Хороскоп од претходниот живот: Кои биле вашите стравови и што сте научиле од нив?

Грешките од овој живот можеби не можете да ги исправите, но претходниот живот сигурно ви оставил по некоја мудрост.



Хороскопот од претходниот живот сега ги открива сите стравови, страсти и лекции кои ви се пренеле во овој.

Овен

Во претходниот живот сте биле емотивно неодлучни и зависни од другите, па сега е важно да преземете иницијатива на ова поле, да инсистирате врз своите желби и потреби, за да си го пронајдете изгубениот идентитет. Сепак, не одете во друга крајност, затоа што претераната самостојност лесно прераснува во егоизам. Упорноста и вербата во себе е она што ви е најпотребно.

Бик

Во минатиот живот сте минале низ големи стравови, патења, но и големи страсти. Сегашниот живот ви е даден како прилика да се стабилизирате и приземјите. Стабилноста, истрајноста и праксата се од клучно значење. Време е да му дозволите на духот да се покаже во пракса, затоа што само така ќе созреете и ќе ги заборавите непријатностите од минатото.


Близнаци

Во минатиот живот сте имале проблеми со лошата комуникација. Овој живот ви е прилика да видите колку е важно да го кажете она што го чувствувате. Исправете ги пропуштените прилики за да се остварите на емотивен план. Посесивноста, оддалечувањето од блиските и повлекувањето во свој свет се најголемите проблеми кои ви се случуваат, а може да ги решите исклучиво со правилна комуникација.

Рак

Во овој живот учите како да бидете приврзани и постојани, за површината и немирниот дух од минатиот живот да ги претворите во силна поддршка. Без оглед на тоа како делувате однадвор, вашата внатрешна природа е мека. Во овој живот имате шанса да ги сфатите семејните односи, па затоа за вас најважни се родителите и децата. Но, не заборавајте и на себе.

Лав

Во минатиот живот сте сакале без многу пребирање, но сега мора да научите емотивната енергија да си ја насочите само кон одредени луѓе и области кои ви се значајни. Имате детска среќа и често сте во центар на вниманието. Но, немојте да бидете гневни кога нема да ви се покаже доволно внимание. Вашата лекција која треба да ја совладате во овој живот е самодовербата и самопочитувањето.

Девица

Овој сегашен живот ве учи да имате право на избор на работите кои ве задоволуваат, како и дека емоциите се градат постепено, чекор по чекор. Мора да научите да не се потпирате на другите, туку само на себе. Чувството на вина ве прати од минатиот живот. Ослободете се од него што поскоро.



Вага

Во минатиот живот сте имале проблем во однос на другите луѓе, како и со спротивниот пол, па во сегашниот може да ве плаши стравот од луѓе и нивните скриени намери. Имате одбивност кон тимската работа и довербата, токму од оваа причина. За да си ја поправите таа грешка, овој живот ви нуди многубројни љубовни партнери и голем круг на пријатели, за да си ја подобрите хармонијата.

Скорпија

Во себе носите нерационални стравови од минатото, вклучувајќи го стравот од болка, патење и губење на најблиските. Затоа во овој живот знаете да бидете посесивни кон луѓето кои ги сакате, па несвесно пробувате да ги задржите што поблиску до вас. Интуицијата исто така ви е патоказ за патот по кој би требало да одите и не треба да ја игнорирате.

Стрелец

Во сегашниот живот сте дојдени за да ги разбиете предрасудите и да научите да бидете пофлексибилни и да ја пронајдете својата слобода. Толеранцијата е клучот на среќата во овој живот, па затоа за вас најважни се патувањата, запознавањата на различни култури и модели на однесување и верувања.
Јарец

Искуствата од минатиот живот сега ве ставаат во конфликт со авторитетот, па се нервирате кога другите не контролираат или сакаат да ви ги искористат слабостите. Во сегашниот живот учите да си бидете сами на себе авторитет, како и да бидете поодговорни кон своите и туѓите емоции. Овој живот ви е даден за да научите дека одговорноста и дисциплината не секогаш значи студенило или дистанца.

Водолија

Во минатиот живот сте биле сведоци на љубомора и посесивност, па предизвик во овој живот ви е да ги одвоите лажните слики, посесивноста и љубомората од луѓето кои ги сакате. Морате да си пружате слобода на себе и на другите. Ваша задача која одлично ја извршувате во овој живот е воспоставувањето на пријателски односи, хуманост и толеранција.

Риби

Во минатиот живот недоволно сте ги ценеле емоциите и не сте имале време за да им се препуштите. Затоа сегашниот живот ви е даден да си ја поправите грешката. Тука сте да научите дека емотивното отворање на душата е почеток на сите убавини.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О