Шлиц горе, шлиц доле: Повторно успеала да го привлече сето внимание!

Греми наградите остануваат во центарот на фокусот на светските медиуми, па со секој изминат час се објавуваат нови детали од синоќешниот музички спектакл, а секако, еден од најкоментираните детали е изгледот на славните личности.

Имено, по синоќешното доделување на Греми наградите, критичарите и магазините имаат полни раце работа. Така, додека едните ги коментираат победниците во бројните категории, другите задоволно ги анализираат појавите на славните личности на црвениот тепих, коментирајќи го нивниот целокупен изглед.

Секако и сосема очекувано, една од славните личности која успеала сето внимание да го привлече кон себе е најпознатата старлета во светот Ким Кардашијан, која признала дека неколку недели претходно таа планирала што ќе облече за доделувањето на Греми наградите.


Во моментот кога ја здогледала свечената тоалета со потписот на Жан Пол Готје, таа знаела дека токму тоа е комбинацијата која што ќе и обезбеди место на насловните страници, по церемонијата за доделување на наградите.

Сепак, во текот на вечерта таа се соочила и со мала незгода, кога еден од џебовите на фустанот едноставно паднал. 



Сепак, Ким на црвениот тепих останала во центарот на вниманието. Свечената златна тоалета која се прелева е парче кое едноставно привлекува внимание, а дополнително Ким ги маѓепсала сите присутни и папараците поради двата шлица – оној во пределот на градите и оној во делот на нозете.

 

Кание, кој знаел дека на Ким и е особено важно што таа ќе облече за церемонијата на доделувањето на Греми наградите, самиот го пронашол скапоцениот фустан и на својата сакана и предложил истиот да го облече.

“Ја видел оваа свечена тоалета на интернет, ми испрати фотографија и ме праша дали ми се допаѓа. Потоа го повика дизајнерот, ми ја купи и ми ја подари. Јас сум најсреќната жена на светот”, изјавила Ким Кардашијан.

Изгледот на својата сакана го прокоментирал и самиот Кание, кои дури и на црвениот тепих не можел да ги тргне рацете од раскошниот задник на Ким.













ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О