Попова Шапка: Оваа недела се очекува да наврне 1 метар снег!

Според прогнозите на Snow Forecast, до следната недела се очекува голема снежна покривка на планината Попова Шапка на која наврна првиот снег во Македонија. Засега има дваесет сантиметри снег и постојано расте, аналитичарите сметаат дека ќе има изненадување оваа година. Дали навистина ја зборуваат вистината ќе погледнеме во следните неколку дена, прогнозата за снег токму таму вели дека снегот нема да престане се до следниот викенд. Подгответе се за зимската сезона, бидејќи пристига!

18:00 часот Недела 24 Ноември
18:00 часот Недела 24 Ноември



Мајчинска љубов што ја расплака цела планета


Вард Мајлс Милер денес e здраво и прекрасно 16 месечно бебенце кое ужива да си игра со семејното куче. Но, тој се родил 15 недели предвреме и првите 107 дена од животот ги поминал на интезивна нега на неонатален оддел. Неговите родители, Луси и Бенџамин не знаеле дали нивното синче ќе преживее.


Борбениот дух на малиот Мајлс го расплака светот откако на интернет беше поставено кратко видео од првата година од неговиот живот. Видеото го направил таткото Бенџамин како подарок за роденденот на мајката.

Таткото кажува дека тој и неговата сопруга поминале низ многу тешкотии. Им било кажано дека Мајлс има крварење на двете страни од мозокот и дека можеби никогаш нема да прооди. Но, за среќа денес Мајлс е совршено здрав и ужива во своето детство. Погледнете го видеото и запознајте го храброто момче!

"Секогаш слушајте ја сопругата" - овој старец ја има формулата за успешен брак



Џон и Ен се пример дека вистинската љубов постои и трае вечно. Старецот кој има 102 госини и неговата 4 години помлада сопруга се венчале во далечната 1932 година во Њујорк откако се заљубиле еден во друг на прв поглед.
Денес зборуваат како го живееле американскиот сон. По венчавката отвориле работилница и напорно работеле за да ги прехранат петте деца од кои најстарото има 80 години.

Шеќеринска: Власта е во паника


Власта ја фаќа нервоза и паника од успехот на нашата кампања, вели заменикот-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, која во Велес ја презентираше програмата „Да ја вратиме средната класа“.

„Наша цел е да понудиме на алтернатива во оваа држава. Факт е дека ова предизвикува позитивни реакции кај граѓаните, но е и факт дека ја прави власта многу нервозна. Како никогаш досега се изнаслушавме навреди, неаргументирани обвинувања, напади и лаги. 


Пред некој ден дури не прогласија и за непожелни во овој град. Каде тргна Македонија, кога власта си дозволува и се чувствува моќна да прогласува подобни и неподобни граѓани во сопствената држава. Во ситуација кога 81 отсто од младите на Велес сакат да го напуштат
градот и државата, сакаме да понудиме алтернатива на сигурност, на почитување.

 По нашата промоција на програмата со која нудиме повраток на 15 отсто од ДДВ, власта не' плукаше две недели, нашиот предлог бил невозможен, несериозен. По толку време плукање излегоа со нивно решение: наградна игра, за собрани фискални сметки. На нашата реална понуда и програма тие одговараат со нервозни реакции“, рече Шекеринска.

Татко трол

deca

19 мртви и 150 загинати

zaginati

Прашај ја мајка ти

znae

Плавуша и црнокоса се шетаат во шума…

sega

Ограбена куќата на Мајли Сајрус

Еден ден пред 21 роденден на актерката и пејачката Мајли Сајрус ограбена е нејзината куќа во Калифорнија.

Според локалната полиција ниту еден од членовите на нејзиното семејството не биле во куќата кога крадците ги земале накитот и другите вредни работи.
Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

Xbox One стигна до 1 милион продадени примероци

Компанијата тврди дека нејзината конзола, која беше лансирана во 13 земји, исто така стигна до бројката од милион продадени примероци за помалку од 24 часа.

Со ова го собори рекордот што го постави претходникот Xbox 360 и претставува нов темел за конзолата на Microsoft.
Од друга страна, PS4 стигна до бројката од продени милион примероци само од продажбата во Северна Америка веднаш по лансирањето на 15 ноември. Конзолата во Европа и во Австралија ќе се појави во 29 ноември.
 

Марјана Станојковска во жешко издание на плажа

На својот профил на Фејсбук, лото-девојката постави фотографии од летна фотосесија на која таа е во прегратки на машки модел

Лото-девојката Марјана Станојковска стана топ-тема на муабет по социјалните мрежи. Причина за тоа се фотографиите што таа ги објави на нејзиниот профил на Фејсбук. Поставени се десетина фотографии од фото-сесија што таа летово ја правеше со манекенот Александар.


Фотосесијата беше направена за магазинот „Свет“, а фотографиите се на Дарио Јанковиќ. Таа е фотографирана на плажа, покрај мрежа од игралиште за одбојка на песок. Сцените со манекенот се провокативни и жешки. Погледнете ги.

Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)
Марјана Станојковска (Фото: Facebook/marjana.stanojkovska)

ФОТО: На Попова Шапка снег!

По заладувањето, кое на многу места низ државава донесе дожд, на некои планински места врнеше снег, такво место е и Попова Шапка каде што уште врне. Врнежите се очекува да се интензивираат утре, а веќе има 5-6 цм снежна покривка.
Погледнете ја сликата која ја подготви нашата екипа:


Попова Шапка утринава, уште фотографии очекувајте во текот на денот.

ЗА КОПИРАЊЕ НА СЛИКИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ДА НАВЕДЕ ИЗВОРОТ


Спиење на час (опасно по живот)


  1. cas

Мртов пијан

pijan

WC шоља во лето VS. WC шоља во зима

wc

Невидена бура му се приближува на балканскиот полуостров?

Додека едни се караат дека ќе биде најтопла, а други најладна, експерти тврдат дека ЦИКЛОНОТ ХИРИЕ наближува кон балканот од Арктикот. Деновиве на скандинавскиот полуостров би требало да започне циклонса активност со снег, која до Декември ќе дојде до балканот во вид на пороен дожд кој може да премине во обилен снег доколку температурите бидат пониски.
УХМР тврдат дека можни се мали врнежи а ваков циклон не постои
Од друга страна, велат дека Балканскиот полуостров неможе оваа зима да помине до Балканот. За да помине од Артикот низ цела Европа треба да има огромни ветришта а такви бури не може да беснеат тука.

Утре температурата ќе се движи од 8 до 16 степени низ Македонија.
Следната недела се очекуваат облачни периоди, а првиот снег се очекува при крајот на Ноември кој ќе биде слаб.

Перуанец си зема дрво за жена (Видео)

Активист за заштита на природата од Перу се венча со дрво што се наоѓа во паркот во Буенос Аирес во Аргентина.

Актерот и активист Ричард Торес ги прочита заветите, по што доби прстен. Церемонијата на венчавањето е завршена така што тој го бакнуваше дрвото.

Целта на Торес била да се привлече внимание на јавноста и да се укаже на проблемите со животната средина. Своите невообичаени активности планира да ги продолжи ширум Латинска Америка.

Брате Киме

brate-kime

Кога проверуваш дали чорапите може уште да се носат

carape

Игралиштата денес…. Нажалост

danas

Секој маж

svaki-muskarac

„Шпигел“: Македонскиот главен град тоне во кич

Historischer Kitsch: Aufmarsch der Bronze-Krieger

Германскиот „Spiegel“ објави репортажа за Скопје, под наслов „Националната реконструкција на Македонија: Град тоне во кич“.


Весникот согледувајќи ја реалната состојба и кризата во македонската економија и забележува на Владата за вложувањето на огромни суми за реконструкција на главниот град Скопје со бомбастични палати и златни статуи.

„Архитектите се згрозени. Пред „Воинот“ фонтани, во воздухот бои, црвена, жотла, сина, пурпурна. Осум бронзени војници, високо над нивните глави, искачен е „Александар Велики“, со испружен меч кон облаците на небото. Од звучниците одекнува музика од Вагнер и Чајковски. Светлината е во такт со музиката, во зависност од нејзината јачина, осветлувањето се зголемува и намалува. Скопје има нова атракција. Речиси 30 метри висок и околу 10.5 милиони евра скап споменик на плоштадот „Македонија“, во срцето на главниот град.

 Тој е подеднакво автентичен како реконструкцијата на Големиот канал во Лас Вегас“, пишува германскиот весник. На другата страна на реката Вардар, на влезот во стариот дел на градот е издигнат кралот Филип II – таткото на Александар Велики, тој ја има издгнато тупаницата, во височина, кон небото. Трчаат бронзени коњи околу еден бунар. Наспроти легендарните кралеви низ улиците се издигнуваат зградите на новите министерства, театарот, музејот и други поети и револуционери од 19 и 20 век“, се наведува во текстот.

За „Шпигел“ станува збор за кич од грандиозни размери.

„Скопје 2014“ е името на проектот за радикална промена на ликот на градот, кој е проект на националната конзервативна владејачка партија ВМРО, кој може да чини стотици милиони евра. Официјално, финансирањето на овој проект треба да го чини буџетот на државата 207 милиони евра, вклучувајќи ги и министерствата, новиот национален театар и триумпфалната порта, но оваа сума најверојатно е и дури двојно поголема, констатираат од весникот.
При склучувањето на договорите за реализација на проектот бесрамно се прекршуваат на законите, но, македонските медиуми несмеат да критикуваат, бидејќи речиси сите медиуми се под контрола на владејачката ВМРО-ДМПНЕ.

„Шпигел“ посветува и внимание на острите критики на Дуња Мијатовиќ од ОБСЕ, за немањето слобода на говор и за осудување на новинарите, каков што беше и случајот со Кежаровски.

Според германскиот медиум, економската ситуација е најмалата причина за да се гради овој триумф.

„Шпигел“ репортажата ја завршува со борбата за Градскиот трговски центар, кој е  влезен во проектот „Скопје 2014“ и треба да биде променет во барок стил, но поради демонстарции од граѓани сеуште е со непроменет лик.

Целата репортажа на „Spiegel“ може да се прочита на следниов линк

(Видео) Јанко Бурекот го нарече својот газда Ѕинго фашист?!

Дебелото глупо смешно гебелсче сакаше да го нападне СДСМ на денот на ослободувањето на Скопје па срочи една невидена небулозна реченица во која прво ги пофали комунистите па ги наече фашисти па сегашниве демократи ги нарече камуфлирани фашисти, само неговите ДПМНЕ се цветичи за мирисање:
jankoKomunizam
Но малото дебело заборави дека само пред неколку дена со младата партизанка евоцираа спомени од впечатоците од посетата на комунистите во Кина (тие нели се фашисти?!) и за тоа колку била Југославија добра во времето на комунизмот?!: Притоа дебелото заборава дека работи во Сител која е сопственст на Ѕинго кој е комунист и социјалист целиот свој живот, барем на хартија. Значи ли тоа дека дебелото го нарекува газда Ѕинго фашист?!

Инаку јавноста треба да знае дека Јанко е дете на комунистички директор. Неговиот татко бил долги години директор на Фото центар Скопје, големо комунистичко претпријатие. Значи ли тоа дека дебелово се оградува и од својот татко?!

Реклама која ги шокираше сите кои ја гледаа (видео)


цигари

Овие денови на Интернет заедницата е шокирана и згрозена со „болна“ реклама која собира негативни коментари каде и да се појави
Иако видеото се шири како „најшокантна реклама за Малоборо“, станува збор за дело на мала филмска компанија „Row and Jack“ која во 2012 година ја основале Британецот Џош и Шпанецот Џордан.
Идеата била да се сними реклама со наслов „Feel Good“, а предизвикаа бура на реакција на Јутјуб и социјалните мрежи каде нивната работа ја нарекоа болена, вознемирувачка, шокантна и погрешна.
Како што истакнуваат на својата страница, за потребите на снимањето на рекламата, овие двајца непушачи ја купиле првата кутија цигари во својот живот.

Менувајте лозинка на Фејс – загрозенa безбедноста на милиони Фејсбук профили

По нападот на Adobe, хакерите добија пристап до голем број кориснички имиња и лозинки (дури 2,9 милиони корисници) со чија помош би можеле да пристапат и до многу кориснички профили на социјалната мрежа на Фејсбук.
Доколку сте ја користеле истата лозинка за Фејс и Адобе вашиот прифил е загрозен и следниот пат кога ќе се логирате на фејс ќе добиете вакво предупредување.
fejs notifikacija
Проблемот кај некои корисници на Фејсбук
“Digital Trends” пишува како големиот број корисници на Фејсбук користат исти податоци за Adobe и Фејсбук, а најголемата социјална мрежа на светот своите корисници се обидува да ги заштити предупредувајќи ги да ги променат своите лозинки на оваа социјална мрежа после големиот хакерски напад.
Од оваа социјална мрежа ги проверуваат базите на податоци и се обидуваат да дознаат дали хакерите имаат пристап до сите податоци со кои би можеле да пристапат до корисничките профили.
Фејсбук не објави податок за тоа колкав број на корисници е загрозен, но некои експерти тврдат дека би можело да се работи за околу 150 милиони кориснички профили.

Се срамела да оди на приредба на синот, па ослабела 100 килограми

Една жена од Велика Британија толку била опседната со својата тежина, што пропуштила важни моменти од нејзиниот живот. Но откако не отишла на приредбата на нејзиниот син, во нејзиниот живот се случила тотална промена.

Четириесет и пет годишната Ким Фрешвотер поради својата тежина се срамела да отиде на приредбата на која нејзиниот син добил награда. Имено таа се срамела да се појави пред останатите и и било страв дека ќе го скрши столчето. Оваа ситуација ја мотивирала да ослабе. Имала околу 180 килограми денеска има 74.

Таа не одела на свадби плашејќи се да не го засрами своето семејство, никогаш не одела на прослави, а ако требало да преспие во друга куќа спиела на подот во страв да не го скрши креветот.

Во кино не можела да помисли да оди не ја собирале столчињата. Се движела со помош на стап.

Но кога ја пропуштила училишната церемонија на која бил награден нејзиниот син од страв да не го скрши столчето, решила да го промени својот живот. За 3 години изгубила 100 килограми, на тој начин што еден обилен оброк во денот, го делела на три помали.
- Изгубив толку прекрасни моменти со семејството кои никогаш нема да се вратат, но решена сум да надоместам колку што можам. Мојот сопруг се жали дека мојата нова линија го чини пари, порано имав 4 пара чевли, сега имам 40. Порано носев само црно, сега имам облека во сите бои вели охрабрената Британка.

Пред диетата, Ким јадела само еднаш во денот навечер. Но јадела огромни количества на храна. Денеска јаде три пати во денот но помалку и здраво подготвена храна. Пред 3 години Ким имала проблеми со висок притисок, одвај дишела и имала болки во грбот и нозете. Сега се е поинаку.

Победничката песна на Ламбе плагијат? потсетува на песна на Ивана Селаков (видео)

lambeВчеравечер на сцената на Македонската опера и балет се одржа „Скопскиот фестивал“ на кој победи Ламбе Алабаковски со песната на Јован Јованов „Ќе те чекам јас“.

Како награда за најмногу освоени гласови од публиката, вкупно 124, Ламбе доби парична награда од 20.000 евра.

Но, песната со која победи популарниот пејач, неодоливо потсетува на една од песните на српската фолк пејачка Ивана Селаков, реагираат денеска македонците на Фејсбук.

Социјалните мрежи се преполни со споредби на песната на Ламбе со песната на Ивана, каде најмногу се удира акцент на почетокот на двете песни кои си наликуваат.
Дали и на вас ви се слични, споредете во продолжение.

Ким сподели нови фотографии од Норт Вест


Во јавноста се појавија уште неколку нови и преслатки фотографии од малечката ќерка на Ким и Канје, Норт Вест.



Реалити ѕвездата сподели две нови фотографии на нејзиниот Инстаграм профил вчера и не повика да го погледнеме нејзинито мајчинско искуство и да дознаеме какво е чувството да се одгледува Норт Вест заедно со Канје Вест, а тоа очигледно би требало да е многу забавно.
На првата фотографија, 5-месечното бебе е во прегратките на италијанскиот дизајнер Рикардо Тисци и седи во неговиот скут. Ким под фотографијата својата ќерка ја именуваше како „нов стилист“.



На втората фотографија се гледа Норт која е во фаза на нејзината преслатка насмевка. Ким под сликата на својата насмеана ќерка напиша „лол“.



Ова се најблиските фотографии на малечката Норт кои до сега се објавени во јавноста. Што мислите, на кого личи повеќе, на Ким или на Канје?

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О