ФОТО: Продале сè, тргнале на патување и научиле што значи вистинска среќа и љубов

Млади партнери откриле што значи вистинска љубов и среќа откако се откажале од својата работа, продале сè што поседувале и тргнале на заедничко патување.

Рајан Фонтана и Моли Џозеф сфатиле дека нешто недостига во нивните животи откако се вратиле од патување во Јосемити, па решиле да направат нешто невообичаено. Заљубените партнери, кои работеле како диџеи, дале отказ и продале сè што имале за да си остварат свој сон - патување низ светот.



„Споделувајќи се себеси целосно со партнерот, започнуваме да ги осветлуваме сите делови од себе кои сме ги прикривале во мрак, правејќи го привлечно она што навидум е непривлечно. Вака изгледа безусловната љубов“ – пишува Рајан на Instagram.

Пред да ги напуштат своите домови, Моли, која пред три години водела битка со ракот, и нејзиниот сакан си поставиле мисија да живеат во сегашноста, да ја избираат љубовта пред стравот, да ѝ кажат „да“ на авантурата и да ги избришат границите на нивната комфорна зона. Токму тоа им овозможило да ја откријат вистинската љубов.



„Кога ќе помислам дека пред само три години бев пациент со рак... Кога ќе помислам каде бев, во споредба со тоа каде сум сега, знам со сигурност дека сè е возможно, дека соништата навистина се остваруваат. Знам дека достигнувањето на дното го прави животот на врвот многу посладок, дека без неуспесите, успесите би биле безначајни“ – пишува Моли.

Рајан и Моли постојано споделуваат фотографии на Instagram од неверојатните места кои ги посетуваат заедно, но ги споделуват и лекциите кои ги научиле на своите патувања.„Безусловната љубов значи да прифатиш и да почитуваш друга личност онаква каква што е, нејзината љубов, но и нејзините сенки. Да бидеш целосно искрен и ранлив, да ѝ дозволиш на другата личност да го види секој дел од тебе и да бидеш пресретнат со сочувство“ – рекол Рајан за Elite Daily. „Патувањето со партнерот значи дека ништо не останува скриено, тој го гледа секој дел од тебе: доброто, лошото и грдото“ – додал тој.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О