Мара му вели на Блажо: Една капка ракија ако пијнеш - нема секс!

Блажо го отвара ладилникот и ја зема ракијата.

Мара: Една капка ако пијнеш,- нема секс!

Блажо се мисли, а Мара му вика:

Што се мислиш толку бе...?

Блажо: Се мислам и се чудам Маро... што е подобро... 12 годишна ракија... или 50 годишна жена?!

ФОТО: Нови обувки и чанти од Кристијан Лобутин – пролет/лето 2015

Кристијан Лобутин крие многу модни изненадувања и константно ја збогатува својата понуда со шик модели кои секоја дама би ги посакала во својот плакар.

Францускиот дизајнер, чиј препознатлив знак е црвениот ѓон, претстави елегантни обувки и чанти за актуелната сезона. Ласерски исечена кожа и метални детали како филигран, понежна варијанта на гладијаторки, класични силуети, транспарентни PVC панели, весели бои кои го заробуваат погледот, егзотични кожи, откачени принтови, мрежест ефект... секој елемент од колекцијата го интензивира женското љубопитство.

За првпат Лобутин си поигра и со тексас, следејќи ја големата џинс манија која започна минатата година.Колекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан ЛобутинКолекција на Кристијан Лобутин

Нејзиниот секс во канцеларија го виде целиот свет, а сега побегна од земјата

Медиумите и понатаму интензивно пишуваат за секс аферата во канцеларија која го обиколи целиот свет.

Жената која неодамна се „прослави“ со секс во канцеларија чии фотографии го обиколија целиот свет, одлучила да ги пресече сите врски со Нов Зеланд каде што се случила аферата и да побегне во родната Велика Британија, објавива австралиските медиуми кои добро се забавуваа со оваа секс афера.



„Таа е прекрасна личност, но направила глупост која имаше последици врз толку многу луѓе“, рекол портпаролот за The Press.

Парот кој стана познат ширум светот поради нивниот секс во канцеларија, поради кој на некое време престанала дури и свирката во блискиот бар, повеќе не работи во осигурителната компанија чии простории ги искористиле за сексуалните игри.



Некој ги фотографирал и фотографиите ги поставил на социјалните мрежи, а тие со брзина на светлината го обиколија светот. Мажот, оженет 50-годишник и татко на две деца, имал подолга канцелариска врска со својата 26-годишна секретарка, која после се` одлучила да побегне од земјата. Како што пишуваат австралиските медиуми, иако неговата сопруга дознала за се` и веројатно ги видела фотографиите, тие и понатаму се заедно.

Докторите ѝ рекле дека ќе умре ако не ослабе: Денес има 57 килограми помалку благодарение на Инстаграм

Џесика Семенс од Екстер обожувала чипс и чоколади. Секојдневното конзумирање на омилените грицки, дури и за ручек, довело до тоа оваа девојка да има дури 140 килограми. Најлошо од сè е што Џесика во тој момент имала само 20 години. Тогаш сфатила дека мора да ослабе.

Проблемите со килограмите за оваа млада девојка започнале уште во детството. Кога имала седум години паднала на час по гимнастика и се повредила, а после тоа морала да престане да се занимава со спорт. Утеха пронашла во храната, па нејзината тежина растела секој ден. Тогаш започнале и малтретирањата на училиште.



„Децата ми зборуваа ужасни работи. Одењето на училиште за мене беше вистински пекол. Често се криев во тоалет“, се присетува Џесика, пишува Daily Mail.

Во тие моменти јадела сè што ќе ѝ паднело в раце. Дури криела од мајка ѝ и татко ѝ што јаде. До 15-та година веќе имала 90 килограми. За само две години Џесика се здебелила за 50 килограми. А дека тоа не било само естетски проблем покажувал и фактот што Џесика толку многу се заморувала кога се движела, што имала и потешкотии со дишењето.



Докторите ѝ рекле дека ако продолжи со тоа темпо, ќе умре додека наполни 35 години. Свесна дека здравјето сериозно и` е загрозено, Џесика одлучила да ослабе. Но, овој пат навистина.

И успеала. Од 140 килограми, колку што имала на почетокот, денес има 83 килограми. Мотивот да ослабе и да го промени начинот на исхрана ѝ го дале нејзините следбеници на социјалните мрежи.



Таа на својот профил на Инстаграм секој ден поставувала фотографии од јадењата кои ги подготвувала очекувајќи од своите следбеници да ѝ кажат колку здрав оброк подготвила.



„Како и повеќето жени на светот пробав многу диети и ниедна не функционираше. Мислев дека сум осудена да бидам дебела цел живот. Но, кога почнав да ги бројам калориите преку апликација на телефонот и да поставувам фотографии од моите оброци на Инстаграм, се изненадив колку коментари добив“, рекла Џесика.



Таа почнала да го бележи напредокот со редовно фотографирање на своето тело и тие фотографии ги поставувала на социјалните мрежи. На тој начин можела и сама да ги следи промените на нејзиното тело, а позитивните коментари ѝ биле поттик да продолжи понатаму.



„Кога и да бев во искушение да изедам нешто благо, на пример, чоколадни бисквити, ќе ги погледнев тие коментари и фотографии. Тоа ми даваше мотив да продолжам со диетата. Ако се откажев, не само што ќе се изневерев самата себе, туку и моите следбеници на Инстаграм“, рекла Џесика.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О