Можете да ги јадете колку сакате: 8 производи кои се одлични за слабеење

Ако би требало да се опише совршената храна нејзини главни карактеристики би биле: да биде здрава, солена и доволно способна да засити за да се бориме со гладот со часови.



Таква храна и постои како што наведува нутриционистот Дејвид Кетз од Универзитетот Јејл. Таквата храна потребно е да биде богата со белковини и влакна, а по можност да биде сиромашна на калории.

Ова се 9 производи со кои можете добро да се најадете, а да не се дебелеете:

1. Печен компир

Имајте на ум дека компирот мора да биде печен, а не пржен. Многу диети тврдат дека не е пожелен за намалување на калориите, но ако правилно е подготвен тој е одличен борец против гладот. По индекс на заситување тој се наоѓа на највисоко место за разлика од интегралниот ориз.



2. Јајца

Јајцата ги прикажуваат како уште еден контроверзен производ кој според некои е штетен по здравјето поради холестеролот, а други пак како одличен оброк за намалување на калориите. Денес се прифаќа тврдењето дека го повишува холестеролот, но „оној добриот“ па токму затоа јајцата се добра алтернатива за слабеење и ситост.



3. Супа од грав

Супите имаат поголем удел на вода и се заситени со сиромашни калории, а посебно се добри ако се малку погусти. Токму затоа одличен предлог за јадење кое ќе ве држи подолго време сити е супата од грав која има богата доза на влакна и сложени јаглехидрати.



4. Јогурт

Нутриционистите од Харвард веќе 20 години ги следат прехрамбените навики на 120.000 луѓе и заклучиле дека јогуртот е еден од најдобрите производи за слабеење. Овој производ богат е со белковини и млечни производи кои го регулираат шеќерот во крвта.



5. Јаболко

Јаболката се толку добри здрави што се препорачуваат и на оние кои страдаат од дијабетес. Содржат материја позната како пектин која дава чувство на ситост, а и богати се со влакна па го забрзуваат метаболизмот.



6. Пуканки

Пуканките заземаат поголем дел од желудникот, а полни се со воздух кој го мами мозокот да мисли дека сте изеле многу повеќе и дека сте сити.



7. Смокви

Најдобро природно благо е густата текстура на смоквите кои се богати со влакна поради кои шеќерот многу бавно се ослободува во крвта. Токму затоа тие се ултимативен борец против гладот.




8. Смути

Смутијата се сметаат како течен оброк, а важно е само да не ги изблендирате со големи количини на шеќер или слатки сирупи. За вистински оброк во нив додадете и малку млеко или јогурт и мраз на овошјето. Најдобра комбинација? Јагоди и банани, но комбинациите се безбројни.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О