ФОТО: Македонското знаме се вееше на „Ел класико“

Мечот помеѓу Реал Мадрид и Барселона е еден од најгледаните спортски настани на денешницата, дуел кој привлекува внимание во целиот свет.

zname-500
Двата шпански гиганти имаат свои навивачи во целиот свет па така и во Македонија. Неколку членови на навивачката група на Реал Мадрид од Македонија „Peña Madridista de Macedonia “ беа присутни на синоќешното „Ел класико“ кое го добија „кралевите“ со 3:1.
zname2-500
Се разбира тие не го заборавија да го понесат и македонското знаме кое се вееше синоќа на „Сантијаго Бернабеу“ на пресметката со Барселона.

Каква зима не очекува?

Зимата што следи според долгорочните испитувања, би требало да биде просечна. Сепак, толку точна информација не може да се даде.
Во почетокот на месец Ноември што е за кратко температурите ќе бидат повисоки од сегашните. Околу просечните температури би требало да се задржат до втората половина од месецот, а да биде суво и без врнежи. Можно е да има неколку послаби периоди со дожд, а на највисоките врвови со нови снежни покривки.
Во втората половина на Ноември температурата доколку би опаднала (што е според мерењата) би можеле да го видиме и првиот снег по котлините и ниските места во Македонија, кој најпрво би требало да започне со дожд но тој снег ќе биде слаб и нема долго да се задржи, бидејќи ќе продолжи со дожд и затоплување.  На планините би останале снежните врнежи.
За месец Декември можно е заладување но тоа би било во просекот на месецот од Декември.
Почетокот на Зимата во втората половина на месец Декември би бил вистинско зимски, со врнежи од снег и пониски температури. За Јануари и Февруари, остануваат просечни температури со просечни врнежи, барем за тоа што од сега може да се каже.
Сепак ова не е потврдено бидјеќи е рано за предвидување.
А нема да бидеме поштедени од снегот...

Задолжителен психијатрски преглед за сите што сакаат да се иселат од Македонија

Министерот за здравство, Никола Тодоров, најави нова здравствена реформа која освен на здравјето ќе влијае и на негативниот тренд на иселување од нашата земја, посебно на младите.

- Да ви кажам право, доста размислував за овој проект, еве, веќе четири ноќи не спиев, мислев, мислев, и смислив! Значи, во рамки на дневните центри за лекување депресија, ќе воведеме еден специјален оддел, во кој ќе има психијатри кои ќе работат со сите оние што сакаат да се иселат од Македонија – рече Тодоров.

Како што најави министерот, ќе се воведе задолжителен психијатрски преглед за секој што сака да ја напушти татковината и да си ја бара среќата на друго место.

- Абе тоа ме мачи со години веќе и никако не можам да им се изначудам на сите млади, па и стари, што си одат од земјава. Што ѓавол ги тера? Да не им има некој магии направено? Или пак им фали нешто. Нема друго, сигурно им фали нешто! Па кај се бегало од ваква прекрасна земја бе?! Затоа секој што ќе биде фатен на аеродром или на некој граничен премин како си оди, ќе мора да биде прегледан од психијатар кој ќе оцени што точно му фали, и поради што точно ја донел таа погрешна одлука. Откако ќе биде определена дијагнозата, пациентот ќе биде подложен на терапија со која ќе му биде укажано на грешката што ја прави, а откако ќе се разубеди ќе може да се врати на својот секојдневен живот – изјави министерот Тодоров.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О