Како се бранеше Јанкулоска во 2013 по обелоденувањето на аферата со становите



Денешната таканаречена бомба на опозицијата откри разговори помеѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и министерот за финансии Зоран Ставрески во кои што тие се советуваат и зборуваат за купување станови коишто сакаат да останат далеку од очите на јавноста.

Кога во 2013 година портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на прес конференција ја обелодени аферата поврзана со зградата на улицата Димче Мирчев каде што станови имаа купено фунцкионери на ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои и министерката Јанкуловска, таа тогаш возврати со тужба за Шилегов. Тужбата ја доби на првостепениот суд, но годинава Апелацискиот суд ја отфрли.

– Сите надлежни институции го потврдија тоа. Немам купено станови од 214 квадратни метри. Имотниот лист го докажува тоа. Не е точно дека немам подигнато долгорочен кредит. Договорот со Шпаркасе банка го потврдува тоа. Државната комисија за спречување на корупција го потврди тоа. Петре Шилегов лаже, ова е дел од писмената реакција на Гордана Јанкуловска од септември 2013,

Јанкулоска тогаш ги повика сите новинари кои се сомневаат дека е можно нешто од тоа што го говори портпаролот на СДСМ да биде вистина да направат увид во документите, „со што ќе се уверат и лично во клеветите и манипулациите кои во континуитет се пласираат'.

Извадок од денешните транскрипти од новата таканаречена бомба на СДСМ
ЗС: Ааа...ај нејќам друго по телефон. Сакав тоа да те барам...пошто она...девојчето ни кажа тогаш, неколку што се вака available и рече: видете, што – кои, па сакав само да те прашам вашиот кај беше и на која страна од тие што се таму, ама...
ГЈ: Знаеш како е...према Водно и према Шар Планина. Практично накај вас, мислам дека натаму му доаѓа, у тој правец.
ЗС: Добро. Мхм.
ГЈ: Али јас сум да ти кажам...
ЗС: 89 беше или колку?
ГЈ: А бе ние 2 нели, ти си заборавил!
ЗС: Ама едниот. Не, не, не сум заборавил.
ГЈ: Едниот...ха, ха, ха. Ти ме убеди и заборави. Delete стисна.
ЗС: Не, не. Ама како сега, едниот беше 89, другиот 50 или?
ГЈ: Не, не. Вака беше Зоки. Едниот, едниот беше 89, ама нас ни требаше уште едно мало просторче за точаците. Пошто знаеш ние имаме проблем. Па земавме од другиот и го направивме 92, а другиот беше околу 70 остана, така некако мислам.
ЗС: Аха.
ГЈ: Или 60 и неколку дојде,
ЗС: Ооо, па вие сте се претерале бе. Ха, ха, ха.
ГЈ: Е па ти, ти што ми кажа сега...Ааа не заебавај. Ха, ха, ха.
ЗС: Добар, добар совет. Тоа е најдобар што си го у живот добила.
ГЈ: Така да супер испадна. И тоа после тоа бевме ние, пошто ние нели апла на време ја фативме работава. И ставрно како го имаат направено, значи едно е кога ја гледаш скицава, кога ќе отидеш таму, преубаво изгледа.
ЗС: Е ај ја ако договориме нешто...како да се отиде до таму, а да не биде забележано? Тоа ми е, да не биде...
ГЈ: Има како.
ЗС: Има?
ГЈ: Знаеш како. Со кола се влегува скроз во објектот, доле. Ќе се договориме...
ЗС: Добро. И нема таму вработени други?
ГЈ: Може некој мајстор да има...
ЗС: Навечер?
ГЈ: Не бе, преку ден. Ама ќе и речеме на Драгана подискретно да се тргнат мајсторите, нагоре да нема никој.
ЗС: Не бе, или приквечер, навечер. Не мора...зашто да се...
ГЈ: А бе нема светло навечер...
ЗС: А нема ич.
ГЈ: Пошто тоа е објект во градба и...
ЗС: Е па приквечер, добро кога нема ...
ГЈ: Приквечер дур има уште малку дневна светлина, иначе супер е. Влатко и вртеше на Драгана мислам, вчера-завчера, за да довршиме, нели треба договор да потпишеме, сите тие работи. Ама не му се јави, па не го препрашав дали ја добил во меѓувреме. Иначе многу е фина.
ЗС: Знам, знам.
ГЈ: Мислам мене ептен добар впечаток ми остави...
ЗС: Добро.
ГЈ: И многу се одговорни. На пример ќе им кажеш тоа и тоа, и еднаш ќе им спомнеш, не треба два пати.
ЗС: Да.
ГЈ: Само ќе ти јави, завршено е, што мене ми се допаѓа, пошто јас така функционирам.
ЗС: Да де да. Добро.
ГЈ: А има за дискретност...
ЗС: Ама имам уште еден проблем ја, во размислувањето сега. Кога више фатив да го размислувам тоа. Ха, ха. После ми текна за ова другово и викам чекај сега да го видам, како да го, како да го...во реализацијата...
ГЈ: Аха...
ЗС: Значи не е спорно од аспект на идејата дали, поише од аспект на реализација. Како да идам со тоа, дали да идеме на друго некое вака, суштество или...
ГЈ: Да де да, те разбирам. А бе јас мислев...
ЗС: Пошто, не е за ова што зборат, што би рекол овој...
ГЈ: Ха, ха. Да, да, да.
ЗС: ...нашиов што зборат...него поише од друг аспект. Од аспект на, на... антикорупциска, тие што се, треба да се пријавува...
ГЈ: А бе знам. Јас го мислев, ама...
ЗС: Да се прави целата таа работа.
ГЈ: Ние уште не...
ЗС: Од тој апсект, не ова другово. Другово, па и другово ќе си се појави по некое време. Ааа, ќе рече види, види...
ГЈ: Комшии. Први комшии.
ЗС: Ааа, тоа е тоа.
ГЈ: Таман до нас, не знам дали има. Ха, ха, ха. И супер.
ЗС: И тоа више оди докажи после дека не е смислено...
ГЈ: А бе нека пукнат, нека зборат, што сакаат нека прават, нека кршат глава.

Бомба36: Министерски станови далеку од очите на јавноста



Груевски и неговите соработници се трудат по секоја цена да останат на власт и тоа го прават за пари, обвини денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, објавувајќи ја 36-тата таканаречена бомба на СДСМ во кампот пред владата.

„Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко купиле два стана, со надградено поткровје. Порано прашавме за тие станови, но никој не одговори. Гледаме дека стан си земал и Ставрески. Од каде толку пари имала ексминистерката? Се работи за станови во фамозната зграда на ВМРО-ДПМНЕ на улицата Димче Мирчев бр. 20 во Скопје. Тука дошол и министерот за финансии Зоран Ставрески. Но дали станот на министерот Ставрески е на име на неговиот прв братучед Владимир Ефтимовски, кој ја врши функцијата претседател на управниот одбор на Стопанска банка – Битола“, рече портпаролот Шилегов при објавувањето на 36-тата бомба.

1.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ЗС: Горде.
ГЈ: Е.
ЗС: Она што...ако се сеќаваш, кога бевте во Виетнам ти побарав една web адреса.
ГЈ: Да.
ЗС: Е. Па...што...така ми текна мене у некој, некој момент на инспирација, си викам ја ај добро совет што и давам на Горде, него и ја што не си направам исто така. Ха, ха.
ГЈ: Па да ти кажам паметно ти текнало. Некад имаш добри идеи. Ха, ха.
ЗС: И почна онака, црвот да ме јаде. И викам – чекај бе - што јас не си направам нешто лично, и онака стојат вака безвезе, без ништо.
ГЈ: Да де да.
ЗС: И ај викам, не мора одлука да донесеме, ќе разговарам дома, да видам што-како. Спомнав дома, немаше нешто реакција негативна или позитивна посебно.
ГЈ: Да де да.
ЗС: Вика – ај да видиме, демек што-како. И отидовме у...му се јавив на овој мојов...
ГЈ: Аха.
ЗС: Отидовме до кај него на работа, се сретнавме со таткото и со ќерката...
ГЈ: Аха.
ЗС: Ко за беља баш тогаш влезе директорот, на....главниот што е, на банката...
ГЈ: Ахааа.
ЗС: Не виде, ама тоа е сега.
ГЈ: Е па добро сега.
ЗС: Како и да е, они ни го дадоа тоа да го погледнеме каталогот и требаше баш беше дента пред да тргнеме на одмор.
ГЈ: Аха.
ЗС: И немавме време ние наредниот ден, пошто беше последен ден пред одмор да одиме, да видиме. Пошто они одма, нема проблем, одберете, што-како...
ГЈ: Не, ама ептен се...
ЗС: Одма да прекинеме со праење, во друга насока ако сакате...
ГЈ: Да, да, ептен се.
ЗС: Е сега ние не можевме тогаш, па сега треба...поради ова...да не беше со Кети и до сега ќе го покреневме тоа. Па...
ГЈ: Супер идеја.
ЗС: Сакав чисто вака да знаеш...
ГЈ: Да бе да, супер идеја. Добро ти текнало.
ЗС: Ааа...ај нејќам друго по телефон. Сакав тоа да те барам...пошто она...девојчето ни кажа тогаш, неколку што се вака available и рече: видете, што – кои, па сакав само да те прашам вашиот кај беше и на која страна од тие што се таму, ама...
ГЈ: Знаеш како е...према Водно и према Шар Планина. Практично накај вас, мислам дека натаму му доаѓа, у тој правец.
ЗС: Добро. Мхм.
ГЈ: Али јас сум да ти кажам...
ЗС: 89 беше или колку?
ГЈ: А бе ние 2 нели, ти си заборавил!
ЗС: Ама едниот. Не, не, не сум заборавил.
ГЈ: Едниот...ха, ха, ха. Ти ме убеди и заборави. Delete стисна.
ЗС: Не, не. Ама како сега, едниот беше 89, другиот 50 или?
ГЈ: Не, не. Вака беше Зоки. Едниот, едниот беше 89, ама нас ни требаше уште едно мало просторче за точаците. Пошто знаеш ние имаме проблем. Па земавме од другиот и го направивме 92, а другиот беше околу 70 остана, така некако мислам.
ЗС: Аха.
ГЈ: Или 60 и неколку дојде,
ЗС: Ооо, па вие сте се претерале бе. Ха, ха, ха.
ГЈ: Е па ти, ти што ми кажа сега...Ааа не заебавај. Ха, ха, ха.
ЗС: Добар, добар совет. Тоа е најдобар што си го у живот добила.
ГЈ: Така да супер испадна. И тоа после тоа бевме ние, пошто ние нели апла на време ја фативме работава. И ставрно како го имаат направено, значи едно е кога ја гледаш скицава, кога ќе отидеш таму, преубаво изгледа.
ЗС: Е ај ја ако договориме нешто...како да се отиде до таму, а да не биде забележано? Тоа ми е, да не биде...
ГЈ: Има како.
ЗС: Има?
ГЈ: Знаеш како. Со кола се влегува скроз во објектот, доле. Ќе се договориме...
ЗС: Добро. И нема таму вработени други?
ГЈ: Може некој мајстор да има...
ЗС: Навечер?
ГЈ: Не бе, преку ден. Ама ќе и речеме на Драгана подискретно да се тргнат мајсторите, нагоре да нема никој.
ЗС: Не бе, или приквечер, навечер. Не мора...зашто да се...
ГЈ: А бе нема светло навечер...
ЗС: А нема ич.
ГЈ: Пошто тоа е објект во градба и...
ЗС: Е па приквечер, добро кога нема ...
ГЈ: Приквечер дур има уште малку дневна светлина, иначе супер е. Влатко и вртеше на Драгана мислам, вчера-завчера, за да довршиме, нели треба договор да потпишеме, сите тие работи. Ама не му се јави, па не го препрашав дали ја добил во меѓувреме. Иначе многу е фина.
ЗС: Знам, знам.
ГЈ: Мислам мене ептен добар впечаток ми остави...
ЗС: Добро.
ГЈ: И многу се одговорни. На пример ќе им кажеш тоа и тоа, и еднаш ќе им спомнеш, не треба два пати.
ЗС: Да.
ГЈ: Само ќе ти јави, завршено е, што мене ми се допаѓа, пошто јас така функционирам.
ЗС: Да де да. Добро.
ГЈ: А има за дискретност...
ЗС: Ама имам уште еден проблем ја, во размислувањето сега. Кога више фатив да го размислувам тоа. Ха, ха. После ми текна за ова другово и викам чекај сега да го видам, како да го, како да го...во реализацијата...
ГЈ: Аха...
ЗС: Значи не е спорно од аспект на идејата дали, поише од аспект на реализација. Како да идам со тоа, дали да идеме на друго некое вака, суштество или...
ГЈ: Да де да, те разбирам. А бе јас мислев...
ЗС: Пошто, не е за ова што зборат, што би рекол овој...
ГЈ: Ха, ха. Да, да, да.
ЗС: ...нашиов што зборат...него поише од друг аспект. Од аспект на, на... антикорупциска, тие што се, треба да се пријавува...
ГЈ: А бе знам. Јас го мислев, ама...
ЗС: Да се прави целата таа работа.
ГЈ: Ние уште не...
ЗС: Од тој апсект, не ова другово. Другово, па и другово ќе си се појави по некое време. Ааа, ќе рече види, види...
ГЈ: Комшии. Први комшии.
ЗС: Ааа, тоа е тоа.
ГЈ: Таман до нас, не знам дали има. Ха, ха, ха. И супер.
ЗС: И тоа више оди докажи после дека не е смислено...
ГЈ: А бе нека пукнат, нека зборат, што сакаат нека прават, нека кршат глава.



2.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски

ГЈ: Со тоа што јас сум кредитобарател на целиот кредит а он е ко-кредитобарател, тоа му доаѓа како двајцата да сме зеле заедно кредит...
ИК: Така де така...А ќе ставате по еден фрижидер во едно, друг у друг? хахаха
ГЈ: Па више купивме за двата стана фрижидери, телевизори уште неаме два ама два ќе се купат, све по два, нема кај нас тоа...
ИК: Чиста работа
ГЈ: Ние сме си многу практични луѓе
ИК: Така бе така...


3.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски

ГЈ: Кредитот е еден кредит со двајца кредитобаратели значи ко-кредитобаратели двајца...
ИК: Да де да...
ГЈ: Од истата банка под истите услови
ИК: Добро...
ГЈ: И се однесува тој кредит на отплаќање на целата сума пошто тоа е и еден договор
ИК: Така де така
ГЈ: Само што се вака два простори. Ете ќе речат овие изгледа ќе се разведуваат чим поделиле све
ИК: Ако де ќе глеаме сеир... ќе видиме што ќе пишуваат ја мислам дека нешо многу многу нема да им мењаат одговориве
ГЈ: Не ама и не им врши работа ваков одговор. Да речеш не е пријавено, нешо така, нема ништо
ИК: Ама добро они нема да идат на таа варијанта, они ќе идат на патетика. Луѓе немаат леб да јадат оваа купила стан сеа купила уште два стана... тоа е тоа, они би сакале да се сите на питачки стап и на улица леб да немаат
ГЈ: Мислам тоа е нивниот главен аргумент, пријавил, непријавил од кај ти се парите и паѓа у вода...мислам ја тоа свесно сум го направила така.


4.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски

ГЈ: Абе кај, кој ќе им го пренесе бе Иво, кај на Плусинфо?
ИК: Не бе шо... Плусинго, Бриф и она како им се вика а1он
ГЈ: Да, шо сакаат да праат... не знаеш шо, мислам они ќе го кажат еднаш, двапати, петпати колку шо ќе го кажат и ќе издише тоа
ИК: Толку бе толку...
ГЈ: Башка не е тоа нешо шо е сеа, од 2011 е
ИК: Да, да...
ГЈ: Значи две години поминале, не е као ја нешо кријам, праам шема.. тоае ќе ги видиме шо ќе пишат
ИК: А бе јас не сум прашал. Мислам дека знам која зграда е. Мене карши...
ГЈ: Оваа бе до нас, овде што е.
ИК: Која бе до нас што е?
ГЈ: Од прозор што ти се гледа.
ИК: Во оваа тука?
ГЈ: Да.
ИК: Ха. Леле значи што муабети вадат по град. Ја па друга мислев дека е.
ГЈ: Која бре. Дај да чујам.
ИК: Еден пријател, Ико, оној што го држеше Броз кафе...
ГЈ: Аха.
ИК: Жена ми е старосватица на жена му, не е битно, се знаат од времето. Сега има кафич не знам како му се викаше, Кино Култура ли, не знам како точно. Не ми текнува, нов е кафичот, забутан е, одма таму зад Буњаковец...
ГЈ: Аха.
ИК: Е таму у тие згради, нови што се градат, уште не се мислам дека ни вселени, таа карши него што се гледа, он ми тврдеше, вика – а бе министерката твоја земала стан.
ГЈ: Не. За жал не. Не бе овдека, оваа зграда до нас што е. Низ прозор што се гледа.
ИК: Многу далеку.
ГЈ: Мислам јас не кријам, тоа сама си кажувам.
ИК: А кај ќе биде сместен полицаецот сега?
ГЈ: На пријавница овдека.
ИК: Ха, ха. Со обезбедување ќе доаѓа на работа.


5.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески (се вклучува сопругата на Ставрески)
ГЈ: Ало
ЗС: Горде шо праиш?
ГЈ: Ништо еве, по дома. Ти шо праиш?
ЗС: Еве со Антоанета нешо збориме за ова, за зградата па нешо мене ме прашува она, па место мене да ме гњави, ај тебе нека те гњави малце
ГЈ: Аајде
АС: Каков ми е уводот од конекторот
ГЈ: Мислам вака мислиш кој знае со каква тортура ќе се соочам
АС: Сеа ќе вииш колку е едноставно, брзо. Прво прашање, каква боја на внатрешни врати одбравте?
ГЈ: Бели.
АС: Белии?
ГЈ: Да
АС: Значи ти ко шо се во другите...
ГЈ: Па да, мислам практично таа е основната боја они шо ја нудат ама нас ни одговара.
АС: Аха. А имате идеја што намештај ќе ставате во станот?
ГЈ: Да, да, ние више и нарачавме дел...
АС: Која?
ГЈ: У дневната ни е бела кожна гарнитура...
АС: Бела кожна гарнитура, мхм...
ГЈ: Масата е нешто бордо стакло е горе и како алуминиум така нешо метално ногарки... столчињата се ми се чини пластични ама таа некоја пластика сеа као модерни биле, не знам и ја каква...
АС: Добро..
ГЈ: А кујната ни е бордо пошо нели отворено ни е таму, тука тој дел и ќе се гледа, значи бордо и бела е комбинацијата, тоа за сега што имаме определено со метални елементи
АС: Значи ти си ја протна твојата бордо боја
ГЈ: Е па нема, ја коа ќе запнам нешто...
АС: Коа ќе запнеш... се сеќавам коа беше со точките дека таа боја нешто ти се допаѓаше...
ГЈ: Да, да, да... е па имаме така дел и од плочките, некои такви детали со бордо се знаеш, ние ги земавме тие мозаик малите и има во дел од мозаикот на бордо...
АС: На таа боја. Океј а денеска колку што ѕирнав коа поминав значи не влегов, немате вие паркет ставено...
ГЈ: Не знам ние не сме отишле би требало да стават...
АС: Значи вие сепак одите со паркет во станот не одите со плочки затоа што ја тоа што го видов немаше наредено
ГЈ: Не ние у дневната значи... дневната тој дел е паркет а ходниците, оставите тие работи, не се сеќавам за спалната дали нарачавме... еве Влатко ми довикува...
АС: Со плочки ќе одите?
ГЈ: ... не паркет и таму сме нарачале
АС: Добро затоа што ако е плочка може затоа не сум видела, не видов паркет значи треба одма да видам паркет како почнува од вратата... значи за паркет...
ГЈ: Ако сте за паркет мене ми пратија две парчиња од паркетот
АС: Добро...
ГЈ: Мислам чисто знаеш за да видам како изгледа налакирано, оти има и посветла и малку по така
АС: Да, јас ги видов денеска тие две парчиња со мат и сјајно
ГЈ: Е да...
АС: И не гледам некоја голема разлика помеѓу тие две парчиња, мене скоро слично ми изгледаа
ГЈ: Па и мене, едино едното малку ко посветло ми се виде
АС: И за што се решивте, за таа големина?
ГЈ: Па за посветлото... да да, таа што беше, претпоставувам ти ги покажале истите парчиња мене што ми ги покажаа, тоа што беше по мат и посветлото парче пошо нели на бела боја посветло одговара, другото беше по на дрво по така...
АС: Да, да... и големината таа они што ја нудат...
ГЈ: Па да....
АС:...се распрашав, во куќава имаме ставено и поширок и подолг паркет, таков повеќе ми се допаѓа и ми покажаа и такви парчиња дека има само се од втора класа ама не се гледа воопшто никаква разлика со ова што е од прва класа...
ГЈ: Е па ние не ни знаевме дека има таква опција и нарачавме од другиве
АС: Добро ,е па тоа ми беа прашањата, долга бев? Изгњавив?
ГЈ: Не бе, ти остај... остав воведот батали го. Абе ние можно е во недела или да видиме Драгана коа ќе биде слободна викендов и зависи со ова у Собрание каква обврска ќе имам, може а одиме оти она рече дека ќе... до крај на работнава недела ќе ги завршат целосно купатилата
АС: Тоа може, тоа да...
ГЈ: И со се елементи со се све, може да се види оти ние прошлиот пат коа бевме мсилам океј доста е направено ама нема нешто овака немаше нешо многу да видиш...
АС: Е па немаше многу оти кај нас посопоро оди на нашиот кат работава...
ГЈ: И последни ги прават....
АС: И последни ги прават... а доле побрзо оди работата и јас веќе а вративе коа влегов, финиширани се од први и втори неколку реда од станови...
ГЈ: И не знам дали кај вас го завршиле тоа со скалите што се внатре за на тераса, кај нас мене многу ми се допадна како ги направија...
АС: Нее, кај нас нема да може како кај вас да биде, затоа што одма е коа ќе влезеш ќе треба да удриш на скалите, така кај нас ќе биде како монтажно решение
ГЈ: Аха.. они што се извлекуваат...
АС: Што се извлекуваат да... иначе не би можело да стои, ќе одам ќе поминам следниот пат да видам како го направиле кај вас...
ГЈ: Кај нас имаше доволно простор и така не е многу стрмно нагоре како полукружно некако сеа ама фино е испаднато и терасата горе, терасата мене...
АС: Терасата е убава...терасата е убава и таа е завршена скоро. Не ми се допаѓа што не не консултирале барем нас, она што е како прикриено како собичка, многу ми е метално тоа што се рамките за стаклата на прозорите ама сега тоа е тоа...
ГЈ: Абе ние првично мислевме дека таму нема да има такви прозори знаеш...
АС: И јас не знаев дека ќе има...
ГЈ: Таков впечаток имав. И коа отидовме гледаме фактички тоа е 12 квадрати не е баш малечко
АС: Да, не е мало и јас не знаев дека ќе има соба...
ГЈ: И глеам уше едно собче плус и викам супер...
АС: Све е супер само требале да стават од тие белите исти она пластика што е за стакло прозори за да биде усогласено, така али океј
ГЈ: Да деда, више го напраиле али терасите се фантазија мислам ептен ми се допаднаа..

Прекрасни русокоси му се смеат на еден македонец

Се работи за скриена камера снимена во Тетово. Да ги поддржиме споделете го видеото!

Син на корумпиран азербејџански министер стана почесен конзул во Македонија

Анар Мамадов, син на азербејџанскиот министер за транспорт Зија Мамадов, е назначен за почесен конзул на Азербејџан во Македонија. Медиумите во Азербејзџан ја пренесуваат веста дека македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски го назначил Мамадов за конзул, пренесувајќи ја неговата писмена изјава во којашто Попоски за одлуката го известува азербејџанскиот министер за надворешни работи. 

Амар Мамадов во средина


- Основачот на една од најголемите компании во Азербејџан, „Гарант Холдинг“, основачот и претседател на Азербејџанската голфска федерација и основачот на Азербејџанско-американската алијанса е назначен за почесен конзул на Азерјбеџан во Македонија со цел „понатамошно зајакнување и развој на врските помеѓу двете држави“, вака медиумите во Азербејџан блиски до власта ја пренесуваат веста за новата, дипломатска обврска и укажана чест на синот на тамошниот министер.

На површината, референците на младиот азербејџански бизнисмен звучат допадливо. Но, ако неговата биографија се погледне низ призма на новинарските истражувања посветени, тогаш Амар Мамадов го симболизира раскалашеното потомство на корумпираната азербејџанска политичка елита.

Синот Мамадов директорува или е акционер во низа компании кои благодарение на силните политички врски држат монополи во многу бизнис сектори во земјата, а „цедат“ и многу од државните пари кои се доделуваат на владините тендери. Неговиот татко важи за многу близок до „фамилијата“, како што популарно во Азербејџан ја нарекуваат малата моќна група од неколкумина собрана околу претседателот Илхам Алијев.

За бизнис империите на „фамилијата“, сепак, многу малку ќе прочитате во азербејџанските медиуми. Повеќето од новинарите истражувачи објавуваат надвор од својата земја бидејќи претседателот Алијев се има „погрижено“ речиси до ниво на перфекција да ги убие слободните медиумите. Земјата важи за една од десетте држави во светот со најсилна цензура, според „Фридом Хаус“, а околу 10 новинари и блогери се во затвор поради своите критички текстови на адреса на власта.

Преку мрежа на оф шор компании на имиња на нивните деца и брачни другари, претседателот Алиев, како и неговите блиски соработници во владиниот кабинет, буквално го поседувааат речиси целиот поважен бизнис во земјата. Нивните компании се успешни благодарение на лукративните и неконкурентни тендери.

Со само една од компаниите во кои како содружник се јавува Анар Мамадов, „Банглан Груп“, од азербејџанскиот буцет се цедат милиони евра за тендери за автопати, увоз на автобуси и автомобили за државните и јавни претпријатија, а компанијата има и банка чии што услуги понекогаш се „задолжителни“ за приватниот и државниот сектор. Другите фирми на Мемадов работат во сферата на хотелиерството, осигурувањето и градежништвото.

Сепак, вистинската моќ лежи во таткото Мамадов, кого западните медиумите го опишуваат како „корумпиран политичар тежок милијарди долари“ кој е дел од олигарската фамилија под контрола на претседателот Алијев. Неговиот син и, сега веќе почесен конзул во Македонија, вниманието во печатот го добива најчесто преку имиџот на „плејбој кому му е здодевно“.

Тој стана ѕвезда во светските медиуми кога на една од неговите мегаломански забави платил 1,2 милиони долари за на својата забава да може да има дива мечка од заштитен вид, само за своја лична забава, а која потоа била жива одрана и испечена за него и неговите пријатели на забавата. Во друг инцидент, Анар Мамадов беше и протеран од Дубаи поради неговата дива забава во еден од рестораните во градот.

писмената изјава со којашто Попоски го информира колегата во Азербејџан за одлуката за избор на Мамадов за почесен конзул

Google Maps, Chrome и YouTube ќе работат на Android и без интернет (видео)


Aпликациите „Google Maps“, „Chrome“ и „YouTube“ наскоро ќе работат на „Android“ телефоните без интернет конекција.

Од „Google“ најавија и серија апликации за публиката која се нарекува „the next billion“ – луѓе од развиените региони кои телефоните ги користат како приватни компјутери. Сето тоа ќе биде достапно во оваа година.

Работата на апликациите без интернет беше прикажана на „I/O“ конференција. Откако ги зададе упатствата во „Maps“, презентерот мобилниот го стави во т.н. „airplane mode“, што инаку значи „смрт“ за апликациите, меѓутоа графичките мапи продолжија со работа.

Слично е и со „Chromе“ и „YouTube“ на кои се направени алатки со кои се чуваат видео снимки и страници се со цел да можете да ги гледате кога не сте конектирани.

Ова секако ќе им помогне на корисниците, а особено на туристите кои мораат да се снаоѓаат во странство, затоа што „WiFi“ конекцијата не е секаде достапна.

Протестен марш поради проектот „Скопје 2014“


Протестен марш поради проектот „Скопје 2014“ е најавен за денеска (30 мај), според програмата за 14-тиот ден од поставувањето на кампот пред Влада. Граѓани и активисти ќе тргнат од Владата во 18 часот и ќе маршираат до Министерство за култура.

По маршот, во периодот од 19 до 20 часот, пред присутните во кампот ќе се обратат Илија Николовски од партијата на пензионерите, Станислав Пипан, универзитетски професор, Максим Димитриевски од СДСМ и Горан Мисоски од НСДП.

Вечерва на програмата се најавени музика, видео, арт со Џабир Дерала и други гости.

Протестниот марш „Скопје 2014“ следи по вчерашното објавување нови аудио записи, кои како што тврди опозицијата покажуваат дека лично премиерот Никола Груевски е креатор на проектот кој го измени ликот на центарот на Скопје.

Уште еден милијардер вети дека ќе го донира своето богатство

Бил Гејтс и Ворен Бафет пред неколку години изјавија дека планираат најголем дел од своето богатство да го донираат во добротворни цели, а воедно ги повикаа и останатите милијардери да го сторат истото. Откако тие истапија со овој морален повик кон најбогатите, кон идејата се приклучија неколку милијардери, а меѓу последните е Хамди Улукаја.



Хамди Улукаја (43) е основач и извршен директор на компанијата Chobani која произведува јогурт. Овој бизнисмен е роден во Турција, а компанијата ја има основано во 2005-та година во Њујорк и преку неа успеа да создаде бренд преку кој стана милијардер. Forbes неговото богатство го проценува на 1,4 милијарди долари.

Како што пренесува AP, Улукаја одлучи да стане дел од милијардерите што се огласија на повикот на Бафет и Гејтс, според кој треба да донираат повеќе од половина од своето богатство за време на својот живот или пак преку тестамент.



Во интервјуто што го даде, Улукаја вели дека планира да се ангажира за да им помогне на бегалците ширум светот.

Тој во писмото преку кое јавно вети дека ќе го донира богатството, пишува дека бил инспириран од неговата мајка која им помагала на останатите и дека отсекогаш планирал да го донира најголемиот дел од своето богатство.

Јавното ветување има морална обврска за милијардерите. Кон неа, досега се имаат придружено милијардери како што се Елон Маск и Марк Закерберг.

Никој не смее да заостане


Видео снимено во националниот парк Кругер во Јужна Африка. Едно слонче легнува на патот и не сака да стане, но останатите немаат намера да го остават и се покрај него додека не се подигне на нозе.


Како изгледа денес момчето кое некогаш важеше за најсилно дете во светот?

Ричард Сандрак некогаш беше познат како „малечкиот Херкул“. Ова момче родено во Украина, кое подоцна со своето семејство се преселило во САД, на многу мала возраст има тренирано бодибилдинг и боречки вештини, а денес има 23 години и се занимава со нешто сосема поинакво.



Таткото на Ричард, Павел, некогаш бил шампион во боречки вештини и тој главно е заслужен за строгиот режим кој Ричард го практикувал како дете. Ричард кревал тегови, посветено вежбал и бил на диета, поради што немал детство како сите останати. Павел бил критикуван за строгиот режим што му го наметнува на синот, па дури имало шпекулации дека Ричард користи стероиди.

Тоа што во еден период бил прогласен за најсилното дете во светот, на Ричард му донело слава што ја искористил за промовирање различни производи и учество во натпреварувања.



Кога Ричард имал 11 години, Павел бил уапсен затоа што физички ја нападнал сопругата поради што добил затворска казна. По тој момент работите се промениле и Ричард со тек на време одлучил да се занимава со нешто поинакво, па така сега е каскадер во студиото Universal во Холивуд и сонува да стане дел од тимот на НАСА.

Погледнете зошто се смеат овие две русокоси..

Се работи за скриена камера снимена во Тетово. Да ги поддржиме споделете го видеото!

„Бомба“ за Скопје 2014 од 18 часот пред влада

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, преку својот Фејсбук профил ја најави 35-та „бомба“ на опозицијата, која ќе биде објавена од кампот пред владата.

„Инаку, денешната трибина во Кампот на слободата (18.00 часот) има бајаги бомбастична најава – напиша Шилегов на Фејсбук.

Според програмата, за вечерва од 18 часот е најавена дискусија насловена како „СКОПЈЕ 2014 НИЗ ПРИЗМАТА НА ГРАЃАНИТЕ”, што укажува на тоа дека денешната „бомба“ е поврзана со овој контроверзен проект.


Говорници на дискусијата, веднаш по „бомбата“, ќе бидат:

– Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
– Елеонора Петрова Митевска, универзитетска професорка
– Даница Павловска, иницијатива “Го сакам ГТЦ”
– Небојша Вилиќ, универзитетски професор
– Владимир Вангелов, граѓански активист
– Александар Вујиќ, граѓански активист
– Роберт Алаѓозовски, есеист и критичар


Од 20:30 до 22:00 ќе има настап Amon Mra – Songs of Freedom.

Џеј Ло не се откажува од провидното: Сепак, да не претера?

Знаеме дека Џеј Ло обожува да го истакнува својот сексапил во секоја ситуација, а нејзиниот омилен начин за тоа се провидни тоалети и блузи. Ни овој пат не се откажала од тоа.


Џенифер се појавила на музичкиот фестивал "Mawazine" во Мароко во необична комбинација на широки пантолони и чипкаста блуза. Целосно провидната блуза го открила градникот на дивата, но се чини дека нејзе тоа не и` пречело додека насмеана позирала пред фоторепортерите.


Меѓутоа, не е оваа блуза проблемот. Проблемот е во тоа што вакви изданија на Џенифер Лопез видовме веќе многу пати досега.


После нејзините изданија на Мет Гала свеченоста и Билборд наградите, модната критика почна да се сомнева во стилот на музичката ѕвезда. Иако досега немаше многу критики на нејзина сметка, се` погласни се оние кои тврдат дека Џеј Ло почна да се копира сама себе и дека премногу пати досега видовме исти или слични нејзини изданија. Тоа се или премногу длабоки шлицови или провидни тоалети и блузи како оваа која ја носела во Мароко.


Она во што нема сомнеж, е тоа дека Џеј Ло изгледа одлично за нејзините 46 години, но дали треба нешто да промени кога станува збор за стилот? Модната критика се` погласно вели дека треба.

Тања Фајон: Груевски создаде лажна империја со провладините медиуми

-Откако Владата на Груевски ја презеде контролата над државата и нејзината политика, дојде до сериозни обвинувања дека Груевски ја презеде контролата на медиумите – пишува европратеничката Тања Фајон во коментар насловен „Лажни царства“ каде ја оценува целокупната политичка ситуација поврзана со слободата на изразување во Србија, Македонија и Црна Гора, пренесува Нова.



– Наградувајќи ги само провладините медиуми и со игнорирање на критичките, Груевски создаде „лажни империја”, која доби епилог пред неколку дена, кога се одиграа масовни анти-владини протести, а кои не ги пренесе ниту една македонска телевизиска станица – вели Фајон

текстот во целот спорчитајте го тука

„Коха диторе“: Предавство се крие зад инцидентот во Куманово


Инцидентот во Куманово бил договорено сценарио зад коешто стоело предавство на дел од членовите на вооружената група, пишува приштинскиот дневен весник „Коха диторе“, којшто веќе трет ден излегува со детали за судирот меѓу вооружена група и полицијата што се случи во Куманово.

Информациите коишто ги пишуваат косовските медиуми ги пренесува српската агенција „Фонет“.

Според весникот, Косовската информативна агенција (КИА) поседувала разговори на групата од Косово и Македонија од коишто се доаѓало до заклучок дека тие сакале да ја оживеат албанската Национална ослободителна војска.

Групата била скриени во пет куќи поврзани со тунели во Куманово, а според весникот, 70 отсто од населението од кумановската „Дива населба“ каде што се одвиваа борбите, било евакуирано ноќта кога почнале борбите.

Само четворица од групата знаеле дека тоа е направено според претходно договорено сценарио и групата била поврзана со македонската Управа за безбедност и контраразузнавање.

Планот на водачот бил некои од припадниците на групата да бидат повикани во Куманово на состанок и да ги предадат на полицијата, но тие отвориле оган кон полицајците и ситуацијата излегла од контрола, пишува „Коха“.

Дневниот весник „Зери“, пак, пишува дека одборот за внатрешни работи и безбедност на Собранието на Косово го повикале косовскиот премиер Иса Мустафа да поднесе извештај за сознанијата кои ги имал за инцидентот во Куманово.

Според весникот „Коха диторе“, кој се повикува на извори на КИА, претседателката на Косово Атифета Јахјага и премиерот Мустафа биле известени за можноста да се случи инцидентот во Куманово.

ХИТ: Македонска скриена камера!

После долга пауза македонскиот јутуб канал "DmdPranskters„ го постави новото видео под наслов 'The Jitter Prank'. Ова е еден од многу малкуте Јутуб канали кои што имаат гледачи од целиот свет. Да ги поддржиме споделете го видеото!

Емотивна фотографија од дечиња кои водат тешка битка

Ниту едно детенце не треба да се соочи со тешки предизвици, но некои од нив за жал водат битка за својот живот. И во таквите моменти, децата знаат да бидат инспирација за останатите. Доказ за ова е емотивната фотографија што можете да ја погледнете во продолжение.



На фотографијата се наоѓаат пет годишните Малија Џонс и Меделина ДеЛука - девојчиња кои се борат со ракот. Фотографијата е снимена во детската болница во Питсбург и на неа дечињата се претставени во прегратка и изгледа дека си даваат поддршка една на друга.

Оваа фотографија на социјалните мрежи ја сподели мајката на Малија, Тез, по што стана вирален хит, пренесува Elite Daily. Коментарите на луѓето се дека фотографијата е симбол на сила и надеж.

Девојчињата не се ни познавале претходно. Всушност, тие се запознале дента кога е снимена фотографијата. Како што објаснува Тез, Малија и пришла на Меделина, по што следела и прегратка.

„Се надевам дека целиот град ја видел фотографијата, како и луѓе надвор од градот, ширум светот - не само поради приказната на Малија, туку и заради останатите семејства што минуваат низ истото“ - вели Тез Џонс.

Најдобриот бикини костим за секој облик на тело

Со оглед на тоа што доаѓа летото, веќе се прават планови за одмор. Daily Mail направи водич за пронаоѓање совршено бикини или костим за капење што ќе им помогне на жените, според формата на нивното тело.

1. Тело во облик на круша



Жените со ваков облик на тело се потенки во горниот дел, но со пошироки колкови. Познати личности со вакво тело се Бијонсе, Алиша Кис и Кејт Винслет.

За да се оттргне вниманието од долниот дел на телото добро е да се одберат костими со интересни детали во горниот дел, а изгледот може да се дополни со шапка за сонце или накит.

2. Жени со големи гради



Кејт Аптон е идеален пример, со оглед на тоа што жените со големи гради треба да одберат горен дел со добра поддршка на градите. Ако сакате да го одвлечете вниманието од горниот дел носете костими со повеќе детали на долниот дел. На пример, може да носите интересни сандали, различен накит и слично.

3. Жени со мали гради



Кендал Џенер и Кејт Хадсон се пример за тоа какви костими одлично би им стоеле на жените со помали гради. Всушност, идеален избор би биле бикини костими со различни дезени, декоративни тетоважи и слично.

4. Девојки со облини





Ако имате голем задник, широки колкови, полни бутови и слично одлично ќе ви се најдат бикини костимите со поголем долен дел. Асиметричните костими се совршени за одвлекување на вниманието, додека треба да изберете и боја која ќе ја нагласи формата на телото.

Како изгледа денес Саманта Фокс, една од најсексапилните жени во светот?

Во 80-тите години Саманта Фокс важеше за секс симбол, а денес таа е сè уште активна, заработувајќи пари од старата слава.



Русокосата Саманта во 80-тите години на минатиот век беше една од најсексапилните жени, а денес има скоро 50 години и одлично изгледа. Кариерата ја започнала на 16 години кога топлес се фотографирала за магазинот Sun.



Фотографиите веднаш ја прославиле, а во 1986 година започнала музичка кариера со хитот Touch Me, песна што беше на првото место на топ листите во 17 земји.



Потоа следеле хитовите како Nothing’s gonna stop me now, I surrender, Another woman и други.

Денес таа има 49 години и сè уште изгледа одлично.





Езеро толку загадено што се самозапалува


Жителите на Бангалор, Индија минатата недела беа сведоци на самозапалувањето на езерото Беландур, кое важи за многу токсично езеро во земјата, пренесува Huffington Post.

Веќе неколку недели езерото е покриено со токсична пења која на прв поглед изгледа како снег. Под пењата водата има црна боја од хемикалиите и токсините во неа. Токму таа бела покривка може лесно да се запали, така што сега езерото е во пламен.

Според експертите за загадувањето на езерото најмногу придонеле отпадните материи од фабриките во комбинација со човечката канализација, при што се создава запалив коктел склон на спонтано согорување.

Од друга страна, жителите се жалат на различни алергиски реакции предизвикани од токсините што се ослободуваат од пената во пожарот.

Вака изгледа запаленото езеро:

Историски црно-бели фотографии обновени во боја

На минатото секогаш се присетуваме низ црно-бели фотографии, токму затоа овие обновени фотографии во боја ќе ни дадат нова перспектива на луѓето кои живееле пред многу години.

Bored Panda направи галерија од историски фотографии направени во црно-бела техника, а потоа обновени во боја.

1. Абрахам Линколн, февруари 1896 година





2. Индијанец, Минесота 1908 година





3. Адолф Хитлер, 30-тите години на минатиот век





4. Војници носат маски додека чистат кромид, 15 октомври 1941 година





5. Британскиот мајстор за тетоважи Џорџ Бурчет во 1930 година





6. Њујорк, 1913 година





7. Џон Кенеди, 1940 година





8. Деца се кријат од бомбардирање во Минск ,Белорусија, 1941 година





9. Сталин и Черчил, 1945 година





10. Луис и Лусил Армстронг, 1961 година



Морничави фотографии од првите пациенти на мозочни операции

Станува збор за фотографии што се дел од неодамна откриен каталог на илјадници направени од познат неврохирург. Повеќе од три децении студентите од Универзитетот Јејл скришно слегувале во подрумските простории каде се наоѓала колекција од илјадници црно-бели фотографии на кои биле прикажани првите пациенти на модерните операции на мозок, пренесува Mirror.



Тие биле пациенти на д-р Харви Кушинг, кој меѓу првите почнал да прави операции врз нервниот систем. По неговата смрт во 1939 година фотографиите ги оставил на идните доктори. Објавени се повеќе од 10.000 фотографии во дигитализацијата на колекцијата, а идентитетот на пациентите е непознат.



Фотографиите се направени во периодот од 1900 до 1930 година и се дел од медицински информации. Повеќето пациенти гледаат во објективот со десната рака поставена на градите. Докторите верувале дека рацете можат да ја одредат здравствената состојба според бојата на пигментите, деформацијата на ноктите и слично.





















ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О