Атрактивната Лизаразо: Бензема ќе оди во Арсенал, ако не, слободно казнете ме

Атрактивната новинарка од Венецуела, Џеини Лизаразо веќе извесно време тврди дека Арсенал ќе го донесат Карим Бензема ова лето, а сега вели дека прифаќа да биде казнета ако трансферот не се реализира до крајот на летниот трансфер период.



Таа првично тврдеше дека на 9-ти август Бензема ќе оди на медицински тест во Арсенал, а дека потоа ќе биде комплетиран договорот, пишува Bleacher report.

 Тоа не се случи, но Лизаразо тврди дека нејзините информации се точни и дека трансферот ќе биде еден од најатрактивните оваа сезона. Ако сепак испадне дека згрешила, прифаќа да биде казнета, а казната треба да биде нешто слично на ланскиот ice-bucket challenge односно да биде полиена со вода од кофа полна со мраз.




ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О