Претставен новиот и атрактивен Mercedes C-Class Coupe

Mercedes ја претстави атрактивната купе верзија на C-Class, а автомобилот во голема мера потсетува на помала верзија на S-Class Coupe. Сличностите со поголемиот брат одлично му одговараат на новото купе и му додаваат доза на луксуз и атрактивност.



Новиот Mercedes е 10 сантиметри подолг од купето што го наследува, што значи дека има и малку подолго меѓуоскино растојание, а целиот автомобил е и малку поширок што му дава поагресивен изглед.



Дел од стандардната опрема ќе биде и спортската суспензија што ќе го спушти автомобилот во однос на седанот, а како дополнителна опција ќе се нуди Airmatic суспензијата. Покрај се ова, официјалните лица од Mercedes објавија дека ќе жртвуваат дел од просторот за поспортски изглед.



Сончевиот кров и LED светлата ќе бидат дел од стандардната опрема, а C Coupe ќе има опција и за поспортски изглед со AMG пакетот кој вклучува посебни тркала и надворешни додатоци. Во блиска иднина треба да биде достапен и моделот AMG C63 Coupe.



Mercedes C-Class Coupe треба да стане достапен од следната пролет, а првично ќе биде опремен со 2.0 литарскиот турбо мотор кој ќе развива 241 коњска сила. Подоцна ќе бидат додадени и останатите мотори кои се користат за C-Class.

Официјалната промоција треба да биде на автомобилскиот саем во Франкфурт.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О