Решена мистеријата со жената на Марс: Одговорот е во човечкиот мозок

Фотографиите што роверот Curiosity ги испраќа од Марс постојано привлекуваат многу внимание, дел заради тоа што откриваат нови детали од планетата, а делумно поради разните НЛО фанатици кои на нив откриваат разни докази за постоењето на вонземјани.



Според нив, на една од новите фотографии што ги објави НАСА, се гледа жена покриена со некаков вел, а ја опишуваат и како жена со долга коса.

Сега реагираа и разумните. Гај Вебстер кој работи како портпарол за истражувањето на Марс вели дека секојдневно добиваат дојави од луѓе што на нивните фотографии откриваат нешто „вонземско“. На следниот линк може да ја видите оригиналната фотографија.

„Вистински е лесно на ваквите фотографии да најдете некој камен или карпа која ќе потсетува на нешто“ - вели тој.

Според други информации, има уште една фотографија од местото, но од друг агол, на која се гледа и дел од тркалото на роверот. Благодарение на него може да се процени големината на „жената“, па се гледа дека таа е нереално мала.

Huffington Post разговараше со Др. Сер Шостак кој е астроном и директор на Центарот за истражување СЕТИ кој вели дека таквите „забележувања на вонземјани“ се повеќе резултат на начинот на кој функционира човечкиот мозок, отколку резултат на нечиј остар вид.

„Тоа што толку многу луѓе бараат жена на една фотографија од Марс само докажува како човечкиот мозок е способен во непознатото да бара препознатливи фигури и предмети. Благодарение на таа способност нашите предци ги преживувале потенцијалните напади од предатори, иако тоа не е многу од помош во потрагата по вонземски живот“ - вели тој.

Човечкиот мозок е програмиран да бара познати патишта, форми и работи кои имаат некакво значење, па дури и лица. Тој феномен е познат како пареидолија. Др. Шостак вели дека е тешко да се процени што всушност е „првата дама на Марс“, но претпоставува дека се работи за камен.

„Знам дека ова ќе ги разочара оние што веруваат во спротивното, но мали се шансите дека на Марс се наоѓа минијатурна верзија на Кипот на слободата“ - вели тој на крајот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О