Samsung ги претстави новите Galaxy S6 Edge Plus и Galaxy Note 5

Samsung порано од вообичаеното, претстави два нови смартфони со големи екрани - Galaxy S6 Edge Plus и Galaxy Note 5. Двата фаблета имаат заеднички голем број карактеристики, од големиот AMOLED екран со дијагонала од 5,7 инчи и quad-HD резолуција.



Една разлика е тоа што S6 Edge Plus има подеднакво закривен екран како и S6 Edge кој беше претставен порано оваа година, додека Note5 има класичен рамен екран.

Двата уреда имаат Exynos 7 процесор со осум јадра, камера од 16 мегапиксели и предна со 5 мегапиксели, а една голема разлика е што S6 Edge Plus нема Stylus пенкалце.

Новите телефони ќе имаат Android 5.1 оперативен систем, 4GB RAM меморија, капацитет за складирање податоци од 32GB/64GB, како и батерија од 3000mAh.

Телефоните ќе се најдат кон крајот на месецот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О