На часот по математика

matematika

Денешните деца во школо

deneska

Apple со рекорден број продадени уреди за последниот квартал

Apple ги објави резултатите за првиот финансиски квартал на 2014, кој заврши на 28 декември 2013. Компанијата забележа приход во висина од 57.6 милијарди долари и нето добивка 13.1 милијарди долари или 14,5 долари за акција.

За споредба пред една година приходите беа 54,5 милијарди долари, соопштија од компанијата.

Објавените податоци покажуваат дека за првиот квартал Apple поставиле своевиден рекорд по бројот на продадени iPhone и iPad уреди, односно 51 милиони и 26 милиони парчиња.

Продажбата на истите уреди година порано се соодветно 47,8 и 22,9 милиони парчиња.

Apple ја предвиде и подобри продажбата на Mac во споредба со минатата година – 4,8 милиони единици, во споредба со 4,1 милиони во истиот период во 2013.

Компанијата ќе исплати дивиденда во износ од 3.05 долари за акција на своите акционери.

На балканската сцена и требаше лик како Даниел Кајмакоски!

Каролина Гочева вели дека Даниел Кајмакоски, дечкото кој и ја напиша песната “Не се враќаш” која се најде на последниот албум на пејачката насловен “Капка под небото”, е лик, односно пејач, каков што нема на ексју просторите и признава дека се радува на неговиот успех во светското музичко шоу што се емитува и на овие простори Х-фактор.

-Искрено, многу ми е драго што конечно таков талент исплива на површина, ми се јави неколку дена пред да почне да се емитува шоуто ми кажа дека се пријавил и знаев дека ваква реакција ќе предизвика кај јавноста, му посакувам победа и искрено очекувам победа. Со него имаме еден комплетен пакет и лик каков што нема на ексју просторите, вели битолчанката, која деновиве е преокупирана со подготовките за петте концерти во МОБ од 22 до 25 февруари каде концертно ќе го промовира новиот албум “Македонско девојче 2″.

Таа вели дека со миленикот на Жељко Јоксимовиќ се познава од 2008 година, се запознале во шоуто на Слави Трифунов во Бугарија каде и двајцата биле гости.

-Уште тогаш беше евидентно дека има талент, потоа дојде во Скопје со Бертан Арслани работеше нешто се јавија и ни понудија неколку песни, ние бевме при крај со албумот “Капка под небото” и ја земавме само “Не се враќаш”, се присетува Каролина на првата средба и соработката со Кајмакоски.

Еве што Даниел Кајмакоски ќе пее вечерва!

Даниел Кајмакоски, македонскиот претставник во балканската верзија на шоу Х-Factor, во вечерната емисија ќе ја пее песната од американската поп група OneRepublic – Counting Stars.

„Докторите“ на Кристина, како што се најавува, ќе пеат една „оптимистична песна“, а Маид Хечимовиќ, кој се врати во натпреварувањето, на воодушевување на дел од публиката, ќе пее емотивна балада од „Тути фрути бенд“.

Што ќе пеат останатите натпреварувачи ќе видиме во вечерната емисија на ова популарно балканско шоу.

Видео: OneRepublic – Counting Stars


Samsung го пушта Galaxy Glass во септември

Samsung може да покаже конкурентен производ на паметните очила Google Glass, за време технолошкиот саем IFA во Берлин во септември оваа година.

Гаџетот, наречен Galaxy Glass ќе може да се поврзе со вашиот смартфон. Тоа ќе ви ги покажува дојдовните повици и ќе ви овозможи да слушате музика, велат од јужнокорејското издание “Кореја тајмс”.

Веста не открива многу детали околу самиот хардвер на очилата, но од неа, станува јасно дека во својата работа, Samsung Electronics ќе соработува и со друга сестринска фирма – Samsung Dislpay.

“Новите паметни очила кои Samsung ќе ги претстави, се нов концепт за носење на телото и уред кој може да доведе до една возбудлива култура на комуникација“, вели весникот.

За можната веродостојност на овие тврдења зборува и фактот дека во октомври 2013 година компанијата доби патент уред од видот паметни очила.

Според друг извор на ” Кореја тајмс” плановите на Samsung предвидуваат ограничено пуштање на бета верзија на Galaxy Glass во втората половина на годината.

Се вратила од 2-годишен пат околу светот, па исчезнала без трага во близина на куќата

Лијен Берден (33), која неодамна се вратила дома по 2-годишно патување околу светот, мистериозно исчезнала недалеку од куќата на свекорот и свекрвата, каде, заедно со сопругот била на гости.
Последен пат е видена на 17-ти јануари, кога тргнала да трча недалеку од нивната куќа во Сан Антонио, Тексас.

Таа и нејзиниот сопруг Џош биле во посета кај неговите родители неколку недели по враќањето од долгиот пат, и планирале да се вратат во својата куќа во Денвер, Колорадо и да бараат работа.


Полицијата соопштила дека детално е пребарана целата област околу градот и дека се внимава и на најмалите траги.


"Немаме претстава што се случи, сега за сега нема никакви индикации, полицијата не извести дека ни они не знаат каде би можела Лијен да биде", - изјавува братот на исчезнатата, Мајкл Хект.


Како статус на Фејсбук семејството напишало:
"Не изгубивме надеж дека ќе ја најдеме Лијен. Денешната потрага нас само не зајакна во верувањето дека треба да ги појачаме напорите и да размислуваме за сите места на кои би можела да биде."



Отворени сефовите на Аркан, а во нив – НИШТО!


Во "Комерцијалната банка" во Белград, вчера беа отворени сефовите на Жељко Ражнатовиќ Аркан, но во нив не било ништо пронајдено, пишува "Blic".

Наредбата за отворањето на двата сефови беше издадена минатата недела, со цел да се дознае дали некогашниот командант на Српската гарда оставил некакви докази.


Обвинителството поднело вакво барање, поради тоа што од Хашкиот трибунал добиле материјали кои биле предмет на обвинителниот акт против Аркан.

Овој материјал се проверува, а обвинителството ќе одлучи дали ќе започне некаква кривична постапка.


Српските медиуми пишуваат дека на отворањето на сефовите не присуствувала Светлана Цеца Ражнатовиќ, ниту останатите наследници на Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Партизан поразени на колена, МЗТ Скопје со нова победа!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва против Партизан во Белград го изигра натпреварот од 18.коло на регионалната АБА лига.

Тренерот Зоран Мартич смета дека неговиот тим за да постигне поволен резултат ќе треба соодветно да одговори на брзата игра на противникот.

- Кога гостувате на екипата на Партизан, морате да бидете спремни на агресивна и брза игра која е заштитен знак на Партизан и токму со таква игра тие влегоа во вториот круг на Евролигата. Логично е дека тие се фаворити во престојниот дуел, изјави Мартич пред заминувањето за Белград.

Разликата беше 66:73 за МЗТ Скопје, Браво момци!

Да, тоа е затвор! Се сончаат на плажа, имаат секс и се забавуваат, а сепак отслужуваат робија

Во сан Антонио има само едно правило - слушај внимателно доколку ти се обраќа Теофил "Ел Конехо" Родригез, затвореникот без чив благослов тука ништо не се случува.
Лишени сте од слобода во Венецуела и вашиот судија ве испрати да ја одслужите казната во Сан Антонио? Верувај ми, имате повеќе причини да прославите отколку да паднете во очај бидејќи самошто освоивте џекпот!


Затворот на Островот Маргарита повеќе личи на елитен спа центар наместо на воспитна установа, па затоа не е чудно што многумина тагуваат кога ќе ги ослободат по завршувањето на казната.

Ова го потврди и новиот документарен филм на компанијата "Journeyman", каде што може да се види одблизу она што го нуди животот во најпосакуваниот затвор на светот.

Храна, пијалок и девојки за момчињата 


Сонце, море, плажа и голи девојки таму се дел од нормалната секојдневна сцена, исто како и што на тој затвор не му недостигаат сите деликатеси и привилегии како на пример: алкохол, дрога, проституција и оружје. 


Но, дури и оваа привилегија не е се, повеќе од две илјади затвореници уживаат слобода на водење свој бизнис и можат да поминуваат време со семејството, а во близина не постојат вооружени чувари кои би создадавале притисок. 


Важи само едно правило - слушај го она што ти го збори Теофил "Ел Конехо" Родригез, познатиот шверцер на дрога, без чиј благослов ништо не се случува.

На зајакот (Ел Конехо) му припаѓаат сите заслуги што во Сан Антонио владее рај, а властите молчат, без разлика што и да направи, бидејќи на неговата територија речиси нема ни приближно онолку насилство колку што има во останатите Венецуелски затвори.


Се разбира, проблемот е во тоа што зајакот и неговата дружина без проблеми го водат нивниот бизнис надвор од Маргарита, но тоа е само мал детал од друга приказна.

Обичните затвореници со коктел во рака, за таквите работи воопшто не се загрижени, но колку е безбедно во Сан Антонио докажа и новинарот Giovana Vitola, кој мирно си спиеше на лежалката и го дочека утрото без да му фали влакно од косата.


Бидејќи гостите на Родригез никој не смее да ги допира, а за тоа и осудениците навистина немаат потреба. 

Кога ќе се сетиш какви се глупости си зборувал пред симпатијата

gluposti

Сигурно ова ти се има случено барем еднаш

like1

ФОТО: Е ова се вика акција!

akcija

Душо, ти наскоро ќе станеш папа

papa

Шилегов: Како мајки на функционери од ВМРО-ДПМНЕ купуваат станови во иста зграда?

„ВМРО – ДПМНЕ признава дека и мајката на Генералниот секретар на нивната Влада, Кирил Божиновски, има стан во зградата на скриени станови, вреден околу 120.000 евра.

Но, воопшто не е точно објаснувањето на ВМРО – ДПМНЕ, дека наводно Божиновски немал обврска да го пријави овој стан, затоа што не живеел во заедница со родителите.

Во анкетниот лист на Кирил Божиновски, освен околу 3.000 евра сопствен имот од продажба на автомобил,целокупниот имот што е наведен е имот на неговите родители“, рече Петре Шилегов.

ФОТО: Катарина Ивановска за „Banana Republic“

Катарина Ивановска позираше за модните каталози на „Banana Republic“. На фотографиите македонската манекенка носи кежуал облека од американскиот бренд кој привлекува голем број клиенти уште од 1978 година.Катарина ИвановскаКатарина ИвановскаКатарина ИвановскаКатарина ИвановскаКатарина ИвановскаКатарина ИвановскаКатарина ИвановскаКатарина ИвановскаКатарина ИвановскаКатарина ИвановскаКатарина Ивановска


25-годишната бринета има импресивно резиме. По деветгодишно присуство на модната сцена, таа може да се пофали со бројни едиторијали за списанија како Vogue Италија, Vogue Шпанија, Vogue Русија, Elle и Vanity Fair, а има остварено и блиска соработка со брендови како Valentino, Dolce & Gabbana, Christian Dior, Roberto Cavalli и Gucci.

Минатата година Катарина ги покажа и своите актерски способности во филмот „Трето полувреме“.

Парис Хилтон без гаќички на црвениот тепих (Фото)

Подобро подоцна отколку никогаш, Парис Хилтон се приклучи на славните жени кои без долна облека се појавуаат на црвениот тепих.

pariz
Таа се појавила во многу смел провиден фустан, кој оддавал дека не носи гаќички.
pariz1
Ова беше тренд што го зафати славниот свет минатата година, па Парис Хилтон одлучи да не изостане.
pariz2
32-годишната наследничка без долна облека се појавила на црвениот килим на 4-тата годишна на пред-Греми прослава во Лос Анџелес.

Заладување, со вренежи од дожд и снег и засилен ветер


Во Македонија времето денeска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Околу пладне и попладне ќе дува засилен северен ветер наместа со брзина и над 70 километри на час. Ова северно струење ќе услови температурите во текот на денот нагло да опаднат, а врнежите од дожд да преминуваат во снег, најпрво во северните делови од земјата. Снежна покривка ќе се формира на планините и на повисоките места, меѓутоа помала снежна покривка е можна и на некои пониски места.

Македонија времето денeска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Околу пладне и попладне ќе дува засилен северен ветер наместа со брзина и над 70 километри на час. Ова северно струење ќе услови температурите во текот на денот нагло да опаднат, а врнежите од дожд да преминуваат во снег, најпрво во северните делови од земјата. Снежна покривка ќе се формира на планините и на повисоките места, меѓутоа помала снежна покривка е можна и на некои пониски места.
Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од три до 10 степени. Во северните делови околу пладне и попладне температурата нагло ќе опадне.
Во Скопје времето ќе биде облачно, претпладне со врнежи од дожд, а околу пладне со засилен северен ветер што ќе услови врнежите и во Скопско да преминуваат во снег, но ќе се намалат во интензитет. Утринската температура ќе биде до пет, а дневната околу четири.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, студено и ветровито, а ќе има и локални врнежи од снег.

Едноминутен молк – триесет и три години од раѓањето на Тоше Проески

Да беше жив, денес ќе наполнеше 33 години и ќе имаше фантастична, светска кариера. Би не поздравил со неговото, препознатливо “ВЕ САКАМ СИТЕ“. Помина доста време откако го нема и неговото отсуство дефинитивно се чувствува, особено од аспект на квалитетната македонска музика. Пораснавме со неговите песни, му се радувавме на секој негов успех и не постои македонско семејство кое не ја преживеа неговата смрт како загуба на сопствен син. Излишно е да се коментира дополнително, за неговите заслуги знаеме сите. Едноминутен молк во негова чест и да се потсетиме на неколку негови најголеми хитови…

Јоксимовиќ: Згрешив, мајчин јазик на Даниел е македонскиот

Членот на жирито на „Х фактор“ Жељко Јоксимовиќ експресно се извини за грешката за време на вечерашново шоу кога рече дека Даниел Кајмакоски пеел на мајчин српски јазик, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
-И нам ни се случува да направиме лапсуси. Даниел пееше на српски, а допрва ќе пее на неговиот мајчин македонски јазик- рече Јоксимовиќ.

Македонски знамиња се вееја низ Солун, протестираат илјадници Македонци

Протести во СолунПротест во Солун. Навивачите на Ираклис, фудбалскиот клуб од Солун поради одземената лиценца за настап во Суперлигата на Грција излегоа на протест со македонски знамиња. Тие имаа желба еден од најстарите клубови во нивната земја кој е основан во 1908 год, да се пријави за настап во првенството на Македонија. Нормално сето ова беше резултат на огромн револт. Особено голема врева се крена на социјалната мрежа „Фејсбук“, на која приврзаниците, т.е. оние кои ја подржуваа оваа идеја го ставија македонското знаме на своите профили. Послеедните информации кажуваат дека протестите ќе продолжат и денес во Атина.

Христос се роди! Навистина се роди!


Од Евросонг досега се откажаа 12 земји

Во Копенхаген во мај нема да отпатуваат тимовите на Бугарија, Турција, Кипар, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Словачка, Луксембург, Андора, Монако и Мароко.

Бугарската национална телевизија објави дека нема да учествува од финансиски причини.

Андора, Луксембург и Чешка ќе го пропуштат „Евросонг 2014“ поради недостиг на јавен интерес. Турција е незадоволна од системот на гласање, а Словачка смета дека нема шанси да победи. Монако и Мароко не пројавиле интерес да го обноват учеството на конкурсот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О