Нов проект во Дубаи: Подводни терени за тенис

Полскиот архитект Кристоф Котала има интересен дизајн за тениски центар во Дубаи. Според него, овој проект би имал голем потенцијал на пазарот и би претставувал комбинација од најдоброто во технологијата. Станува збор за подводни терени за тенис.

„Сè уште нема инвеститори за проектот, но се надевам дека некој заинтересиран ќе се јави. Мислам дека ова е добра идеја, уникатна идеја, а токму Дубаи е совршен град за нејзина реализација“, вели архитектот за Arabian Business.

Неговата намера е во близина на морскиот брег да изгради подводни терени за тенис. Веќе го има завршено иницијалниот дизајн, а сега треба да привлече инвеститори.

Досега во Дубаи се планирани изградби на неколку подводни објекти, а неделава беа соопштени и детали за изградба на вили под морето.

Останува да видиме дали овој концепт ќе биде поддржан од инвеститорите.











Средношколец: Вицепремиерот Пешевски ми кажа дека знаел кој ме праќа на преговори

Средношколците и надлежните во образованието никако да најдат заеднички јазик. По денешната четврта по ред средба во МОН, Владата и МОН донесоа финална одлука само оваа година матурата да се полага по стариот концепт, а екстерното тестирање да продолжи да се применува.Тие сметаат дека нема потреба од понатамошни преговори и ги повикаа учениците од понеделник да се вратат во училишните клупи.



-Владата и МОН донесоа конечен став годинава матурскиот испит да се полага по стариот концепт, односно математика да не се полага и да нема електронско тестирање. За екстерното тестирање ќе нема измени оваа година, но ќе се формираат работни групи кои ќе работат на негово усовршување, истакна по денешната средба вицепремиерот Владимир Пешевски.

Си ја силувал ќерката и направил дете, а тоа што таа го кажа во судницата ја запрепасти јавноста

Таткото кој прв пат ја злоставувал ќерката кога таа имала 10 години, а една година после тоа и направил и дете, осуден е на доживотна робија.

Маж од Англија, чиј идентитет не е откриен, добил доживотна казна затвор откако на суд е кажано дека и го упропастил животот на ќерката интимно злоставувајќи ја. Таткото кој прв пат ја злоставувал ќерката кога таа имала 10 години, а една година после тоа и направил и дете, осуден е на доживотна робија.

Неговите злодела се откриени откако таа останала бремена во своите тинејџерски години, а исто така ја свртел и против маjка и.


Додека гледала како таткото го носат од судницата по читањето на пресудата, девојчето извикало: „Те сакам и ми недостигаш“.

На судот е кажано дека таткото бил единствениот старател на девојчето и дека секогаш кога бил бесен и лут, ја злоставувал.

Иако постојано и ветувал дека ќе престане да ја силува, после секое силување и напад тоа не се случувало, а продолжил да го прави истото се додека не останала бремена.

За да ја прекине бременоста , а никој да не дознае дека била бремена, тој и наредил да продолжи да тренира кик бокс, со што се занимавала некое време.

Девојчето не сакало да открие кој е татко на детето кога полицијата го уапсила, но со тест за потврда на татковство утврдено е дека татко на детето е нејзиниот татко.

Во секој исказ за полицијата, таа изјавувала дека се плашела да го пријави татко и, и дека се уште го сака.

- Злоставувањето го насочи мојот живот во погрешен правец и ми го уништи нормалното детство и адолесценција што секој го заслужува. Се плашев од последиците бидејќи го сакам својот татко. Знам дека тоа што го правеше е погрешно, но пораснав со татко ми. Сакав тој да ја добие неопходната помош, но за жал не се случи тоа и дојде до ова – изјави таа.

Како мажите ја замислуваат и цртаат идеалната вагина?

Откако Elite Daily неодамна објави видео во кое од жените бара да го нацртаат својот идеален пенис. Овој пат доаѓа одговорот од LOLPervs каналот на YouTube, во кој тие бараат од мажите да ја нацртаат идеалната вагина.

Во видеото се гледа дека постои голема разлика во пристапот, а тоа е она што авторите на видеото сакале да го нагласат. Додека жените се конкретни и коментираат што сакаат во обликот на половиот орган на својот партнер, ова видео покажува дека на мажите не им е многу важно како точно изгледа женскиот полов орган.

Дали со биометриските возачки ви треба и меѓународна дозвола?

Меѓународната возачка дозвола е задолжителна за сите кои со возило сакаат да ја напуштат Македонија.

И покрај двојазичноста на новите национални биометриски возачки дозволи сепак и понатаму за управување со возило надвор од земјава ќе ви биде потребна и меѓународна дозвола. Иако бројни примери во соседството го говорат спротивното, сепак возачите не треба да бидат изненадени доколку вон границите на Македонија бидат санкционирани за непоседување меѓународна возачка дозвола.

Меѓународната возачка дозвола оди во комплет со националната возачка дозвола и нејзината важност е 3 години.

Во интерес на граѓаните, освен централата во Скопје преминот Богородица е второто место каде АМСМ ги издава сите потребни документи за излез со возило од земјава.

Тоа се меѓународната возачка дозвола, одобрение за управување на туѓо моторно возило надвор од земјата, зелениот картон и патничкото осигурување.


Граѓаните се недоволно информирани за кои држави им треба меѓународна возачка дозвола.

Иако кон крајот на 90-тите Македонија потпишала билатерални договори со Италија, Шпанија и Франција за управување со моторно возило само со поседување на национална возачка дозвола, сепак тие договори до ден денешен останале нератификувани од нивна страна.

Досегашната пракса на полициите во регионот покажуваше дека единствено македонската возачка дозвола беше потребна за управување со моторно возило. Но доколку сегашниот закон ги обврзува за проверка и на меѓународна возачка дозвола, постои голема можност доколку ја немате да се соочите со парична казна.

Таа живее во срцето на нуклеарна катастрофа: Млада научничка го обожава Чернобил и јаде отровни јаболки

Анонимната научничка станала култна личност во научните кругови, поради возбудливите видео-снимки кои настанале во Чернобил.

Оваа девојка е научничка која се доселила во Чернобил за да докаже дека повеќе била изложена на радијација додека пливала во море и додека посетувала болници, отколку додека престојувала во самиот центар на нуклеарната катастрофа.

Таа не сака да открие како се вика ниту од каде доаѓа, бидејќи според неа важни се научните достигнувања, а не имињата. Целиот свет ја гледал како јаде контаминирани јаболки од дрвјата. Неколку пати ја каснале "радиоактивни" мравки, а рекла дека најмногу била исплашена од бесните лисици во тоа подрачје.

Вистината за убиството на Аркан: Како и зошто е убиен српскиот командант!

Горан Ускоковиќ Сколе е еден од организаторите на убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан по кавгата поради поделбата на парите од трансферот на фудбалерот на Обилиќ, Никола Лазетиќ, пишува српски "Ало!".

Ова е еден од можните мотиви за убиството на Аркан, бидејќи во игра биле големи пари, а другиот мотив е интерес на некои делови на државната безбедност Аркан да исчезне.

Сколе и Аркан се скарале поради Никола Лазетиќ и неговиот трансфер, кој вредел дури 10 милиони марки. Аркан на Сколе му понудил само милион марки, па Ускоковиќ го нарачал неговото убиство.

– Сколе очекуваше дека парите ќе ги подели пола-пола, но Аркан му рече: „Дали си задоволен со милионот?“, на што тој одговорил дека тоа е во ред, иако бил незадоволен и изнервиран од таа, за него навредлива понуда – рекол еден од пријателите на Сколе за српски „Њузвик“.



Веднаш по состанокот со Аркан, Ускоковиќ му прокоментирал на својот пријател: „Овој сака да ме отстрани. Ќе мораме ние…“

Недолго потоа, Аркан е убиен во хотелот „Интерконтинентал“ на 15-ти јануари 2000-тата години, а Ускоковиќ не го добил ветениот милион. Тој бил убиен од страна на членовите на „земунскиот клан“ неколку месеци по ликвидацијата на Аркан.

Сепак, Сколе негирал дека е во конфликт со Аркан и дека тој го нарачал неговото убиство. Тој рекол дека со Аркан бил добар пријател и дека имале заеднички работи во врска со фудбалот и дека вложувале во добри играчи.

– Никогаш не разменивме грди зборови. Кога беше убиен, и се јавив на Цеца и ѝ изјавив сочувство. Без никаков повод бев означуван како организатор на тоа убиство и никој во истрагата не ме спомна – рекол тогаш Ускоковиќ.



За злосторството на 9-ти октомври 2006-тата година се осудени Добросав Гавриќ како извршител на убиството на 35 години затвор, а како соучесници Милан Ѓуричиќ Мики и Драган Николиќ Гаги на по 30 години. И полициските извори и оние од криминалната сфера наведувале едно име како организатор на убиството – Зоран Ускоковиќ Сколе.

Вдовицата на Аркан, Светлана Цеца Ражнатовиќ рекла дека очекува од државата да го даде завршниот збор за смртта на нејзиниот сопруг.

– Решив да не коментирам ништо на таа тема. Оставив државата тоа да го решава. Како што и сами гледате и по 15 години работите се сведуваат на рекла-кажала – изјавила Цеца.

Часови по ЗУМБА со Марјана Станојковска

Време е да се размрдаме со Гуте Фрухте! Марјана ни ги покажува своите потези за влегување во летна топ форма...

Страшна сообраќајна несреќа на рускиот репрезентативец: Со 170 км/ч удри во столб!

Рускиот репрезентативец Андреј Јешченко доживеа тешка сообраќајна несреќа во руски Краснодар.

Јешченко својот автомобил Нисан ГТР во градската зона го возеше со огромни 170 километри на час по што загуби контрола над своето возило и удри во столб. Вистинско чудо е како 31-годишниот фудбалер воопшто успеа да ја преживее оваа страшна сообраќајка, а уште поголемо чудо е тоа што помина без посериозни повреди.




Ставајте гориво: Од понеделник ќе ве чини 150 денари поскапо

Минатиот понеделник сите горива поскапеа за 1,5 денари по литар. Во моментов на бензинските пумпи низ Македонија литар ЕУРОСУПЕР 95 се точи по цена од 69 денари за литар. Бензинот со 98 октани ЕУРОСУПЕР чини 71 денар за литар, а дизелот се продава по цена од 54,5 денари по литар.

Иако силниот долар во однос на еврото ја спушта цената на нафтата на светските берзи, сепак цената на сировата нафта минатата недела достигна највисока цена од почетокот на годинава. На Лондонската берза цената на барелот веќе скокна за 60 центи и достигна 65,69 долари со што ја има највисоката вредност од 10-ти декември минатата година. Деновиве, пак како што пренесува "Франс Прес" американската лесна нафта поевтини на 57,14 центи додека нафтата од типот Брент на берзата во Лондон, која ја увезуваат трговците во Македонија поскапе на 65,29 долари за барел.

Токму затоа од понеделник, македонските трговци на бензини очекуваат и нови повисоки цени. Регулаторната комисија за енергетика по Првомајските празници треба да ги утврди новите цени на горивата, при што се очекува значително поскапување на бензините, според некои неофицијални извори од 3 до 5 денари за литар. Минатиот понеделник веќе сите горива поскапеа за 1,5 денари по литар.


Доколку се решите да наполните резервоар од 50 литри, по поскапувањето ќе платите 150 денари повеќе.

На цената на нафтата влијаат многу фактори, а еден од нив е покриеноста на побарувачката со понудата. Тоа е така бидејќи кога се очекува зголемена потрошувачка цената расте, а кога пак се произведува повеќе отколку што му треба на пазарот, цената паѓа. Најголеми светски производители се Саудиска Арабија, САД, Норвешка и Русија. Саудиска Арабија останува единствениот светски фактор кој директно може да ја контролира цената на нафтата. САД пак се најголеми потрошувачи на нафта. Американците трошат двојно повеќе отколку што произведуваат, додека на Саудијците и Русите за извоз им останува повеќе од две третини од сопственото производство.

Тензија во Персискиот залив: Иранските сили отвориле оган и заземале странски брод, американски уништувач во состојба на готовност

Бродот не сакал да сопре, но по предупредувањето од иранските сили сепак застанал.

Иранската морнарица во текот на денешниот ден заземала еден товарен брод, кој пловел под знамето на Маршаловите Острови, на просторот на Персискиот залив, односно минувал низ Хормушкиот теснец.

Иранските сили најпрво истрелале неколку куршуми како предупредување, а потоа се качиле на бродот кој имал 24 членови на екипажот. Првите медиумски информации наведувале дека станува збор за американски брод, но од Пентагон тоа го демантирале. Иранските извори пренесуваат дека брод бил заземен на основа на "судски налог". Бродот не сакал да сопре, но по предупредувањето од иранските сили сепак застанал.



Товарниот брод, со име "Maersk Tigris" издал сигнал за паника, на што реагирале американски воени авиони и американскиот уништувач "USS Farragut". До поголема ескалација не дошло, а од Пентагон истакнуваат дека американските сили се во состојба на готовност и дека ја следат ситуацијата.

Исто така се наведува дека станува збор за иранска "провокација", иако поединечни ирански извори сугерираат дека овој инцидент нема никаква политичка ниту воена врска. Што точно се случувало ќе се дознае наскоро.

Првата информација, која ја пренела саудиската новинска организација Al-Arabiya, дека бил заземен американски брод со 34 Американци звучела многу вознемирувачки, но за среќа, се воспоставило дека тоа не е вистина.

Денес целулит ѝ „кипе” од сите страни, а некогаш беше секс – бомба

Додека пејачката ги гледала и бодрела синовите за време на фудбалски натпревар, кој го напуштила 10 минути пред крајот, папарацо успеал да зумира дел од нејзиното тело кој не е воопшто ласкав.

Бритни Спирс во таа прилика покажала дека и понатаму варира со килограмите и дека целулит ѝ „кипе“ од сите страни.


Иако за себе може да си овозможи најквалитетна нега, која подразбира личен тренер, здрава храна, редовни масажи и креми против оваа досадна напаст, Бритни очигледно веќе со години не може да се избори со тоа.


Иако целулитот им е најголем непријател речиси на сите жени во светот, фановите се згрозени и коментираат дека е недопустливо некогашната убавица вака да се запушти.


На Бритни, се чини, дека нешто не ѝ било по волја кога се враќала од натпреварот, затоа што на една фотографија се гледа дека бесно ја отворила устата, како да вика по некого.

Инаку, поп принцезата, која се прослави со песната „Baby one more time", некогаш изгледаше вака.


Како изгледа една забава во домот на „Кралот на Instagram“, Ден Билзеријан?

Мултимилионерот Ден Билзеријан е 34-годишниот покер играч, најдобро познат како „Кралот на Instagram“. А неговите фотографии и видеа на социјалните мрежи покажуваат дека живее живот на кој повеќето мажи би му завиделе.

Неговите домашни забави во куќата во Лос Анџелес, се познати како најлудите во светот на славните. На ваквите забави често присуствуваат познати личности и богаташи кои, сосема очекувано, го споделуваат ова искуство со „обичните смртници“ на интернет.




Оваа забава беше со цел да се соберат пари за хуманитарната организација на хаус диџејот Стиве Ајоки. На забавата имало и вистинска жирафа, која била главната атракција на настанот.



Секако, меѓу гостите се најдоа дозна познати лица од шоу бизнисот, меѓу кои и актерот Вин Дизел и раперот Лудакрис.



Иако сирените не постојат, Билзеријан имал најмено неколку да пливаат во неговотбазен.



Очигледно некои дошле голи, па морало да им се нацрта облека.



Mани Сафа, потпретседател на агенцијата Somo, еден од гостите на забавата вели: „Кога ќе ве поканат на забава организирана од Ден Билзеријан, не одбивате. Сепак, се разбори за хумани цели.... особено кога ќе ви бидат ветени жирафи, сирени, огнени перформанси, полуголи жени и бројни ѕвезди. Во стилот на Ден Билзеријан.“



Билзеријан постави и видео од забавата на Facebook што го посвети на неговиот сосед кој „упорно неуспешно ме пријавува во полиција“.

Подобро ќотек од мајка отколку од полиција (видео)

Откако го препознала својот син меѓу демонстрантите во Балтимор, една мајка му влепи неколку воспитни на младото момче и го одведе дома. Видеото и постапката на мајката и дадоа титула Мајка на годината.

Протестите почнаа на денот на погребот на Фреди Греј кој почина во полициски притвор пред една недела. Греј починал поради сериозните повреди кои му ги нанеле полицајците, што предизвика гнев кај голем дел од жителите на градот.

Сепак, оваа мајка не сака нејзиниот син да биде дел од насилствата и самиот да се доведе во потенцијално опасна ситуација, па со неколку шамари пред камерите, го прати дома.

Фотографии во боја покажуваат како изгледал животот пред 100 години

Минатото најчесто го гледаме низ црно-бели фотографии, но фотографот Мервин О’Горман правел фотографии во боја во 1913 година користејќи посебна техника.

Тој ја фотографирал својата ќерка Кристина, облечена во црвена боја, на различни локации во Велика Британија. Првата техника за колор фотографии била патентирана од браќата Лумиер во Франција.

Фотографот Мервин починал во 1958 година, а неговите фотографии направени во 1913 година претставуваат прекрасен пример за тоа како изгледал животот пред сто години, пренесува Bored Panda.















Реакцијата на Џек Николсон за првата фотографија од Џаред Лето како Џокер

Џек Николсон се чувствува на истиот начин како и ние кога станува збор за изгледот нановиот Џокер. Самиот избор на Џаред Лето за улогата на Џокер во филмот „Suicide Squad“ е чуден, но на крајот сите го прифатија тоа.

Мора да се признае дека и Хит Леџер изгледаше како чуден избор за Џокер во „The Dark Knight“, но неговата изведба на крајот испадна брилијантна.

Дејвид Ајер објави фотографија од Џаред Лето како Џокер во петокот, а веќе на интернет може да се видат најразлични реакции. Една од нив е и ова видео во кое е прикажана реакцијата на Џек Николсон на фотографијата. Се разбира дека станува збор за уште една шега.




Audi A7 quattro: Колку е вистински моќен quattro погонот?

Audi со новото видео оддава почит на својот quattro погон кој годинава полни 35 години. За прв пат овој систем дебитираше во 1980 година на моделот Audi Quattro, а во меѓувреме стана еден вид заштитен знак на германскиот производител и вистински бенд меѓу погоните на сите четири тркала.

Во текот на годините моделите се менуваа, но quattro опцијата остана изборот на оние кои сакаат нешто повеќе од своето Audi. Во последните години Audi лансираше и SUV и кросовер модели, со што овој погон доби уште повеќе важност. Сепак компанијата сака да покаже дека со quattro погонот дури и лимузините можат да совладуваат тешки терени.


Тие го тестираа Audi A7 Sportback quattro на дините во околината на Дубаи, каде вообичаено возат теренци со многу поголеми тркала и поголемо растојание од површината до подвозјето на автомобилот.

Не е лесно да се биде манекенка во Русија...

Две руски манекенки за потребите на една кампања, морале да прегрнат вистинска мечка, и тоа носејќи само долна облека.

Мечката била партнер на моделите Марија Сидоровој и Лидија Фетисовој во фотокампањата на уметничката Олга Баранцева, чија цел е да го спречи ловот на мечките.

Животот на оваа мечка ѝ го спасил извесен Јури Пантеленко, откако ја пронашол повредена во шума и раздвоена од својата мајка.

Бидејќи од тој ден самиот ја пораснал, таа никогаш нема да може да се врати самостојно во природата. Затоа сега често се појавува во руски филмови, но и во кампањи како оваа.

За да ја "подмитат" мечката, снимателите и давале моцарела и колачиња.

"Реалноста е многу полуда од имагинацијата, кога се среќавате со едно толку големо животно. Го галев, разговарав со него, се криев под неговите огромни шепи", рекла манекенката Марија.

Славните сестри се пофалија со својот природен изглед: Која изгледа подобро без шминка?

Кендал Џенер станува сè позначајно име во светот на модата и покрај критиките дека младата манекенка е само уште едно "дете на славни лица". Дека тоа не е сосема така тоа го покажуваат многубројните ревии и кампањи кои се зад неа, а сега таа одлучи да ни покаже како изгледа и без шминка.

Помладата сестра на Ким Кардашијан на својот Instagram профил сподели фотографија од бекстејџот на една ревија, на која таа нема ниту грам шминка.

Иако ја гледавме како расте пред телевизиските камери во популарното реално шоу "Во чекор со семејството Кардашијан", Кендал ни откри нешто што многумина не го знаеја за неа, а тоа е дека манекенката има пегички на лицето.

Сепак, дури и со мали точки на лицето, деветнаесетгодишната манекенка изгледа сосема шармантно. Освен тоа, Кендал може да се пофали и со совршен тен, па не нè чуди што токму таа стана заштитно лице на многу големи козметички куќи, како што е на пример Estee Lauder.

Нејзината славна сестра Ким, до сега ни покажа речиси сè, но во јавноста таа ретко се појавува без шминка и комплетно среден изглед. Сепак, и таа овојпат се одлучи да ни покаже како изгледа без грам шминка.

Па, што мислите, која од славните сестри изгледа подобро без шминка?

Тирана и пиша на Москва: Што се мешате во Македонија?

Албанското МНР го повикало рускиот амбасадор во Тирана за да протестира поради "неприфатливото" и "дестабилизирачко" соопштение околу ситуацијата во Република Македонија.
Рускиот амбасадор бил повикан во МНР-то во Тирана за да албанската дипломатија протестира околу соопштението на руското МНР во кое се посочува на планови за т.н. „Голема Албанија”.

Како што пренесоа медиумите на албански јазик, албанското МНР ја изразило својата разочараност на амбасадорот Александар Карпушин во врска со „неприфатливата изјава и наводите на Русија”, да се поврзе неодамнешниот инцидент во Македонија со владите на Албанија и Косово. Според Тирана, оваа изјава претставува уцена и е лоша за конструктивната клима која Албанија, Косово и нејзините соседи се обидуваат да ја градат во регионот. Тоа, според реакцијата на албанската дипломатија, исто така претставува непочитување на најдобрите принципи на меѓународното право.

- Албанија е суверена земја, членка на НАТО и кандидат за ЕУ и било кој акт на уцена против оваа земја треба да се третира во овој контекст- порачала Тирана. Албанското МНР му порачало на рускиот амбасадор дека Москва треба да се соочи и да ја прифати новата реалност во регионот на Западен Балкан и да го признае придонесот на независноста на Косово за мирот, стабилноста и демократската иднина на регионот.

Се предаде македонскиот крал на местенките Христијан Илиевски!

Италијанската телевизија "Медиасет" јавува дека вчера на аеродромот "Орио ал Серио" во Бергамо слетал и веднаш им се предал на полицајците, македонскиот "крал на местенките" Христијан Илиевски.

По три години бегство, Илиевски, кој е директно обвинет за местење на серија на натпревари во Италија изненадувачки самиот им се предал на карабињерите, кои веднаш го транспортирале во затворот во Кремона.



Како што го нарекува телевизијата, „циганскиот бос“ од Македонија рекол дека е спремен да соработува со полицијата и од поодамна потврдува дека заедно со 30 професионални фудбалери во Италија, местеле официјални натпревари во неколку лиги на „чизмата“.


Во полицискиот извештај се наведува дека Илиевски водел цела банда која ги контактирала фудбалерите пред нивните натпревари. Деновиве се очекува став на јавниот обвинител и нови детали околу долго годишниот случај со наместени натпревари на апенините.

Снимки од дрон: Погледнете што направил земјотресот во Непал

Бројот на загинати константно расте, а преживеаните се борат со глад, жед и разни болести.

Повеќе од 48 часа по потресот со магнитуда од 7,8 степени кој го погодил Непал, и во кој загинале повеќе од 3.700 луѓе, станува многу јасно колкав е обемот на уништеност.



Додека луѓето во Катманду ги бараат своите сакани и се обидуваат да најдат дом и храна, видеата снимени со помош на дрон најдобро покажуваат колкава штета предизвикал саботниот земјотрес.


Кишор Рана кој објавил едно до видеата снимени од воздух, напишал дека ова е тешко време за Непал, но дека во вакви времиња сите мора да бидат обединети.

Повеќе илјади луѓе загинале, а 6.500 се повредени. Многумина останале без своите домови, а земјата изгубила и културни наследства. Во земјотресот, како што е видливо на снимките, биле уништени бројни историски и културни споменици.

На луѓето во Катманду им недостигаат засолништа, гориво, храна, лекови. Ситуацијата веројатно ќе стане и полоша во местата до кои не може да се дојде поради одроните.

Според пишувањето на Independent, тагата полека се претвора во бес, додека расте стравот од жед, глад и болести.

"Никој од владата не дојде да ни понуди ниту чаша вода", се пожалила една од жртвите на земјотресот.

Околу 30.000 луѓе моментално живеат во 16 импровизирани кампови надвор од Катманду.

Фотографии од детството на тениските ѕвезди

Денес ги препознавате како дел од најголемите тениски ѕвезди, а за да стигнат дотука Ноле, Роџер, Рафа и останатите со тенисот започнале на навистина рана возраст. Во продолжение можете да погледнете како изгледале во детството.

Викторија Азаренка



Томас Бердих



Ежени Бушар

заедно со Марија Шарапова



Станислас Вавринка



Каролин Вознијацки



Ернест Гулбис



Новак Ѓоковиќ



Рафаел Надал



Роџер Федерер



Кеи Нишикори



Милош Раониќ

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О