Поглед во животот на арапските богаташи во Лондон

Многу малку се знае за животот на неверојатно богатите Арапи кои постојано се возат по улиците на Лондон со нивните екстравагантни автомобили, пишува Daily Mail. Мајкл Шо, чија компанија ги одржува домовите на најбогатите луѓе, открива неколку детали за нивниот живот.



Луксузните автомобили на Арапите паркирани низ улиците на Лондон стануваат вистинска атракција во летниот период, со оглед на тоа што времето го минуваат во шопинг. Агенцијата на Шо се грижи и за хигиената на нивните автомобили.

„Поседувањето скап автомобил е ултимативен симбол статус во општеството и токму затоа нашите клиенти сакаат да ги донесат овде“, вели тој.



Шо додава дека имаат клиенти од целиот свет, но дека тие од Блискиот Исток сакаат да дојдат во Лондон поради одличните ресторани и хотели. Некои од нив кои доаѓаат во Велика Британија плаќаат и по 56 илјади евра за карго.

Некои од нив изнајмуваат луксузни автомобили, така на пример, за Ferrari 430 Spider одделуваат 850 евра на ден, додека за Lamborghini Aventador плаќаат по 2.800 евра за 24 часа.



Мајкл Шо

Повеќето од нив плаќаат луѓе кои се грижат за нивните возила, со цел да се осигурат дека никој нема да ги допира нивните автомобили додека се паркирани по улиците.

Некои посетители плаќаат и по 4.000 евра од вечер во скапи хотели, а исто така и јадат во екстремно луксузни ресторани. Компанијата на Шо се грижи нивните желби за луксуз и богатство да бидат исполнети. Тој вели дека бил сведок на различни моменти, така еднаш видел како некои купувачи потрошиле повеќе од 70 илјади евра за 10 минути додека купувале накит и часовници.








Еден од највпечатливите автомобили забележан летово, Mercedes S класа со Swarovski кристали

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О