НАСА тестираше мотор со 12 милиони коњски сили

НАСА го тестираше супер-моторот RS-25 што во иднина треба да биде дел од ракетата која ќе може да однесе човечки екипаж на Марс. Вселенската агенција го дизајнираше моторот кој тежи 70 тона, што потоа треба да биде дел од ракетата SLS (Space Launch System) која ќе го носи вселенското летало Орион.



Тестот направен во Стенис спејс центарот во Мисисипи е вкупно шестиот од седумте проби на главниот супер-мотор на ракетата. Во неа ќе се вградуваат вкупно 4 мотори.

„Ова е најкомпликуваниот мотор за ракета на светот и затоа можеме да го наречеме Ferrari меѓу ракетните мотори“ - изјави инженерката Кетлин Кроув.

Предвидувањата се дека моторот ќе му овозможи на вселенското летало Орион да поминува и до 36.500 километри на час благодарение на неверојатните 12 милиони коњски сили.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О