Сопругот на изрешетаната жена: "Знаеја дека не сум во колата, намерно сакаа да ја убијат!"

Откако неговата жена била брутално изрешетана додека престојувала во нивниот семеен автомобил и сега се бори за својот живот, во јавноста се појавил и нејзиниот сопруг, за кого се претпоставува и дека е причината за злосторството.
"Невозможно е да не виделе дека има жена во автомобилот, па она не возела тенк. А пукано е од три места", го започнал својот исказ Љубо Богичевиќ, сопруг на брутално изрешетаната Ивана (32).

"Засега ми е најважно моката сопруга да заздрави, Бог ќе направи да биде подобро. Убијците знаеја дека тој ден не бев во колата. Едноставно, нивната намера била да ја убијат мојата сопруга, мајката на моите две мали деца", изјавил Љубо, додавајќи дека тој ден неговата сопруга ги одвела нивните деца во градинка во Нови Сад.

"Потоа таа навратила до супермаркет во Нови Сад да купи некои намерници. Значи, доколку ја следеле, виделе кој вози. И сега ми велат дека мене сакале да ме убијат. Искрено би сакал јас да бев во автомобилот, а не мојата Ивана. Сосема случајно се одлучивме само таа да оди. Сите знаат дека јас немам 20 автомобили и дека и двајцата го возиме истиот автомобил", изјавил Љубо.

Каков црн богаташ?!

Љубо се присетил дека тој ден останал дома да спие. На вратата од неговиот дом се појавила полицијата, соопштувајќи му што се случило со неговата жена.



"Не можев да поверувам кога ми кажаа дека напаѓачите не можеле да видат дека вози жена. Па не е затемнета шофершајбната! Не возела тенк па да не може да се види дека вози жена со долга коса. Пукано е од три места во шофершајбната, каде се пронајдени 30 куршуми. И некој вели дека мислеле дека јас возам?! Ме прогласија за наркодилер и имаат објаснување веднаш зошто е пукано во некого", раскажал Љубо.

Љубо и неговата сопруга заедно со своите две деца живеат во куќа во Нови Лединици. Не се богаташи, како што вели самиот Љубо, додавајќи дека се борат и заработуваат за живот, но не преку дрога.

 

"Продавам автомобили и имам прифатилиште за руски кучиња, можеби едно од најдобрите во Србија. Пристојно и макотрпно заработувам од тоа. Сопругата, иако има завршено факултет, не може да пронајде работа и се занимава со продажба на парфеми и облека. Возиме ист автомобил и двајцата", додал сопругот на повредената.

Лесно ќе ме пронајдат

Љубо додал и дека секој ден е во градот, не се крие, слободно се движи и дека оној кој сака да го убие, може сосема лесно да го пронајде. "Секој ден сум во градот. Нема причина некој да ме помеша. Кој ме бара, лесно ќе ме најде. Јас сум тука и на сите им кажувам дека сум тука, нека ме најдат. Не се кријам, ниту еден единствен ден не сум бил заклучен во домот", заклучил Љубо, додавајќи и дека претпоставува кои се убијците.



Тој секојдневно е во болницата, ја посетува својата жена и верува дека таа ќе заздрави, а од клиничкиот центар истакнале дека Ивана и понатаму е во сериозно тешка здравствена состојба.

Два пати се обидоа да ме убијат - не сум наркодилер!

Љубо истакнал и дека има многу непријатели, но дека не е криминалец и дека е огорчен што го нарекуваат наркодилер. "Никогаш не ме уапсиле. Единствено кога беше акцијата "Гром", полицијата изврши претрес на мојата куќа, но не пронајдоа ништо. Со многумина сум се замерил поради некои мои ставови, па еве, тие се обидуваат веќе втор пат да ме убијат. Знам дека ме следат, дека ме гонат! Ако сум наркодилер, уапсете ме, ставете ми лициси!", завршил Љубо.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О