Блатер тврди дека Платини му се заканувал со затвор

Актуелниот претседател на светската фудбалска асоцијација, Швајцарецот Сеп Блатер, во изјавата за холандскиот весник Volkskrant тврди дека челникот на европскиот сојуз УЕФА, Французинот Мишел Платини му се заканувал со затвор за да го убеди да се откаже од кандидатурата за уште еден мандат во ФИФА на изборите што беа одржани во мај.

Оваа закана Мишел Платини му ја кажал на братот на Сеп Блатер во Цирих, неколку часа пред гласањето на кое Швајцарецот повторно беше избран за претседател на ФИФА. Сеп Балтер потоа причека четири дена да објави дека поднесува оставка и го стави својот мандат на располагање. Истовремено, американското правосудство подигна обвиненија против десет челни луѓе на ФИФА за наводна корупција при доделувањето на организациите на првенствата под нејзино покровителство.

„Во текот на ручекот, Платини седна на масата на брат ми и му кажал „Кажи му на Сеп да ја повлече својата кандидатура или ќе оди во затвор’“, изјавил Блатер за Volkskrant, додавајќи дека ова го дознал од брата си дури неодамна.

Истовремено, извор близок на Платини ги отфрли овие изјави нарекувајќи ги „измислица“. „Станува збор за последниот во низата обиди на Цирих да го одвлече вниманието на јавноста од вистинските проблеми со коишто е соочена ФИФА“, рекол за AFP неименуваниот извор додавајќи дека „претседателот на УЕФА не сака ниту да го удостои со одговор на тие смешни тврдења“.

Платини е инаку официјален кандидат за претседател на ФИФА, што го објави на 29 јули. Изборот ќе се одржи во февруари следната година, а засега негов единствен противкандидат е Чунг Монг-јон од Јужна Кореја.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О