваат штетни гасови.

Од организаторите објаснуваат дека граѓаните на Центар потполно ги поддржале.

                                                                                           М.В.


Во САД „падна“ Законот за истополови бракови


Врховниот суд одлуката за укинување на Законот за заштита на бракот ја донесе со пет гласа „за“ и четири „против“. Укинувањето на Законот, со кој правата од социјалното и пензиското осигурување важеа само за хетеросексуалните бракови, се оценува како значајна победа на активистите за правата на хомосексуалците.

Денеска врховиот суд на Америка го „падна“ законот со кој бракот се официјализираше како заедница со лица од различен пол, па така во Калифорнија ќе се овозможуваат истополови бракови.

ЛДП, ЛП и СДСМ се спротиставија на екстерното, ВМРО ДПМНЕ „не бере гајле“


По реакцијата на ЛДП за „промашувањето“ на екстерното оценување, и големиот број апсурди, со соопштение се огласи и партијата на Ивон Величковски-ЛП. 


Во своето соопштение, ЛП прашува кој ќе поднесе одговорност за грешките и проблемите со екстерното, исто така, партијата напоменува дека проектот е погрешен.

И пареников Марјанчо Николов од партијата на Заев побара измена на Законот за основно и средно образование, а со тоа, екстерното во следните 5 години (вклучувајќи ја и оваа година) да биде прогласено за пробно.

М.В. 

УЕФА го претстави логото за Евро 2016

Три години пред почетокот на Европското фудбалско првенство кое ќе се одржи во Франција, УЕФА во Париз го претстави логото на континенталниот турнир.
Заштитниот знак го изработи португалската агенција Brandia Central која истата задача ја одработи и на минатогодишното првенство во Полска и Украина. На Европското првенство во 2016 година за прв пат ќе учествуваат 24 репрезентации. Ждребката за квалификациите ќе се одржи на 9 март следната година во Ница, а Европското првенство ќе се одржува од 10 јуни до 10 јули 2016 на десет стадиони ширум Франција.

Партијата на Бучко, Зиков и Минчо промовирана: најавуваат 100 000 работни места


Граѓанската алијанса за позитивна Македонија (АПМ) денеска беше промовирана во Скопје, а меѓу присустните можеше да се забележи и лидерот на ГРОМ, Стефче Јакимовски, потпретседателката на ЛП, претседателот Милетиќ на СНС како и претставници на други партии кои од неодамна започнаа да функционираат самостојно. 


Иницијаторите Бучковски, Зиков и Јорданов најавија нови 100 000 работни места, а со тоа, како што велат тие, ќе ја победат „белата чума“ која владее во Македонија.

Нивната партија е централна, а со концепт, тие ќе се борат да ги „превземат“ неопределените, а не како што велат тие, да растураат партии.

И од АПМ со сличен став како на партијата на Стефче (ГРОМ) ќе ги поддржуваат добрите потези на власта, но и ќе ја критикуваат. А за претседателот пак, медиумите шпекулираат дека местото ќе му припадне на новинарот Љубчо Зиков, но од партијата велат дека тоа ќе го одлучат на Конгрес.

М.В.

Срби уапсени поради шверц на хероин во Киндер јајца!


Белградската полиција после повеќемесечна акција во шумата на Кошутњак уапсила осумчлена група поради шверц на хероин во Киндер јајца, соопштило денес Министерството за внатрешни работи на Србија.

Уапсени се З.П. (1978), П.Ж. (1987), С.Ж. (1985), Ж.М. (1979), К.Ж. (1984) и Б.С. (1990).

Според изјавата на МВР на Србија, осомничените ја зголемувале масата на хероинот со парацетамол и пакетчињата со дрога од 0,5 грама ги пакувале во Киндер јајца и ги оставале на претходно договорени места на Кошутњак.

Од таму, лицата кои се задолжени за улична продажба, ја превземале дрогата и ја препродавале на последните купувачи на подрачјето на општините Раковица и Чукарица.

При апсењето се пронајдени 70 пакетчиња хероин со тежина од по 0,5 грама, а во еден стан други три пакети од по 500 грама дрога, која била сокриена во поставата на женска чанта.

6 годишно девојче испеа своја метал песна

Кога малите брат и сестра излегоа на сцената на Американскиот идол, никој не очекуваше дека ќе изведат авторска песна со таков жар и метал звук.

Не само што изгледаа слатко и невино за време на претставувањето, исто толку скромно и ги примија коментарите од жирито. Но, за време на изведбата тие звучеа страшно. Дури беа и прекинати од двајца судии, бидејќи се плашеа за гласот на 6 годишната “металка“.

Хајди Клум го викна родителот на сцената сакајќи да го запознае, а другиот судија, пак, беше заљубен во нив. Дали поминаа? Видете во видеото.

Мирен протест во Центар, граѓаните бараат да запре уништувањето на дрвјата

Со мирен протест и концерт, вечерва граѓанската иницијатива „Авангарда“ побара да запре сечењето на дрвја во општина Центар  и да се спаси последното зеленило што останаа во централното градско подрачје.
Протестот насловен „Кислород“ се одржа кај хотелот Бристол“, каде што сеуште трае борбата на граѓаните и властите, во која едните бараат да останат дрвјата во паркот до хотелот, а другите сакаат да изградат административна зграда.
На мирниот протест излегоа стотина граѓани, активисти и станари од околните згради. Тие се потпишуваа кај организаторот и најавија мобилизација доколку продолжи сечењето на дрвјата во Центар.

Актерката Кристен Бел го запроси своето момче

Актеркатa Kristen Bell направи исклучок од начинот на кој бевме навикнати машкото да ја запроси дамата. Таа на своето момче Dax Shepard т му понуди брак преку Твитер, каде што напиша статус : „Сакаш ли да се ожениш за мене?“. Сигурно избраникот бил пресреќен.

Алармантно: Се дрогираат од 8 години!

Алармантна е состојбата со конзумирањето на дрога, според невладините организации против дрогата, анализираат дека младите започнуваат да користат различни дроги уште на 8 годишна возраст, а подоцна тешко се „опоравуваат“ од тоа.

Со дроги се започнува најчесто од љубопитство, од желбата за докажување во друштвото, а се посега и во моменти на депресија или целосен неуспех во животот. Некои од наркозависниците се од дисфункциоанални семејства со најразлични семејни проблеми, најчесто поради развод на родителите. Но, има и такви од поимотни, средени семејства кои имаат сè во животот, но решаваат да земаат дрога.


Алармантно е што последниве години во Македонија и девет и десетгодишни деца, а има случаи и на осумгодишни деца, употребуваат дроги. Бројот на малолетни лица до 14 години само во Скопје е 40, а нивното лекување е многу тешко -, посочува Христијан Јанкулоски од невладината ХОПС.

M.В.

ФОТО: Погледнете ја новата куќа на Бил Гејтс

2Основачот на Мајкрософт и еден од најбогатите луѓе на планетата Бил Гејтс си купи куќа во Велингтон, Флорида, плаќајќи за неа 8.7 милиони долари.
Вилата била купена од Гејтс за неговата ќерка. Новиот дом на семејството е релативно скромен, споредено со другите имоти кои тој ги поседува. Куќата има површина од 600 квадратни метри и има четири спални соби.
Тој не е единствениот бизнисмен кој си купи имот во Велингтон. Претходно тоа го направија градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг и поранешниот шеф на „LA Dodgers“ Френк Макорт.
Еве како изгледа неговата куќа:

Ким дозна кои се вистински пријатели а кој не!

Ким Кардашијан, која пред неколку дена побара 11 милиони долари за еклузивни фотографии на нејзината ќеркичка, Норт Вест, вчера до американскиот портал ТМЗ испратила неколку фотографии, но на истите е фотографирано друго бебе.

Имено, свесна дека медиумите се желни да видат како изгледа нивната ќерка Норт Вест, Ким одлучила на своите пријатели да им прати лажни фотографии за да види кој од нив ќе ги продаде на медиумите.
Трикот и успеа. Некој од пријателите се обиде да ги продаде фотографиите на порталот ТМЗ, а Ким на тој начин откри кои и се вистински пријатели, всушност тоа и беше целта.
Кое е бебето на фотографиите се уште не се знае, но нивната Норт Вест дефинитивно не е.

Хороскоп: Кој е за во брак, кој не?

Некој полесно, други потешко се одлучуваат за брак. Едни бираат со разум, други со срце. Дел од хороскопските знаци уживаат во бракот, а дел се чувствуваат заробени.
Овен
Маж-Лесно се одлучува за брак. Не бега од одговорност и сака да доминира. Покрај себе, сака убава и паметна жена. Често се случува да не е верен.
Жена-Секогаш ќе ги подржува амбициите на партнерот, бидејќи покрај себе сака успешен маж. Склона е кон преголема љубомора и љубоморни напади.
Бик
Маж-Многу е посветен на жената и децата. Секогаш ќе се труди да им обезбеди најдобри услови за живот. Еден од најстраствените мажи во зодијакот.
Жена- Посветена на семејството и ќе се обидува секогаш да го сочува бракот. Многу е чувствителна и слаба на деца. Од мажот очекува да биде успешен и да и пружи матријална сигурност.
Близнаци
Маж-Близнакот не е најидеален партнер за брак. Животот со него може да биде многу убав, интересен и опуштен, но само ако покрај него има жена која нема да се врзе премногу за него. Од друга страна неговата жена ќе има целосна слобода. Многу е шармантен и сака да флертува.
Жена- Таа е малку „палава“, но во брак е подготвена да се промени. Често е приврзана кон својот маж. Често и одговараат мажи кои интелектуално и вербално ќе и одговараат.
Рак
Маж-Многу е трдиционален и приврзан кон своето семејство. Иако важи за идеален партнер, со него не е лесно да се живее. Неговата жена ќе мора да се бори со неговата мајка. Многу добар „домаќин“ е.
Жена- Чувствителна и верна на својот маж. Полна е со љубов и разбирање. Бара маж кој ќе ја заштитува. Лесно стапува во брак.
Лав
Маж- Сака на неговата жена да и е центарот на светот. Смета дека сите во куќата треба да му се подредени. Како родител не строг затоа што и тој е едно големо дете. Неговата жена мора секогаш да изгледа убаво.
Жена-Многу е организирана. За амбициозни мажи е одлична шанса. Нејзината појава предизвикува воодушевување. Многу е лојална и страствена.
Девица
Маж- Ќе биде највреден маж кој секоја жена го посакува. Не е посесивен, но ни особено страствен. Најдобро си одговара со жена Девица. Многу е конзервативен и не е многу романтичен.
Жена- Многу е аналитична. Доколку не се одлучи за брак од интерес, тогаш во бракот е чувствителна и полна со љубов. Од мажот очекува да биде одговорен.
Вага
Маж- Вистински уметник во љубовта, но сепак не му одговара брачниот живот. Тешко се прилагодува. Го привлекуваат жени кои се грижат премногу за својот изглед. Многу е страствен и одличен љубовник е.
Жена-Таа е многу привлечна и женствена, секогаш има многу додворувачи. За неа фантазираат сите мажи. Не сака да обавува домашн обврски. Мажот мора да ја разгалува и да и обезбеди луксузен живот.
Шкорпија
Маж- Многу е посесивен и љубоморен. Тешко да имате среќен брак со него. Жената треба постојано да му ја докажува својата љубов.
Жена- Многу серизоно му пристапува на бракот. Партнерот го бира со срцето не се разумот. Очекува бескрајно да биде сакана. Многу е енергчна и страствена.
Стрелец
Маж- Роден авантурист и во животот и во љубовта. Неговата жена мора да биде забавна и да знае да се снајде без него. На љубовта гледа поинаку од сите други луѓе.
Жена- Многу е мудра и пријателски насочена. Во бракот не поднесува монотонија . Потребен и е некој кој ќе успее да ја забавува.
Јарец
Маж- Најчесто е посветен на кариерата и во бркот влегува покасно. Покрај него жената ќе се чувствува сигурно, но нема да биде емотивно исполнета. Тој бара доминантна жена.
Жена- Таа е создадена за мажи кои сакаат мирен семеен живот. Верна е, но, е многу воздржана, ладна дури некогаш и антипатична. Не умее да покажува емоции.
Водолија
Маж- Непредвидлив маж кој не е идеален за брак. Неговата жена мора да биде мистична за да го задржи неговото внимание.
Жена- Многу е едноставна, необична и пријателски насочена. Од бракот бега додека не се појави вистинскиот. Во кујната не се снаоѓа баш најдобро, но затоа пак многу лесно ги искажува емоциите. Склона е кон авантури.
Риби
Маж- еден од најдобрите кандидати за брак. На својата жена е подготвен да и ја исполни секоја желба. Најмногу време поминува со семејството.
Жена- Бара јак маж со кој може да ги оствари сите фантастични желби. Од бракот не се откажува лесно.

Цеца го постави рекордот за продадени карти!


 На концертот на Цеца се очекуваат 90.000 луѓе!

- Цеца на четиричасовниот концерт ќе изведе околу 50 песни. Ќе бидат подигнати и шест кули, а се ќе има изглед на мал град во кој публиката ќе учи. Над бината ќе биде поставен екран со димензии 60 пати 30 метри - вели Александар Милиќ Мили.
Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ на 28 јуни (Видовден) ќе одржи концерт на “Ушче” и со таа прилика се очекуваат 90.000 луѓе од целиот свет! Имено, пејачката ветува вистински спектакл, кој ќе трае четири часа, и со таа прилика ќе изведе околу 50 песни. Бината е веќе постаена, а планирано е да се подигне и вистински мал град. На ливадата ќе бидат и шест кули, а разгласот ќе биде милион вати.
- На концертот ќе бидат 90.000 луѓе, но и многу кои што ќе слушаат надвор од оградениот простор. Бината во облик на сонце е долга 90 метри и широка 60, додека нејзината висина ќе биде речиси 15 метри. Над бината ќе има екран со димензии 60 пати 30 мери и за секоја песна има одредена анимација - вели Александар Милиќ Мили.
Концертот ќе трае четири часа и во текот на таа прилика Цеца ќе отпее околу 50 песни, вклучувајќи и некои што до сега не ги извела. Да ве потсетиме, пејачката неодамна го промовираше својот спот за нумерата од новиот албум под наслов “Da raskinem sa njom”.
 
 

Видео упатство: Најзаводливите мачкесто нашминкани очи

Мачкесто нашминканите очи станаа заштитен знак на многу девојки во последните две декади, а се совршена жешка шминка и за овие врели летни ноќи.
Со помош на црно моливче за очи издолжете го и заострете го окото, како на мачка, и инстантно ќе добиете интензивен поглед и подигнување на окото.
Една од љубителките на овој начин на шминкање е Kate Moss. Па кој е подобар трендсетер од овој незаменлив модел?
Еве детално упатство како ова лето да ги имате најзаводливите мачкести очи:

ВИДЕО: Романтично запросување во авион

Оригинално и романтично. Американецот Адам, ја запроси својата девојка Тајрин, на навистина автентичен начин.

ГАЛЕРИЈА: Кина гради чудесен хотел во каменолом

Работите на луксузниот хотел со пет ѕвезди, кој ќе биде „вграден“ во напуштен каменолом длабок 100 метри, започнаа во подножјето на планината Тјанменшан во Кина.
Овој 532 милиони долари вреден проект го дизајнираше британската компанија Аткинс. Луксузниот хотел ќе има 380 соби на 19 катови, од кои два ќе бидат под вода.

Остатокот од хотелот ќе биде вграден во планински терен, а гостите ќе може да се бават со водени спортови на езерото и да ги користат карпите за искачување, но и да изведуваат банџи џамп скокови.

Се очекува изградбата на ова „чудо“ да трае 3 години, а цената за преноќување ќе биде околу 300 долари.

Двата подводни спратови ќе имаат аквариум со стаклени ѕидови, кои ќе служат како прозори за ресторани и сали.

Исто така, гостите ќе имаат поглед на 100 метри високиот водопад од своите соби.

Хотелот е дел од многу поголем проект за изградба на Шимао Шангај Вондерленф тематскиот парк.

Ја немаше, но сега се враќа прекрасна како и секогаш

Бар Рафаели повторно ги покажа своите облини поради кои воздивнуваат мажите ширум светот. Прекрасната Бар Рафаели во текот на изминатата недела сними едиторијал за модната куќа "Passionata", па на тој начин уште еднаш потсети дека е сопственичка на совршено тело, "украсено" со прекрасни облини.
Имено, Бар одредено време паузираше од снимањата, па нејзините фанови беа загрижени дали повторно ќе можат да ја видат во, за неа добро познатото секси издание.

Но, на големо задоволство на сите нив, таа се врати, сексапилна и прекрасна како и секогаш, а во тоа може да се уверите и од фотографиите во продолжение.







ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О