Тие обезглавуваат погрешен човек: Еве зошто навистина е киднапиран Томислав Салопек!

Киднапирањето на Томислав Салопек не било планирано, туку тој едноставно се нашол на погрешно место, во погрешно време, вели Роберт Спрингборг, професор и стручњак за египетската војска, како и поранешен професор за национална безбедност.

Потрагата по Томислав Салопек во саботата влезе и во нова фаза. Освен тоа што на случајот сега работа и тајните и безбедносни служби од неколку западни земји, Хрватска и Египет, египетските власти одобриле и употреба на "Apache" хеликоптер.

Египетскиот претседател Ал-Сиси на случајот ги активирал полициските и воените сили, како и четири египетски тајни служби. Сепак, според тврдењата на аналитичарите, Египет само се обидува да го намали значењето на киднапирањето кое што ја потресе цела Хрватска.



- Египетските власти очигледно се обидуваат да ја ублажат целата ситуација и кон неа тие ќе продолжат да се однесуваат како кон помалку важна. Од друга страна, припадниците на Исламската држава со сигурност ќе продолжат со ваква пракса, бидејќи е поедноставна за имплементација и има големо и моќно влијание, изјавил Роберт Спрингборг, професор и стручњак за египетската војска, како и поранешен професор за национална безбедност, за Middleeasteye.net.

Досега џихадистите се фокусираа на безбедносните сили на Египет, но сега први на нивната листа за токму оние од западот и тоа најверојатно поради промени во нивната сопствена политика. Исламската држава со ваквите киднапирања сака да ја наруши економијата и угледот на Египет.

- Џихадистите сакаат да ја покажат ранливоста на Египет точно во оној момент кога нивната влада успеа да привлече многу значајни инвеститори, што најмногу му се препишува на претседателот Ал-Сиси. Египет повторно е препознаен како бастион против екстремизмот во регионот и сега Исламската држава сака сето тоа и да го наруши, изјавил за истиот портал неименуван поранешен стручњак за безбедност.



- Ако се повторат ваквите напаѓања и киднапирања на странци и странски институции, тоа ќе има многу моќно и негативно влијание на присутноста на странците, а со тоа и на економијта. Тоа е најголемата слабост на оваа власт, објаснува професорот Спрингборг.

Ваквите случувања ќе ја разнишаат довербата во државата. Ширењето на стравот ќе влијае и на туризмот и на инвестициите, но и на зголемувањето на безбедносните мерки во државата.

Мотивите за киднапирањето на Хрватот, според пишувањата на The Middle East Eye, сепак не се потполно јасни. Веднаш после киднапирањето, припадниците на Исламската држава го оправдаа својот чин со Хрватската поддршка на коалицијата која што се бори против ИСИС, но и со блискиот однос помеѓу Францускиот претседател Oланд и Каиро. Египет наводно неодамна од французите купил и "Rafale" авиони, а наскоро се очекува и купување на ново оружје.



Киднапирањето на Салопек не било планирано, тој едноставно бил во погрешно време, на погрешно место. Томислав Салопек од друга страна пак бил сосема едноставна мета.

- Можеби го следеле со цел да го застанат на контролната точка, но верувам дека тоа немало никакви врски со тоа што тој е Хрват, со тоа што работи за француска компанија или со него посебно. Неговото киднапирање било потполно случајно, на нив им се укажала можност да киднапираат човек од западот, па тоа и го направиле, без преголеми планирања, уверен е професорот кој уште еднаш потенцирал дека мотивите за киднапирањето се и политички и економски.

Исто така, професорот додава и дека условите на исламската држава се неисполниви.

- Барањето за ослободување на Салопек кое вклучува ослободување на илјадници жени, припаднички на Исламската држава, од египетските затвори едноставно е – нереално. Тие само сакаат да привлечат внимание, но државата и понатаму не им го посветува. Од една страна, Египет не може да преговара со терористите, а од друга страна, мора да го намали значењето на инцидентот како би го сочувале имиџот, објаснува поранешниот стручњак за безбедност.



- Ова киднапирање е дел од "многу поголеми игри". Ослободувањето на осудените терористи во замена за ослободувањето на невини затвореници би можело да стане опасен преседан, a киднапирањата во Египет би можеле да станат и многу почести. Ако сето ова стане пракса, и ако странците и странските инститиуции во Египет би биле постојано на нишанот на ИСИС, иднината на Египет воопшто не е светла, заклучува стручњакот за безбедност.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О