Погледнете ја една од најскапите луксузни јахти - „Нирвана“

Луксузната јахта Нирвана е понудена за продажба по цена од 200 милиони фунти. Со оглед на тоа како е опремена, воопшто не зачудува што е предмет на вистинска војна на наддавање меѓу руските и арапските богаташи.

Едвај неколку јахти биле проценети над оваа јахта која е стара една година. Како што кажува и самата компанија преку која јахтата е понудена на продажба, постои огромен интерес за неа, но уште не е склучен договор со никого.

Јахтата е толку голема што има базен долг 7,5 метри, но тоа е само почетокот на она што ве очекува во неа. Овде ќе најдете луксузно опремени простории, во кои се наоѓа едно кино во може да гледате филмови во 3D.

Во рамки на јахтата има посебна палуба одвоена за сопственикот кој може да ужива во посебно одвоен простор за сончање.



Поради iPhone5 почина уште една жртва!

Пред две недели во Кина се случи голема трагедија кога Ма Аи Лун 23 годишна девојка го загуби животот од струен удар откако се јавила на смартфонот iPhone 5 додека тој бил ставен на полнење.
Сега сличен инцидент е пријавен и во Австралија каде девојка на возраст од 20 тина година добила струен удар од својот смартфон.
За среќа таа го преживеала струјниот удар и се наоѓа во стабилна состојба. Според службите за безбедност во Австралија од почетокот на годината се пријавени над 200 случаи на струјни удари предизвикани од мобилен телефон.
Apple повторно излезе со предупредување до корисниците да употребуваат исправни и оригинални полначи и додатна опрема за своите iPhone 5 смартфони.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

Антиќ со годишна плата од 1,2 милиони долари во Хоукс

Првиот Македонец во најсилното кошаркарско првенство во светот НБА, во првата сезона од настапите во својот нов клуб Атланта Хоукс ќе заработи 1.200.000 долари, соопштува порталотhoopsworld.com.

Перо Антиќ потпиша договор 1+1, а во втората сезона треба да заработи 1.250.000 долари или вкупно 2.450.000 долари. Постои опција за продолжување на договорот за уште една сезона во која македонскиот кошаркар ќе добие дополнителни 1,56 милиони долари.

Најскапо платен играч во составот на Хоукс е Ал Хорфорд, кој ќе во наредните три сезони ќе заработи по 12 милиони долари годишно.

Температурите во БиХ достигнаа 50 степени

Високите температури во Босна и Херцеговина, кои вчера го надминаа 40-от степен, денеска достигнаа 50 степени целзиусови и го растопија асфалтот по патиштата.
На централниот плоштад во Бања Лука денеска беше измерена температура над 50 степени целзиусови, а под сенките на градскиот парк термометрите покажаа 43 степени.

Вечерва големо поскапување на горивата, дизелот останува непроменет!

Бензините поскапуваат за 1 денар и половина, цената на дизелот останува иста. Регултароната комисија за енергетика ги објавиновите цени по кои бензините ќе се точат од полноќ.

Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува 70 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар и ќе се продава за 58,5 денари за литар.

Се намалува и малопродажната цена на мазутот и тоа за 0,176 денари за килограм и ќе се продава по 41,70 денари.

Утре пеколни 41 степени

Посвеж воздух кој ќе се спушти на територијата на Република Македонија, вечер ќе овозможи освежување и паѓање на температурата од пет до шест степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје попладне се очекува локален дожд, грмежи и засилен ветер.
За утре во попладневните и ноќните часови, се најавува локално нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, ќе има и во текот на утрешниот ден, но проследени со високи температури.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 22 степени, а дневната од 35 до 41 степен.

Во петок температурата до 46 степени!?

Вистински горештини следат оваа недела, во петок темпертаурите до 45 степени според puls24!

Верати поднесе барање за заминување од ПСЖ

Италијанскиот интернационалец и член на Пари Сен Жермен, Марко Верати (20), поднесе барање до клубот за да го напушти клубот, пренесуваат француските медиуми.

Верати, којшто му се придружи на ПСЖ во 2012-та година од таборот на Пескара, има важечки договор со парискиот клуб до 2017-та година.

Наполи и Фиорентина се приклучија во отворената трка за неговиот потпис, по импресивната сезона која ја имаше во дресот на Светците.

Менаџерот на Верати, Донато ди Кампли, изјави дека Верати по синоќешниот неуспешен разговор со челниците на ПСЖ, побарал да си замине од клубот, но не било прифатено неговото барање.

ФОТО: Хорор моментот на секој матурант!

Ако имавте партнерка за матура, знаето зошто. :)

Фокус: Кои ќе бидат кандидати за претседател на Македонија?

Новиот број на неделникот „Фокус“ објави имиња на неколку можни кандидати за престојните избори за претседател на Македонија, кои треба да се одржат наредната година.

- Професорот Јове Кекеновски е самоуверен дека има големи шански да победи во ВМРО-ДПМНЕ, без разлика дали како портивкандидати ќе му бидат актуелниот министер за финасии Зоран Ставрески и Срѓан Керим, пишува весникот.

„Фокус“ тврди дека најсериозни кандидати за претседателската трка во СДСМ се поранешниот гувернер Петар Гошев и универзитетскиот професор, поранешен советник за национална безбедност, Стево Пендаровски.

Независен кандидат во претседателската трка, според весникот би можел да биде и бизнисменот Трифун Костовски.

„Фокус“ во игра како кандидат за претседател го става бизнисменот Минчо Јорданов, од партијата ГРОМ.

Аква паркот во Скопје доби безжичен интернет

SunWireless потпиша договор со менаџментот на Спортскиот Центар “Борис Трајковски“ со кој стана ексклузивен Wi-Fi провајдер во скопскиот “Аква Парк“ кој беше отворен во неделата.-Големо задоволство ни е што добивме шанса нашиот сервис да го направиме достапен и за посетителите на Аква Паркот кој несомнено претставува уникатен објект за забава и релаксација и е вистинска атракција во главниот град, па максимално ќе се потрудиме да ја оправдаме довербата и да ги задоволиме потребите и очекувањата на сите посетители на Аква Паркот – изјави Весна Стојановска од менаџерскиот тим на SunWireless.
Со овој договор сите посетители на Аква Паркот во Скопје ќе имаат можност да користат првокласен сервис за брз, стабилен и безбеден безжичен интернет од најголемиот македонски Wi-Fi провајдер, кој исто така ги обезбедува и Аеродромите на ТАВ, најголемите хотели, автобусите на ЈСП-Скопје, студентските домови и сите поголеми и поелитни кафичи и ресторани со преку 550 хотпотови низ целата држава.

Почина бебето Најден

Почина бебето Најден, новороденчето кое во јануари беше најдено со отсечен јазик фрлено во грмушки во двор во Арачиново.
“Најден почина ноќта меѓу саботата и неделата во три часот, едноставно срцето престана да му работи, како да доживеа инфаркт. Сето она што претходно му било направено си го направи своето, бебето имаше преживеано преголема траума, дополнително и тоа што му ставивме трахеостома, се подготвувавме да му ставиме и гастростома за да го храниме. Премногу работи му се собраа, премногу траума. Не можеше повеќе”, изјави за “Нетпрес” доктор Аспазија Софијанова, директорката на Детската Клиника, додавајќи информацијата за неговата смрт е објавена дури денеска бидејќи вчера ниту таа не била способна да зборува за згаснувањето на животот на Најден.
“Жалам како за свое дете”, додава директорката на Детската Клиника која во изминативе месеци покажа несебична грижа за Најден и безусловна подготвеност да му се помогне на секој начин.

Попоски: Грција не е заинтересирана за решавање на спорот со името

Грција има други приоритети и сега не е заинтересирана за решавање на спорот со името, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски. За тоа дали има некаков нов развој во спорот со името, во разговор за Радио Слободна Европа, Попоски вели дека Македонија се обиде да внесе некаква динамика во процесот и е заинтересирана за тоа што ќе слушне од Атина.

- Всушност, ние во моментов повеќе сме заинтересирани што ќе слушнеме од Атина, бидејќи Атина е причината што ние не можеме да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ веќе неколку години, и покрај позитивните препораки. Ние се обидовме да внесеме некаква динамика во тој процес, кој се одвива под покровителство на господин Нимиц. Очекуваме  да го подигнеме нивото, да се вклучат премиерите на двете земји, поголема политичка посветеност и Македонија веќе да не биде држена како заложник во евро-итеграцискиот процес на регионот, изјави министерот Попоски.

Силувани над 100 жени во текот на протестите во Каиро

Околу 100 жени биле жртви на сексуални напади на плоштадот Тахрир во текот на протестите против египетскиот претседател Мохамед Морси, соопшти Хјуман Рајтс Воч (ХРВ).
Оваа организација издаде соопштение, повикувајќи се на податоци од Египетската операција против сексуално вознемирување и напад која ја води СОС линијата за жртви на сексуално насилство, во кое се наведува дека имало 46 такви напади врз жени во неделата, 17 во понеделникот и 23 вчера.

Неколку жени биле оперирани по нападот, некои биле претепани или нападнати со ножеви бидејќи насилниците успеале да го искористат недостигот на безбедносна контрола и можеле да поминат неказнети, додека други наведуваат дека нападите биле организирани да ги заплашат жените за да ги исклучат од протестите.

Еволуцијата на Nike

1965: Брендот е роден
Nike е основан во 1965 година, оригинално под називот BRS, од атлетичарот Фил Најт од Универзитетот од Орегон и неговиот тренер Бил Боуерман. Компанијата на почетокот работела како дистрибутер за јапонски производител на спортски обувки, но брзо пораснала. Во 1966 година, BRS ја отвора првата продавница во Санта Моника, Калифорнија.
1970: Nike го надминува Adidas
Фокусирајќи се за креирање обувки за широка палета на спортови, Nike во 1970 година го надминува Adidas и станува бренд без директна конкуренција. Ова трае до осумдесеттите и конкуренцијата со Reebok.
1971: Претставен е Nike дизајнот
Првата патика која го носела легендарното лого какво што го знаеме денес била „копачка” за фудбал во 1971 година. Откако деловните односи со јапонската компанија Onitsuka Tiger биле прекинати, компанијата лансирала сопствена линија патики на кои го поставила логото Nike.
1978: BRS официјално се преименува во Nike
По преименувањето на компанијата во Nike, спонорствата на познатите спортисти стануваат клучната маркетинг алатка на Nike која ja гради сликата за брендот.
1980: Eкспанзија на производството
До 1980 година, Nike ja шокираше конкуренција освојувајќи 50% удел од пазарот на патики во САД, а ја прошири производната линија опфаќајќи нови спортови, како и региони низ целиот свет.
1984: Nike потпишува договор за спонзорство со Мајкл Џордан
Брендот привлекуваше внимание со спонозрирање на познати спортисти, но најголем публицитет на брендот му донесе потпишувањето на договорот со Мајкл Џордан во 1984 година. 
1987: Apple го тужи Nike за 15 милиони
Поради неовластено користење на песната Revolution на Битлси во реклама, Nike беше принуден да плати 250.000 долари на Capitol Records, кои ги поседуваат правата на песните на групата. Аpple исто така се обиде да профитира од ова, тужејќи го Nike за 15 милиони за употреба на песната без нивно одобрение, но тужбата била повлечена благодарение на  Јоко Оно, вдовицата на Ленон, која поседувала акции во Apple.
1988: Роден е “Just Do It”
Nike и маркетинг агенцијата Wieden+Kennedy креираа многу успешни ТВ и принт реклами, но ниедна не беше поуспешна  од фразата употребена во кампањата од 1988 година “Just Do It”.
1990: Nike e жестоко критикуван за експлоатација на детски труд
Во 90-тите, Nike се соочи со жестоки критики за употреба на детска работна сила во фабриките за фудбалски топки во Камбоџа и Пакистан.
1995: Nike потпишува долгорочни договори со FIFA
До 1995 година, Nike за своите кампањи ги користеше партнерствата со фудбалските репрезентации на Бразил и САД, а во Англија со фудбалскиот клуб Арсенал.
2006: Извршниот директор Перез го напушта Nike
На 26-ти јануари, извршниот директор Вилијам Перез ја напушти компанијата поради несогласувања, а беше заменет од Марк Паркер кој дојде во Nike во 1979.
Nike денес

Кога стигнааа да направат Jailbreak на iOs 7

Хакерската заедница не мирува и ако обично досега се чекаше да излезе целосната верзија на одреден софтвер, овој пат програмерите се избрзаа и направија Jailbreak на бета верзијата на iOs 7.
 
 
Новиот оперативен систем iOs 7 на Apple сеуште не е официјално излезен, а хакерите веќе му ги најдоа слабостите и успееа да направат Jailbreak, односно да го отклучат софтверот и со тоа да добијат пристап до системските фајлови, како и слобода да инсталираат апликации од неофицијални сајтови.
 
 
На овој начин прават и мала грешка бидејќи Apple ќе има доволно време до официјалното лансирање на iOs 7 да ги најде сите пропусти и грешки и со тоа последната верзија да биде многу тешка за пробивање. Тогаш сите корисници нема да имаат можност да ја добијат вообичаената слобода за iOs

Androidly - паметен часовник на Android

Сите кои сакаат да користат Android апликации на зглобот од раката, наскоро ќе можат да го пробаат паметниот часовник што го претстави компанијата Androidly, пишува Cnet.

Часовникот развиен од тимот четири Британци, дозволува користење на апликациите како Facebook, Twitter, Gmail, Google maps, иако апликациите дизајнирани за Ice Cream Sandwich или Jelly Bean за уредите со висока резолуција не се подржани. Сепак останатите стотина илјади апликации се подржани и без проблем може да се користат.
Инаку уредот има екран од два инчи со резолуција од 320x240 пиксели, 256 мегабајти меморија, камера од 2 мегапиксели, GPS и може да се користи за разговори.
Функционира на Android 2.2 и постои можност за зголемување на меморијата со SD картичка.

До четрврток сончево и топло, за викендот дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 25 до 32.
Во Скопје слично време, со температура до 30 степени.
Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8.
До среда и четврток ќе се задржи стабилно и топло време со повисоки температури до 35 степени. 
Кон крајот на неделата, односно во петок  и деновите од викенд попладне повторно се очекува нестабилно време со дожд и грмежи.

Груевски се сретна со кинескиот претседател Кси Џинпинг

Кинескиот претседател Кси Џинпинг се сретна со македонскиот премиер Никола Груевски кој е во посета на Кина.

Кси, како што јави агенцијата Хсинхуа, изјави дека Кина придава големо значење на билатералните односи и е подготвена да ги подобри врските со Македонија врз основа на меѓусебно почитување, додавајќи дека билатералната соработка напредувала без проблеми во последниве години.

Агенцијата ги цитира зборовите на кинескиот претседател дека неговата земја е подготвена да ја зголеми значително размената со Македонија и уште повеќе да ја подобрува билатералната соработка, како што ќе се промовира развојот на врските.

Македонскиот премиер ќе присуствува на конференција за локалните лидери од Кина и на централно и источно европски земји, што се одржува во југозападната кинеска општина Чонгкинг од 2-4 јули.

Кинескиот претседател Кси изјави дека Кина е подготвена да ја промовира соработката со централно-источно европските земји за да се постигнат суштински резултати, додавајќи дека економиите на Кина и земјите од централно-источна Европа се комплементарни.

Македонскиот премиер, според агенцијата Хсинхуа, исткнал дека Македонија ја цени поддршката на Кина и е подготвени да ја зајакне билатералната соработка во областа на политиката, економијата и културата.

Груевски рекол дека Македонија ги поздравува кинески инвестиции во земјата и оти е подготвена да делува како порта за кинеските компании да влезат во Европа.

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Малопроданите цени на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното се зголемуваат за половина денар
Според Одлуката на Регулаторната комисија за  Енергетика, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 78,50 денари за литар, на Еуропсупер БС-98 ќе изнесува 80 денари, на Еуродизелот 67 денари за литар и на Екстра лесното масло за домаќинство 56 денари за литар.
Се намалува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 40,4 денари за килограм.

Сагата со Терминатор заврши, последниот дел излегува во 2015

Новиот филм од серијалот "Терминатор" ќе излезе на 26 јуни 2015 година, соопшти киностудио Парамаунт...

Судбината на новиот филм, кој е петти во серијата, беше несигурна во последната година. По успехот на "Терминатор: Спасување" се зборуваше дека се работ на петти филм по ред и дури беше одреден режисер, Џастин Лин, кој сепак на крајот се откажа од проектот.

Потоа вестите секнаа и обожавателите на серијата се прашуваа дали на крајот ќе има петти дел. Но по интервенцијата на Парамаунт изгледа проектот повторно се работи со полна пареа, соопштува "Холивуд репортер".

Излегувањето на филмот во текот на летото 2015 година е амбициозен потфат имајќи во предвид информации за уште неколку филма, кои ќе излезат на екран токму тогаш. Меѓу нив се "Денот на независноста" 2 и "Одмаздници" 2, "Пиратите од Карибите" 5 "Војна на ѕвездите: Епизода VII". Може да се каже дека тоа ќе биде летото на продолженијата.

"Терминатор" 5 нема да има посебен филм или продолжение на "Терминатор: Спасување", туку ќе биде дел од една сосема нова трилогија со сосема нов заплет. А учеството на поранешниот гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер изгледа сигурна гаранција за успех на филмот.

Хакерски напад на Инстаграм!

"Чудесна овошна диета", е насловот на големата спамерска акција која ги нападна корисниците на Инстаграм и ги собра лозинките на некои од нив...

"Ослабете на чудесен начин, со овошна диета!", вака некако, со фотографија од корпа полна со овошје, гласела пораката која корисниците, заедно со уште неколку линкови, ја затекле на своите адреси, а која наместо нив ја оставила спамерската мрежа која го "пробила" безбедносниот систем на Инстаграм.

Друштвената мрежа за размена на фотографии и кратки видео записи, која има 130 милиони месечно активни корисници беше нападната на 29 јуни и поединечни корисници морале да ги заменат своите лозинки.

Порталот The Next Web наведува дека корисниците ширум светото веќе добиле мејлови од Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук, да ги заменат своите лозинки, за да го избегнат губењето на своите адреси или содржини на нив.

Инстаграм се огласил, и потврдил дека спамерски напад навистина се случил и дека е погодена "мала група на Инстаграм корисници". Тимовите од Инстаграм работат на отстранување на овој проблем.

Северина ги збудале фановите со својот ултра секси стајлинг!

По повод примањето на Хрватска во ЕУ оваа сабота во Дубровник се одржа концерт каде како ѕвезда на вечерта настапуваше Северина.
Освен што добро ја расположи публиката со своите хитови, подеднакво ја разгоре атмосферата со ултра сексапилниот стајлинг на кој никој од присутните не останал равнодушен.
Почувствувајте ја атмосферата преку нашата галерија:
Severinin seksi nastup raspametio Dubrovčane



Девојчето кое на 16 години го промени светот

Елиф Билгин е 16-годишно девојче од Турција кое Scientific American го прогласи ја прогласи за победничка на овогодинешната награда „Наука во акција“ доделувајќи ѝ награда од 50.000 долари, поради нејзиниот изум кој ќе го реши еден од големите проблеми на денешницата.

Елиф тоа го заслужи поминувајќи две години во усовршување на добивање на биопластика од лушпата од банана. Сега, кога тоа најпосле ѝ успеа, нејзината постапка може да се искористи за добивање на еколошки прифатлива пластика која полесно се разградува, независна од нафтата и попогодна за еко-средината, а ќе се користи за изолација на кабли.

„Што се однесува до мене, ова значи дека мојот проект има потенцијал да стане решение на големиот проблем со загадувањето кој го предизвикува обичната пластика. Исто така, значи дека сум започнала процес на менување на светот, поради што веќе се чувствувам како победничка“, изјави Билгин.

Верувале или не: Фејсбук го знае вашиот телефонски број!

Фејсбук ги превзема без претходно предупредување телефонските броеви на оние кои симнуваат андроид апликација за оваа социјална мрежа, па дури и кога немаат Фејсбук профил, дури и да не се пријават за апликација и сеедно дали ќе го споделат експлицитно својот телефонски број.

Овој гаф е пријавен од провајдер на софтвер за безбедност, а потврден е и од страна на Фејбук. Компанијата известува дека проблемот ќе биде решен во иднина, кога ќе се лансира понова верзија на апликацијата.
Симантек е провајдер на софтверот и во својот блог објаснуваат дека безбедносниот софтвер кој трага по апликации кои ја загрозуваат приватноста, стигнал до Фејсбук андроид апликации кои ги превземаат телефонските броеви од уредите каде се инсталирани без прашање. Потпаролот на Симантек изјавил дека било кој смартфон со андроид систем би можел да претставува извор на проблеми.

Прв пат кога ќе инсталирате Фејсбук апликација, дури и пред да се логирате, вашиот телефонски број ќе биде испратен преку интернет до серверот на Фејсбук во базата на податоци, пишува на блогот на Симантек.

Skype ќе биде интегриран во Windows 8.1

Според извори на The Verge финалната верзија на Windows 8.1, која ja очекуваме на есен, нема да ја вклучува апликацијата за разговори Messaging.
Апликацијата Messaging  ќе биде заменета од страна на Skype кој ќе биде интегриран во Windows 8.1. Новата интеграција на Skype ќе им овозможи на корисниците да одговараат на гласовни и видео повици и од заклучен екран на уредот. Како целина Skype ќе продолжи да работи како и досега.

Прилепчанец продавал дрога

Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против А.Т.(22) за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 5-ти јуни во прилепската населба „Рид“, пријавениот на три лица им продал наркотична дрога „марихуана“ за паричен надомест од 200 денари, а при извршен преглед во возило во кое се превезувале лицата е пронајдено 0,86 грама наркотична дрога „марихуана“. (Крај)

Албафон - нов мобилен оператор со префикс 073

Aлбафон е новиот и четврти мобилен оператор во земјава. Стартува со работа како виртуелен оператор, ќе ја користи мрежата на ОНЕ. Ќе носи префикс 073 а со продажба на картичките ќе започне од август.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О