Наумче Мојсовски е опериран и се чуствува одлично

Само што заврши оперативниот зафат врз коленото на Наумче Мојсовски, кој е опериран во клиниката на д-р Шенк, во австрискиот град Шраунс.

Операцијата помина во најдобар ред и Мојсовски одлично се чувствува. Во текот на утрешниот ден ќе имаме повеќе информации, изјава од нашиот ас и неколку фотографии.

Оваа вест сигурно ќе израдува огромен број на негови фанови, кои во текот на последните неколку дена ја преплавија редакцијата на нашиот сајт со коментари, прашања и добри желби.
Од името на Наумче Мојсовски на сите ви благодариме.

ФОТО: Новинарски стајлинг за отворање на новиот театар


МТВ го пренесуваше чинот на отворање на новиот театар со големата премира на претставата „Вечната куќа“. Голем културен настан, на кој пристигнаа речиси сите претставници на власта, меѓу кои и претседателот Ѓорѓе Иванов.

Нив ги пречекуваше новинарка на МТВ, која за оваа прилика имаше одбрано посебен стајлинг.

gorge-voditelka 

ФОТО: Урнат споменикот на цар Душан во Скопје?!

Новинарот и главен уредник во Алсат-М, Мухамед Зекири, на својот Фејбук профил објави фотографии од вечерашните случувања на „Мостот на цивилизациите“ пред зградата на Уставниот суд во центарот на Скопје.


Како што може да се забележи од фотографиите, организирана група „го нападна“ споменикот на цар Душан за кој се уште не се знае кој го нарачал, платил и поставил и за кој никој не сака да преземе одговорност.

Според информациите на Алсат-М, група од 20 до 30 граѓани ноќва нешто по полноќ се обидела да го урне споменикот, но по многуте обиди споменикот е значително оштетен, но не и срушен. Како што пренесува телевизијата, меѓу граѓаните имало и претставници на ДУИ.


Нападот на споменикот следува откако вечерва на социјалните мрежи извесен Африм Гаши објави отворен повик за протест и уривање на споменикот, но за утре во 12 часот.
 

1454592_10152434638704466_664180910_n
(Фото – Фејсбук)

ВИДЕО: Во Македонија нема вакви бензински пумпи!



Можеме да се опкладиме со вас дека досега не сте биле да наточите гориво на ваква бензиска. Човекот кој полни гориво во своето возило оддеднаш започнува да танцува.

Сине, ти пратив покана на фејсбук

fejs111

Газда, премногу ја замараш

gitarka111

Еве кој беше главен на најважната споредна работа нa светот

На денешната ждрепка во бразилското летувалиште Коста до Сауипе, кога сите ги очекуваат групите за Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи од 12 јуни до 13 јули идната година, ѕвезда беше убавицата Фернанда Лима. Таа имаше улога на водителка во ова ТВ шоу.

Станува збор за 36-годишната актерка, модел и ТВ хостеса која едноставно плени со својата убавина и сексипил

Поучна приказна: Во животот се поминува!

Животот е река во која ние бурно или мирно, раскошно или скромно пловиме, но никако не можеме да застанеме. Секоја грешка и секој правилен чекор во него го правиме со причина и со поука. Прочитајте ја следнава приказна која веруваме дека добро ќе ве поучи…
life
Во некоја кинеска провинција живеел некој сиромашен Кинез, кој целиот негов живот го потрошил работејќи ги најтешките работи, а на крајот ништо немал спечалено.

Сѐ што имал Кинезот бил неговиот син кој многу го сакал. Го научил да чита и пишува и тоа било наследството кое му го оставил пред да почине. Пред да го испушти и последниот здив, старецот извадил две мали кутии, едната црна, а другата бела, кои му ги дал на неговиот син со зборовите:

-За жал немам ништо друго да ти дадам освен овие две кутии. Но запомни – добро чувај ги. Кога еден ден ќе ти биде тешко, но навистина тешко, отвори ја белата кутија. Црната кутија чувај ја и отворија тогаш кога ќе мислиш дека си најсреќен.

Синот достојно го испратил неговиот татко кон вечното почивалиште, потоа спакувал сѐ што можел да земе со него, вклучувајќи ги и двете мали кутии, и тргнал по светот за да бара работа со која ќе може да се прехрани. Работел за корка леб, спиел по градските улици, ги извршувал најтешките работи, се криел во шумата, сонцето го печело и мразот го гризел.

Едно утро се разбудил со солзи во очите и неможејќи повеќе да го поднесе суровиот живот, решил да се убие. Во моментот кога правел планови како да си го одземе животот, се сетил на двете мали кутии кои му ги дал неговиот татко и решил да ја отвори белата кутија, како што го советувал татко му. Со треперење полека од неа го извадил малото оризово ливче на кое пишувало: „И ова ќе помине!“

Сфаќајќи го тоа како аманет од неговиот татко, не се убил и продолжил да живее. Влегувајќи во некој град во кој сакал да бара работа, забележал голема колона од неписмени луѓе кои не можеле да влезат во градот бидејќи не можеле да прочитаат што е напишано на ѕидот. Сиромавиот младич им прочитал на неписмените, па така сите поминале низ капијата и влегле во градот.

Лутајќи низ градот и барајќи работа го пресретнал некој Кинез кој му кажал дека неговиот господар бара писмен човек кој ќе му помага околу неговата документација. Господарот од луѓето разбрал дека токму тој е писмен, дека знае да чита и пишува, па затоа и го барал. Така сиромавиот младич се вработил кај старешината на селото и работел многу напорно и макотрпно, но со чисто срце и со мирна душа. Бидејќи се покажал како верен и трпелив помошник, господарот му дал дел од неговата куќа за да има каде да живее, а по извесно време му ја дал и неговата ќерка за да му биде сопруга. Имале многу дечиња и така сиромавиот младич стекнал големо богатство.

Еден ден, додека седел на терасата од неговата куќа, сфатил дека сега веќе е бескрајно среќен. Се потсетил на сите маки низ кои поминал, се потсетил дека сакал и да умре и во тој момент се сетил и на неговиот татко и на двете мали кутии. Решил дека токму сега кога е најсреќен е моментот за да ја отвори и втората, црната кутија, баш како што го советувал неговиот татко.

Ја отворил кутијата, полека од неа ја извадил малата оризова хартија на која било напишано: „И ова ќе помине!“

На дечиња во кино место цртан им пуштиле порно-филм

Голем број родители заедно со своите дечиња отишле во кино во градот Пинелас Парк на Флорида за да го погледнат цртаниот филм „Снежана“, но не ни можеле да претпостават што ќе им се случи. Наместо цртан,  на децата им бил пуштен порно филм, по што родителите се обиделе да им ги покријат очите на своите дечиња, а потоа и изреволтирани избегале од кино салата.

- Тоа траеше цела вечност, посебно кога се обидувате да му ги затворите очите на едно мало момче. немав доволно раце да му ги затворам и ушите, така што имаше вистинско звучно доживување на филмот - вели мајка за американскиот информативен канал FOX 13.

Иако управата се извинила, дел од родителите поднеле тужба.

Претставник за евровизија 2014 има, Жељко најде и за 2015!

Еден од најстрогите судии на регионалниот Икс Фактор, Жељко Јоксимовиќ за првпат јавно поддржа некој од кандидатите, и тоа не било кој, туку нашиот Даниел Кајмакоски.

zelko500
Тој на својот Твитер профил напиша: „ Сигурен сум дека Македонија веќе има претставник за изборот на песна за Евровизија во 2015 година #кајмакоски“.
1zelko500
Вчеравечер имавме можност да погледнеме дел од најинтересните кандидати кои одат понатаму во ова талент шоу. Од следниот вторник почнува нова фаза на аудициите во Белград, а по „регрутниот камп“ ќе останат 24 најдобри натпреварувачи.Курир.

Новиот спот на Џастин Бибер, најгледан овој месец

Новиот спот на песната „All That Matters“ е најгледан последниов месец. Белиеберите се подготвуваа да го скршат ВЕВО рекордот за 24 часови, но тоа според некои е направено, а според некои не. Едните велат дека посетите се закочени, од Бразил дојавуваат дека оттаму има веќе 30.000.000 посети, а другите велат дека не е така. Моментално на нашите простори се гледаат 7.000.000 посети. Вево Твитер Профилот објави еден линк на топ песни, кој е недостапен во нашиот регион

За турски и индиски серии има, за К-15 нема доволно средства!

По две децении постоење и емитување на разни македонски телевизии, најпознатата македонска хумористична емисија „K-15“ и официјално нема да постои.
 
Еден од главните творци на проектот, Љупчо Бубо Kаров, вели дека причината е што нема телевизии заинтересирани да ја емитуваат, ниту средства да се реализира, пишува Дневник.
Омилените ликови Цацко, Миле и Тошо заминуваат во историјата. „K-15“ на 23 ноември „наполни“ точно 20 години од постоењето, а сега „згаснува“.

Одлуката била донесена деновиве, а Kаров појаснува дека, сепак, не знаат што ќе се случи во иднина.

Последниот циклус на „K-15“ се емитуваше на телевизијата „Алфа“, но повеќе од една година не е снимена нова епизода.

Kаров, Бранко Огњанов и Васко Тодоров одлучиле повеќе да не постои „K-15“, а не се знае каква ќе биде иднината на нивната продукција, чија работа, пред се, беше врзана со емисијата.

Пол Вокер бил убиен?

Како еден од американските портали знаеше два дена пред смрта на Paul Walker? Илуминатите (*најбогатите луѓе во светот, медиумите, политичари, пејачи..) вмешани во тоа?

ТМZ (сајтот што објави дека Пол Вокер е умрен уште пред два дена е сајт предводен од Илуминатите и пишува за вести од шоу-биз).


Во американската анимирана серија Family Guy главната улога (кучето Брајан) умре во најновите епизоди, иронично е тоа што улогата во Fast & Furious на Пол е истотака Брајан. Не е за прв пат оваа серија да предвиди нешто (Бостонскиот Маратон). Во Холивуд постојат повеќе случаеви кога улогите во филмовите им се слични со животот, посебно во хит филмовите, така почина Пол Вокер во филмот Брзи и Бесни, тој е жртва на филмот, последниот дел од филмот забележал повеќе од милијарда долари


Некој мора да умре после огромниот успех.


 Пол не возел за време на "сообраќајката" туку негов познаник, кој можеби е жртва на MK Ultra (Mind Control, контрола на умот - често го користат за привлечување на познатите да прават работи кои тие не ги сакаат - дрога и други работи), но истотака има луѓе кои го жртвуваат сопствениот живот за некои нивни цели. Чудно е тоа што колата експлодирала при удар во мало дрво, воопшто тоа не е логично бидејќи таа кола е една од поскапите и подобрите коли. 


2 дена пред неговата смрт објавена вест? Случајно или намерно?



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О