Не смеете да ја пропуштите новата реклама на Најк за Светското првенство во Бразил!

Американската компанија за спортска опрема „Најк“ покрај своите производи е позната по генијалните реклами.

Во новата реклама на Најк со наслов „Winner Stays“ учевствуваат голем број на фудбалски ѕвезди од најголемите европски клубови, а во еден момент ќе се појави и Хулк. Но, не Бразилецот Хулк...




Перо Антиќ- прв Македонец во НБА плејофот


Иако не настапи на одлучувачкиот натпревар за пласман во плејофот на неговиот тим Атланта Хокс, Перо Антиќ во извонредната кариера ќе може да допише и настап во возбудливото разигрување за титулата во НБА лигата.

Перо Антиќ пишува историја во македонската кошарка. Тој на почетокот на сезоната во НБА лигата стана првиот македонски кошаркар кој игра во најсилното кошаркарско првенство на светот, а од синоќа тој може да се радува и на настапот во плејофот.

Екипата на Атланта, со третата победа во низа, избори пласман во разигрувањето во НБА лигата. Атланта, за која на овој натпревар поради проблемите со десниот зглоб не настапи Перо Антиќ, го совлада Мајами со 98:85. Атланта од осмата позиција ќе стартува во плеј офот, додека Мајами со овој пораз првото место во Источната конференција повторно и‘ го препушти на Индијана. Џеф Тиг со 25 и Лу Вилијамс со 23 поени ја предводеа Атланта до 37-ма победа во сезоната. Леброн Џејмс со 27 и Двејн Вејд со 24 поени беа најефикасни во редовите на шампионот. Атланта и Мајами оваа сеозна одиграа четири натпревари, резултатот во меѓусебните дуели е 2:2.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О