Мапа на земји што Исламска држава сака да ги освои до 2020 година

Терористичката организација Исламска држава во следните пет години планира да ги заземе Блискиот Исток, Северна Африка, делови од Европа и Кина. Така тврди новинарот Ендру Хоскен во новата книга „Empire of Fear: Inside the Islamic State“.



Во неа новинарот објавил мапа според која се прикажани плановите на Исламска држава за освојување во следните 5 години . Според неа џихадистите планираат да го освојат и Балканот.

Калифатот, држава во која на сила е шеријатското верско право, на мапата зазема области од Шпанија на запад до границите на Кина на исток.

Хоскен за Daily Report додава дека намерата на ИСИС ќе биде тешко остварлива, со оглед на тоа што 60 земји се против нив.



„Веднаш штом го воспостават нивниот калифат планираат да се свртат против остатокот од светот, нивната намера е целиот свет да биде под нивно владеење. Но, 60 нации се против нив, меѓу кои се САД и Русија, така што изгледа тешко ќе ја остварат нивната намера. Но, никој не веруваше дека ќе успеат и во тоа што досега го направија, но го направија“, вели тој.

Според Хоскен планот на ИСИС започнал да се готви во 90-тите години на минатиот век. Досега оваа терористичка организација успеа да ги дестабилизира Ирак и Сирија, а работи на дестабилизација на Саудиска Арабија и Либија, додава Хоскен. Тие дури се обидоа да го уништат туризмот во Тунис.

„Вистинската загриженост е колку подолго постојат толку е поголема веројатноста дека ќе развијат биолошко или хемиско оружје. Ако имаат оружје за масовно уништување тие ќе го употребат“, вели Хоскен, пренесува Metro.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О