Што се случува во Google и зошто сега се вика Alphabet?

Сергеј Брин и Лари Пејџ ќе ги напуштат директорските позиции во Google, а на нивно место во Google доаѓа Сундер Пичај. Основачите Брин и Пејџ одат на чело на ново креирана компанија, своевидно надзорно тело врз Google наречено Alphabet. Според повеќе извори блиски до компанијата, Сергеј Брин и Лари Пејџ сакаат да се посветат на експериментални проекти, а реструктурирањето ќе им го овозможи ова. Веднаш по објавувањето на веста акциите на Google на берзата скокнаа за 4 отсто.


Alphabet е криерана за надзор на сите компании кои досега беа под Google, а дел од компаниите кои се предалеку од основната дејност на Googlе, ќе станат нови компании. Пример за новите компании се Life Science и Calico, два медицински проекти на Google, кои сега ќе бидат независни. Најголемата компанија под Alphabet останува Google во кој остануваат пребарувачот, рекламите, мапите, PlayStore, YouTube и Android.
„Веруваме дека ова ќе ни овозможи подобро менаџирање, пред се за различни проекти кои не се поврзани. Alphabet е за просперитет на компаниите преку силни лидери и независност. Нашиот модел е да имаме одлични директори за секој од бизнисите, а јас и Сергеј ќе помагаме кага ќе биде потребно…“, вели Лери Пејџ на блогот на Google.
Со Alphabet основачите на Google ќе може да експериментираат со секакви луди проекти, со наочари за проширена реалност како Google Glass; со паметните домови со Nest; автономни возила кои изгледаат како сладок автомобил кој нема да ги уплаши патниците; или да креаираармија роботи со Boston Dynamics. Таа компанија ќе биде слободна да троши пари и на аквизиции на други иновативни стартапи, без да му пречи на бизнисот на Google. Вака инвеститорите, кои го гледаат интернет пребарувачот и Android како единствени успешни бизниси на Google, ќе имаат подобар увид во финансиската ситуација во Google, и секако Alphabet.

Што се однесува до Google, на чело на компанијата како извршен директор, односно CEO, ќе биде Сундар Пинчаи кој ги водеше до сега Android и Chrome OS одделите, и беше главно одговорен за нивниот успех. Познавачите велат дека г. Пинчаи важи како одличен организатор и еден од омилените директори во Google. Споредено со нестрпливите основачи на Google кои сакаат нови проекти, г. Пинчаи е практичен и се фокусира на проекти, што е важно за новиот поедноставен Google кој си има едноставен успешен бизнис, но и одговорност пред инвеститорите.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О