Запаметете го ова: 100 пати поефикасна од хемотерапија: Чудесна билка која ги убива клетките на ракот за 48 часа!

Чајот од глуварче делува на клетките на ракот, на тој начин што ги дезинтегрира во рок од 48 часа, а притоа не дозволува да бидат нападнати здравите клетки.

Оваа билка е многу занемарена, а има голем број на лековити својства, и сè што треба да направите е да ја наберете од чисти полиња далеку од сообраќајот.

Додека нашите баби знаеле дека сирупот од глуварче содржи многу лековити материи, денес се знае дека коренот од глуварче може да им помогне на заболените од рак.

Научниците откриле дека коренот од оваа билка "работи" подобро од хемотерапијата, бидејќи ги убива само клетките на ракот.



Универзитетот Виндзор во Канада спровел истражување на Катедрата за хемија и биохемија, а резултатите им дале нова надеж на пациентите со карцином.

Откриено било дека коренот од глуварче ефективно ги "убива" клетките погодени од рак, без штетно да влијае на другите клетки во телото.

Според истражувањето, глуварчето делува на канцерогените ќелии, на тој начин што ги уништува за 48 часа, а за тоа време ниедна здрава клетка нема да биде заболена.



Заклучено е дека со континуирано лечење со оваа билка, може да се уништат повеќето клетки заболени од рак, а поради чудесните резултати, тимот од истражувачи добил дополнителна поддршка да продолжи со истражувањето на оваа билка.

Џон ди Карло, кој има 72 години, лично се уверил во лековитите својства на глуварчето, додека безуспешно се лечел цели три години.

Како алтернатива пиел чај од корен од глуварче, и по само четири месеци овој човек доживеал целосно повлекување на болеста, пишува Webtribune.

Хорор на Инстаграм: Оваа девојка предупредува на опасноста!

Анорексични селфија објавуваат девојчиња кои имаат само 10, 11 години. Една на друга си се инспирација и поддршка, а станува збор за свет кој моногу внимателно го кријат од своите родители.

Тинејџерка која добила анорексија поради 'thinspiration' фотографиите на Инстаграм, на кои девојчињата се натпреваруваат која е послаба, ја раскажала својата приказна за да ги предупреди другите на опасноста на социјалните мрежи кои ја навеле да се изгладнува. А не е единствената на која ѝ се случило тоа. Такви девојчиња има недолку десетици илјади ширум светот.

Индиа Едмонс, денес 17-годишна девојка, почнала да пати од пореметување во исхраната кога имала само 14 години, затоа што почнала да се споредува со моделите како Кара Делавињ, како и со анорексичните тинејџерки.

Daily Mirror спровел мало истражување на социјалните мрежи и открил дека девојчиња на 10-годишна возраст делат совети за губење на килограмите и кажуваат како се изгладнуваат со денови, без знаење на родителите.

Индиа на 14 години се приклучила на Инстаграм, откривајќи го 'thinspiration' – фотографии на неверојатно слаби девојки.

„Сите на училиште имаа профили на Инстаграм, а мене ми се чинеше дека сите девојчиња се послаби и поубави од мене“, раскажала таа.

Наскоро почнала да ги намалува оброците на храна, се додека еден ден не дошла до тоа на ден да јаде само три лажици овошно желе и чаша сок од грејпфрут. Незадоволна од своето тело кое за неа не било доволно слабо, дневно поминувала и до три часа во теретана или на базен. После шетс месеци и советите кои ги добивала од „сопатничките“ на Инстаграм, имала само 38.5 килограми. Еден ден се онесвестила и мајка ѝ ја одвела во болница.

Иако на сите им било јасно дека изгледа како скелет, Индиа не била свесна за својата анорексичност. „Мислев дека навистина сум убава. А јас бев скелет, како некој кој умира“, раскажала таа.

Во болница поминала шест месеци, а ја хранеле присилно низ цевчиња. „Докторот ми рече дека ќе умрам ако не јадам, но јас сеедно не можев“, раскажала Индиа.

Сепак, успеала да закрепне и денес има 47 килограми. Погледнете го видеото со нејзината приказна:



Но, интернетот и понатаму е преполн со девојчиња кои своеволно гладуваат. Ана има 12 години и 2.000 следбеници кои сакаат да бидат како неа. А таа е како скелет. Висока 150 сантиметри има само 37 килограми, а целта ѝ била да има 35. Нејзиниот дневен рекорд е – нула калории. Секој ден им пишува на своите следбеници како се обидува да јаде се помалку, а тие ѝ зборуваат колку убаво изгледа иако на неа има само коски и кожа.

Украински супер модел - единствен сведок на убиството на Борис Немцов!

Во тек е истрагата за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов во центарот на Москва, а се истражуваат сите можни мотиви за ова злосторство - верзиите поврзани со неговата политичка активност, како и личните непријателства.

Според руските медиуми, последните часови од својот живот, Немцов ги минал со 23-годишниот украински супер модел, Ана Дурицка.

Истражните органи сметаат дека убиецот бил професионалец и дека бил запознаен со движењето на Немцов, истакнува порталот Spjutnik.

Во тек е испрашувањето на очевидците на убиството на рускиот опозициски лидер, а истрагата се води во повеќе правци, објавено било на официјалната веб страна на Руското истражно биро.

Немцов бил убиен вчера во околу 23:15 часот. Во него биле истрелани најмалку седум или осум куршуми, додека се шетал на мостот со познаничката која пристигнала од Киев.




На Немцов му пришол автомобил од кој биле истрелани куршумите, од кои четири го погодиле во грб.

23-годишната манекенка Ана Дурицка од Киев, која била со него во моментот на убиството, се наоѓа на испрашување во едно од одделенијата на градската полиција, како единствен сведок на убиството.

Според неофицијалните информации, Немцов и Дурицка вечерале во еден ресторан во трговскиот центар "ГУМ" на црвениот плоштад. Потоа излегле на улица и си заминале пешки.

"Нема сомнеж дека злосторството е прецизно планирано, и дека местото на атентатот е внимателно одбрано", стои во соопштението.

Убиството е поврзано со случувањата во Украина? - Руското истражно биро води истрага за убиството на Немцов во неколку насоки, вклучувајќи ја и можноста да станува збор за обид за дестабилизација на политичката ситуација, јавува Interfax.



Таа агенција, исто така, наведува дека Бирото ја разгледува и можноста дека станува збор за напад на радикални екстремисти, како и тоа дека убиството на Немцов би можело да биде поврзано со случувањата во Украина.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, им наложил на раководствата на Истражната комисија, руското МВР и службата за разузнавање, да формираат истражна група за расветлување на убиството на политичарот и текот на истрагата да го стават под контрола.



Адвокатот: "Добивал закани неколку месеци" - Адвокатот на семејството Немцови изјавил дека политичарот добивал закани од непознати лица на социјалните мрежи.

"Веќе неколку месеци имаше закани на социјалните мрежи. Поднесувавме и пријави, но немаше реакции", изјавил за Interfax адвокатот Вадим Прохоров.

Тој навел дека на тој начин на Немцов му се заканувале со убиство.



"Нагласувам дека тоа се случуваше пред неколку месеци", рекол адвокатот.

Телевизијата LifeNews објавила кратко видео на кое се гледа бел автомобил како вози кон мостот на кој било извршено злосторството.

Автомобилот бил снимен од камера поставена на улицата Иљинка. На полицијата ѝ е познат бројот на автомобилот, а се прегледуваат и снимки од камери бидејќи постои можност да бил снимен и убиецот.

Нарко-босот Ненад Опачиќ и неговата сопруга биле изрешетани на улица

Водичот на ветерничкиот клан Недад Опачиќ и неговата сопруга Јасмина биле убиени синоќа во Нови Сад, на улицата Браќа Дроњак број 16.

Според неофицијални информации, водичот на ветерничкиот клан, бил во посета на кумовите во новосадската Нова населба. Кога излегол со сопругата на улица и се упатил кон автомобилот, ги чекале напаѓачите кои во нив испукале десетина куршуми, пренесува српски Блиц.

Како што рекле од полицијата во Нови Сад, Опачиќ и неговата сопруга биле убиени измеѓу 00:00 и 00:15 часто по полноќ на улицата Браќа Дроњак.

Според информациите од полицијата, веднаш после убиството, полицијата го блокирала градот. Припадници на полицијата вооружени биле распоредени по градот.



Ненад останал мртов на лице место, додека неговата сопруга починала на патот кон болница. Во него биле испукани пет, а во неа три куршуми.

Началникот на полициската управа во Нови Сад, Синиша Радаковиќ, изјавил дека во интерес на истрагата, моментално не може да изнесе детали за овој настан во јавноста.

„Убиството е направено од страна на засега неидентификувано лице или повеќе лица, а сите потенцијали на полициската управа на Нови Сад се ангажирани во пронаоѓање на сторителите“, изјавил Радаковиќ.



Според првите неофицијални информации, убиецот туркал велосипед и носел фантомка, а во Опачиќ и неговата сопруга пукал пред влезот во зградата.



Кој беше Ненад Опачиќ?

Опачиќ бил уапсен во „Сабја“ во 2003 година. Со пресуда било потврдено дека како шеф на ветерничка група, се занимавал со препродажба на наркотици, како и дека бил соработник на земунскиот клан во неколку случаи на киднапирање и изнуда.

За време на судењето, со остра четка за заби го нападнал заштитениот сведок Миладин Сувајџиќ, пренесува српски Блиц.



Името на Опачиќ се врзува со многу имиња од светот на политиката. Со Вук Драшковиќ во 1990 организирал митинг во Сремски Карловци.

Тој бил пријател со Ненад Чанак, а ги чувал и Миодраг Исаков и Гордана Чомиќ. Го познавал и Зоран Ѓинѓиќ, кој после бомбардирањето во 1999 година го дочекал на аеродромот во Сурчин.

На судењето изјавил дека е политички затвореник и дека Душан Михајловиќ сакал да му се одмазди на Чанак и затоа барал негова смена после убиството на премиерот.

Тајна од длабочините: Ова откритие би можело засекогаш да ја промени европската историја

Научниците од универзитетот Бредфорд во Велика Британија, дошле до шокантно откритие, кое во целост ја менува сликата за праисторијата на Стариот континент. Имено, тие дошле до доказ кој упатува на тоа дека "агрикултурната револуција настанала речиси 2.000 години порано во однос на досегашните верувања на научниците".

Научниците откриле дека предците на човекот, уште во каменото доба, 6.000 години пред нашата ера, користеле брашно.

Овие тврдења биле објавени во списанието Science, а како доказ истражувачите приложиле резултати од ДНК тестирања на седиментни карпи, во кои биле пронајдени трагови кои укажуваат на тоа дека нашите предци во мезолитот биле многу понапредни од тоа што мислиме.



ДНК-та извлечена од седиментните карпи укажува на присуство на житарки, најверојатно пченица, која била користена во форма слична на брашно.

"Користењето на пченица постоело многу порано од тоа што можеме да замислиме. Тоа е комплексен процес за која сега знаеме малку. Се обидуваме да дознаеме повеќе, но само ова сознание претставува револуционерно откритие", вели професорот Винс Гафри, од универзитетот во Бредфорд.

Истражувањето било извршено во областа Солент во Велика Британија, на место кое е заштитено археолошко наоѓалиште. Денес се наоѓа под вода, но пред 6.000 години било копно кое го населувале луѓето во праисторијата.

Пристига најголемиот крузер на светот!

Компанијата Royal Caribbean објави детали за новиот крузер "Harmony of the seas", за кој тврди деќа ќе биде најдолгиот брод на светот.

Крузерот ќе биде тежок 227.000 тони, ќе биде долг 362.15 метра, ќе има 16 палуби, 5.479 соби за гости и 2.747 кабини!

Со своите димензии овој крузер дефинитивно го надминува и "Allure of the seas" и "Oasis of the seas" (362 метра должина, тежина од 225.282 тона), кои важат за најголеми на светот, засега.



Изградбата на овој мегакрузер ќе чини 1.35 милијарди долари, а на прва пловидба се очекува деќа ќе тргне во април 2016-тата година.

Во себе ќе има многубројни содржини, од тобогани на повеќе ката, роботски бармени какви имавме можност да видиме на "Quantum of the seas" крузерот, па се до рачно изработен рингишпил.



Кога станува збор за гастрономијата, во понудата ќе се воведат два нови концепта, а тоа е јапонскиот ресторан Izumi Hibachi & Sushi, мексиканскиот Sabor Modern Mexican, како и Starbucks.

Крузерот ќе претставува и најбрза конекција на море, тврдат од Royal Caribbean.


Како и другите два крузери, Harmony ќе биде поделен во седум оддели: Централен, Ројал променада, Рива, Базен, Спортска зона, Виталност, Забава и Зона за млади.

Royal Caribbean моментално изработува уште два брода, "Anthem of the seas", кој ќе заплови во април оваа година и "Ovation of the seas", кој ќе заплови премиерно во април следната година.

Бездомник му помогнал на странец во неволја, а потоа следело изненадување....

Раскажал како станал бездомник од ноември, кога му изгорел домот.

За време на снежното невреме кое го зафатило Колорадо минатата седмица, бездомникот Шелби Хјугенс му помогнал на еден странец на тој начин што заедно со него го туркал неговиот автомобил...

Сето тоа го снимиле камерите на локалната телевизиска станица, кои се наоѓале на терен.

Прилогот трогнал многу гледачи, а една од нив започнала акција за собирање донации за да му се помогне на Хјугенс. Во рок од пет дена луѓето за него донирале повеќе од 8.000 долари. Покрај тоа, еден од гледачите му платил хотелска соба, а друг му понудил работа.

Шелби Хјугенс бил шокиран. Раскажал дека е бездомник од ноември минатата година, кога изгорела неговата куќа. Од тогаш живее во автомобил со своето куче.

Доброто дело кое го направил, за него би можело да значи нов почеток за подобар живот.

Ова се најголемите масовни убијци во историјата, на листата се нашол и Јосип Броз Тито

Британски "Daily Mail" објавил листа на најголеми масовни убијци на 20. век, а на листата се наоѓа и југословенскиот лидер, Јосип Броз Тито.

Во текот на 20. век, светот бил сведок на смрт и масакри од невидени разбери. Тоа било векот на Холокаустот и две светски војни, век во кој комунистите, нацистите, фашистите и воените диктатори убиле повеќе од 100 милиони луѓе.




Жртвите биле од сите делови на светот - од Обединетото Кралство, Франција и остатокот од Европа, преку Авганистан и Ирак, па се до Кореја и Виетнам.




Daily Mail направил листа на најголемите масовни убијци на 20. век.




На прво место се нашол Мао Це Тунг, кинески лидер. Кинескиот политичар и лидер на комунистичкиот режим, е најголемиот масовен убиец во историјата. Повеќето негови жртви биле Кинези, кои по доаѓањето на комунистите на власт, умирале од глад за време на неговиот "Голем чекор напред", или биле убиени во работни кампови за време на Културната револуција. Неговото владеење довело до сиромаштија на огромен број на луѓе, а се проценува дека бројот на жртви изнесува 60 милиони.




Наследникот на Ленин, Јосиф Сталин, го заземал второто место на оваа листа. Земјоделската политика на Сталин довела до голема глад и масовно изгладнување во Советскиот сојуз. "Чистките" на Сталин имале за цел ослободување од политичките неистомисленици, а метите често биле убивани или затворени во работни логори. Во тој период настрадале голем број на луѓе, а се проценува дека бројката изнесува 40 милиони.




Нацистичкиот лидер Адолф Хитлер го заземал третото место. Најозлогласеното злосторство на 20. век, Холокаустот, се случило по негов налог, а суровоста на нацистичката партија и денес не престанува да ги шокира луѓето. Околу 30 милиони луѓе настрадале поради неговото настојување Третиот рајх да стане Главна светска сила.




На листата се наоѓа и белгискиот крал Леополд, со 8 милиони жртви за време на колонизацијата на Конго, јапонскиот генерал Хидеко Тоџо, со 5 милиони јапонски жртви за време на Втората светска војна, отоманскиот лидер Енвер Паша, со 2 милиони убиени Ерменци, Грци и Асиријци, диктаторот на Камбоџа Поп Пот, со убиени 1,7 милиони политички противници, севернокорејскиот лидер Ким Ил Сунг, со 1,6 милиони мртви политички противници и цивили.




Југословенскиот лидер Јосип Броз Тито, лидер на Комунистичката партија на Југославија и претседател на СФРЈ, го заземал 13-тото место на оваа листа.




Daily Mail наведува дека за време на владеењето на Тито настрадале 570.000 политички неистомисленици, пренесува српски Telegraf.

Објавена снимка од убиецот на Борис Немцов

Руската телевизија "LifeNews" објавила видео снимка од бел автомобил, во кој наводно биле осомничените за убиството на опозиционерот Борис Немцов.

Како што наведува телевизијата, камерите го снимиле автомобилот во 23:39 часот, само две минути откако непознатите напаѓачи истрелале неколку куршуми во Немцов. Медиумите наведуваат дека во него било пукано од автомобил во центарот на Москва.

Полицијата соопштила дека политичарот бил убиен со пиштол "Макаров", и додала дека очигледно станува збор за планиран напад, кога тој шетал во друштво на украинската манекенка Ана Дурицка.

"Локацијата и времето на нападот јасно укажуваат на тоа дека ова е организиран напад. Немцов во друштво на пријателка одел кон неговиот стан. Тие точно знаеле за неговата рутина на движење", наведува полицијата.

Напаѓачите, велат органите за ред, по нападот побегнале на улицата Баљшај Ординк.

Министерството за внатрешни работи сè уште не се огласило по повод снимката која се појавила на интернет. Полицијата соопштила дека овој напад е политички мотивиран, но не ја исклучуваат и можноста да се работи за одмазда на радикални исламисти.

Немцов во последните месеци добил неколку смртни закани, најмногу поради неговите коментари за убиството на карикатуристите од неделникот "Charlie Hebdo" во Париз.

Никогаш посекси: Ким ѝ се потсмеваше поради преголемиот задник, а сега ѝ завидува

Клои Кардашијан минатата година беше предмет на подсмев на својата постара сестра Ким Кардашијан, која на сиот глас зборуваше: „Клои има преголем задник“. Кога сега ќе ја погледне сестра си, старлетата ќе остане без зборови, затоа што оваа членка на семејството Кардашијан своето тело го довела во топ форма.

„Моето фитнес патување ќе трае целиот живот. Не треба да се занимавате со фитнес за да му се допаднете некому, туку за да изгледате подобро“, вели Клои.

Сестрата на најпровокативната јавна личност на светот додала дека тренира и поради своето здравје, а вежбањето направило сега таа да се чувствува одлично во сопственото тело.







Иако вежба поради себе си, сепак на тренирање ја натерале критиките од другите луѓе. Покрај сестра ѝ Ким, која духовиот го коментираше нејзиниот изглед, многумина остро ја „осудуваа“ Клои поради вишокот на килограми.




После терапиите кои ѝ помогнале да се ослободи од стресот, Клои почнала интензивно да тренира. И мора да ја признаеме дека резултатите се очигледни и таа изгледа одлично.

Вистината за работата на крузери: „Работиме како робови, а единствено задоволство ни е сексот кој го имаме секој со секого”

Во книгата "Cruise Confidential" на Брајан Дејвид Брунс, првиот човек кој го одработил целиот договор во историјата на компанијата „Carnival Cruise”, изнел неверојатни детали од своето искуство, кои се однесуваат на многу секс, многу омраза, угнетување и забава.

Работата на крузери можеби звучи како совршена работа – патување по светот, запознавање на сите нации и голема плата, но оваа работа е се, само не тоа. Сите валкани тајни кои ги чува просторот под палубата на луксузни, пловечки хотели ги отркива Брајан Дејвид Брунс, првиот Американец во историјата на компанијата „Carnival Cruise” кој го одработил целиот свој договор без да даде отказ.

Тој за своето искуство напишал книга. Во книгата "Cruise Confidential" Брајан изнел неверојатни детали од својата работа кои се однесуваат на многу секс, многу омраза, угнетување и забава.



„Како келнер на бродот „Carnival’s Legend” работев по 100 часа неделно и тоа 15 недели по ред, а после тоа просто престанав да бројам. Немав слободен ден 10 месеци. Платата никако не одговара за одработените часови, па поради тоа ретко ќе видите вработени од развиените земји.

На бродот добивав само два слободни ручеци на секои осум дена. Инаку работев секој доручек, ручек и вечера. Секој ден. Најлошиот дел од работата е чувството дека работодавецот буквално ве поседува. Корпорацијата контролира што јадете, кога јадете, кога можете во тоалет, апсолутно се. Ако еден ден веќе сте одработиле 12 часа а тие ви велат дека треба да работите уште четири тоа и ќе го направите без приговор.



Исто така, она што ве убива во поим е начинот на кој ви е структуиран денот – никогаш не можете да спиете цела ноќ. Главно би можеле да споиме четири до пет часа сон во една вечер и тоа откако ќе изработевме по 12 часа“, открива Брајан во својата книга.

Меѓутоа, фактот дека работат како робови, спијат напикани во кабина како сардини без ронка приватност и дека се платени неверојатно малку (Брунс како келнер бил платен помалку од 50 долари месечно и секако, зависел од напојниците), работниците морале некако да го преживеат.

Во тоа им помагал сексот. Многу, многу секс. И потсмевање со гостите.



„На крузерите сите имаат секс со секого. Тоа е исклучително ретка прилика да го „вкусиш светот“, ако можам да се изразам така. Екипите ротираат на недела база, па секогаш е достапна нова бродска романса. Вистински врски се речиси невозможни за одржување кога работиш 100 часа неделно во ротирачки смени. Поознавам едвај неколку парови кои успеале во тоа. Меѓутоа, затоа романсите меѓу вработени и гости се строго забранети. Ако ве фатат фобивате моментален отказ, ве исфрлаат на првото пристаниште, било каде на светот. Ретко кој сака толку да ризикува“, вели тој.

Бродската екипа тоа малку слободно време што го имала, го користела за забави. Тие кратко траеле, обично од полноќ до три часот наутро. Понекогаш два пара имале секс истовремено во една мала кабина, а ги делела само една завеса. Келнерките често завршувале со бродските официри во надеж дека ќе им помогнат да најдат подобро сместување и помалку напорна работа.

Дали е Џенифер Лопез најзгодната мајка на светот?

Џенифер Лопез има 45 години, го освои врвот на светската музичка сцена, собори многу музички рекорди, но за нејзината насмевка и среќа најзаслужни се токму нејзините слатки дечиња. Оваа дива е мајка на две деца и за неа тоа е доволен извор за неизмерна среќа.

Џенифер Лопез за најновиот број на магазинот "People" изнесе повеќе детали од својот семеен живот, помеѓу кои дефинитивно најзвучна беше реченицата:

- Јас го сакам својот живот!

Иако таа зад себе веќе има три неуспешни бракови и две деца, 6-годишните близнаците Ема и Макс, таа за своите години изгледа и повеќе од одлично, па токму затоа се уште се смета дека е една од најубавите жени во светот. Па ако токму сега помисливте дека таа има се, се лажете, Џеј Ло вели дека посакува уште повеќе во животот!


Џеј Ло признава дека нема многу голема среќа на полето на љубовта, но сепак посакува уште еднаш да биде благословена со уште барем уште едно бебе, но и близнаци доаѓаат предвид! За неа децата се најголем мотив и поттик за да продолжи понатаму.

Пејачката на својот Instagram профил објави фотографии кои ќе се појават токму на страниците на споменатиот магазин. На нив Џеј Ло е заедно со своите ќерка и син и нивните три кучиња.


Џенифер близнаците ги доби од бракот со пејачот и актер Марк Ентони. Таа за своите дечиња има и посебен прекар – кокосови ореви.

Атрактивната ѕвезда очигледно не се предава и не се одрекува од добриот изглед, па многумина коментираат дека изгледа како да има барем двојно помалку години.


Шармантната Џеј Ло направи големо раздвижување и на недамнешното доделување на Оскарите во Лос Анџелес. Таа заблеска во фустан со потписот на Elie Saab, а тогаш после блиска средба со својот поранешен вереник Бен Афлек, таа стана и една од главните ѕвезди на оваа манифестација.



Во еден момент Бен Афлек пред очите на папараците и бројните ѕвезди ѝ пријде на Џеј Ло и ѝ прошепоти неколку зборови. Неговиот потег ја скокотна фантазијата на многумина, па сега се поставува прашањето што е тоа што Афлек таинствено би можел да ѝ каже на својата поранешна партнерка.

Џенифер и Бен после раскинувањето останаа во добри односи, не станаа најдобри пријатели, но од одвреме навреме си испраќаат пораки за да се пофалат за новите улоги, новите хитови или некои други деловни успеси кај едниот или другиот.

Каков пресврт! Ѝ пишал писмо дека ја остава, но тоа што таа му го одговорила ќе ве шокира

Каков пресврт! Ѝ пишал писмо дека ја остава, но тоа што таа му го одговорила ќе ве шокира

Неверојатно е како некогаш работите можат толку многу да се променат што воопшто не изгледаат како што делувале на прв поглед. Оваа приказна, која претставува преписка помеѓу двајца поранешни сопружници, е показател баш за таквите ситуации.
kakov-presvrt-i-pishal-pismo-deka-ja-ostava-no-toa-shto-taa-mu-go-odgovorila-kje-ve-shokira-kafepauza.mk
Овој човек решил да ја остави жена си, па ѝ напишал писмо, но потоа добил одговор кој ни на крај памет не го очекувал.

„Драга жено,Ти го пишувам ова писмо за да те известам дека засекогаш те оставам. Бев добар сопруг 7 години, но ништо не добив за возврат. Последниве две недели беа особено ужасни. Капката која ја прели чашата беше повикот од твојот шеф, кој ми соопшти дека си дала отказ од работа. Минатата недела се врати дома и не ни забележа дека си ја имав поткастрено косата поинаку од вообичаено, дека ти го подготвив омилениот оброк за вечера и дека дури облеков нова свилена долна облека. Ти сè изеде за две минути, си ја изгледа серијата и одма отиде на спиење. Одамна не сум те чул да ми кажеш дека ме сакаш, не сакаш да правиш ништо што поврзува еден маж и една жена. Или се гледаш со некого или веќе не ме сакаш. Како и да е, јас те оставам!
Твојот поранешен сопруг.
П.С. Не се ни обидувај да ме пронајдеш. Јас со твојата сестра се преселив во Западна Вирџинија, засекогаш. 
Чао!“
???????????????????????
Би очекувале дека одговорот на неговата поранешна жена ќе биде полн со жалење и патетики, но напротив. Еве што му пишала таа:

„Драг бивши мажу,
Одамна ништо не ме израдувало така како што ме израдува твоето писмо. Во право си, во брак сме 7 години. Што велиш – добар сопруг? Ха-ха, далеку од тоа, далеку… Серијата ја гледам бидејќи ми се смачи од твоето постојано кукање. Всушност, во последно време ни тоа не помагаше. Ја забележав твојата нова фризура минатата недела, и сè што сакав да ти кажам беше: ‘Изгледаш како некоја баба!’ Бидејќи мајка ми ме учеше да кажувам добри работи или да молчам, се определив за второто. А кога го подготви моето омилено јадење, ти сигурно си ме помешал со сестра ми, јас не јадам свинско месо веќе 7 години. Потоа, за твоите нови свилени гаќи… Ги забележав, ама немав никаков коментар кога видов дека на нив сè уште виси етикетата со цена од 49.99 долари. Веројатно е случајност, ама баш тоа утро сестра ми од мене позајми 50 долари… Без разлика на сè, јас уште те сакав и мислев дека ќе ги решиме сите наши несогласувања. Затоа, кога добив на лото 10 милиони долари, дадов отказ од работа и купив две кати за Јамајка. Но, кога се вратив дома го пронајдов твоето писмо. Па, што да кажам, ништо не се случува без причина… Се надевам дека ќе бидеш среќен во својот живот. Мојот адвокат ми кажа дека благодарејќи на твоето писмо, нема да извлечеш ни денар од мене. Така што… Чао!
Твојата поранешна жена, богата и слободна!“

Тестот кој го подели светот: Кои бои вие ги гледате на овој фустан?

Двобојниот фустан го подели интернетот во две групи и така стана своевиден експеримент за различниот тип на перцепција на различни луѓе.

Фотографијата од фустанот, на интернет првенствено ја постави една блогерка која започна расправа измеѓу нејзините пријатели за тоа кои бои ги гледа.

„Луѓе, ве молам помогнете ми! Дали овој фустан е бело-златен или сино-црн? Моите пријатели и јас не можеме да се сложиме и целосно полудевме!“, напишала таа.


Така, фотографијата се прошири по интернет, а луѓето се групираа во златно-бел тим и сино-црн. Дури и некои славни личности се вклучија во оваа расправа. Меѓу нив се пејачката Тејлор Свифт, а потоа и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан која рече дека таа и нејзиниот сопруг Каније Вест гледаат различни бои на овој фустан.

Причината поради која гледаме различни бои на оваа фотографија е таа што нашиот мозок ги обработува информациите за боите. Кога ќе видите нешто, вашите очи му испраќаат порака на мозокот. Светлината може да варира од најслабо до најсилно, па така мозокот може да ги обработи информациите на различни начини во зависност од добата на денот и условите и така всушност, добивате различни одговори кога станува збор за боите на овој фустан.


Сега кога прочитавте што гледаат познатите личности, кои бои вие ги гледате на фустанот?

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О