Тајниот план на "операцијата Албанија": Што ја чека Македонија доколку Грција ја напушти еврозоната?!

Станува збор за план според кој е можно ширење на грчката криза, посебно во Романија, Бугарија, Кипар и Македонија!

Додека Европската централна банка продолжува да ја снабдува Грција со пари, а лидерите на државите од еврозоната велат дека Грција нема да излезе од истата, откриен бил досега добро чуван план, дека со таканаречената "Операција Албанија", можно е ширење на грчката криза, посебно во Македонија, Романија, Кипар и Бугарија, пишува Kurir.rs.




Тоа е внимателно направен план во случај Грција да мора да ја напушти еврозоната, што засега го негираат францускиот премиер Мануел Валс и уште некои службеници од државите и институциите во еврозоната.

Клучно е дека на Македонија, Романија, Бугарија и Кипар, во случај на излез на Грција од Еврозоната, ќе биде потребно да им се помогне да се изборат со големите финансиски проблеми, имајќи во предвид дека филијалите на грчките банки се важен составен дел од нивните финансиски системи и пазари, пишува Kurir.rs.


Европската унија, според овој резервен план, би можела да започне со национализација на филијалите на грчките банки во тие земји, со ограничување на прометот на капиталот и банкарските исплати.

Тоа засега не го сака никој, бидејќи "ширењето на заразата" би можело подоцна да ги погоди и ранливите земји од ЕУ, како што се Португалија и Шпанија. Доколку Европската централна банка престане со доставата на пари до грчката централна банка, можно е таа автоматски да ја суспендира можноста кај неа со пари да се снабдуваат комерцијалните банки.


Сите очекуваат тоа да не се случи, но тим од експерти од Европската комисија на ЕЦБ сепак, слично како во "Операција Хрватска" во 2012-тата година, сега подготвил "Операција Албанија", со главна цел да се спречи стравот и неконтролираното движење на пазарите и берзата, како во некои претходни случаи на почетокот на кризата во еврозоната.

Џерун Дејселблум, претседател на Еврогрупата, која ги собира министите за финансии од државите во еврозоната, лидерите на ЕЦБ и Европската комисија, соопштил дека "Европа е подготвена да ѝ помогне на Грција да го одржи финансискиот систем", иако во врска со договорот меѓу Грција и нејзините кредитори во недела ќе биде одржан референдум.


Европската централна банка сега тука има клучна улога и, покрај другите, францускиот премиер Валс рекол дека е убеден дека оваа банка ќе продолжи со дополнителни средства да ѝ помага на грчката централна банка, а со тоа и на комерцијалните банки од кои се повлечени милијарди евра залог, пишува српски Kurir.

Претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, изјавил дека ќе направи "сè што треба", а посебно ќе продолжи со откуп на државните долгови на членките од еврозоната, за да се спречат нападите на финансиските шпекуланти, што било погубно во првите фази од кризата во еврозоната, посебно во 2010-тата година.


Италијанскиот министер за финансии, Карло Падоан, изјавил дека Грција нема да го напушти еврото, а потпретседателот на Европската комисија задолжен за еврото, Валдис Домбровски, јасно дал до знаење дека "Грција останува во еврозоната".

Пробајте да не се насмеете предизвик

Македонскиот Јутубер "David Toffie" постави challenge на својот канал каде што гледа смешно видео. Ве предизвикуваме вас, дали ќе се насмеете?


Започна лидерската средба, активисти од Беса протестираат

Започна лидерската средба на четворицата лидери- Никола Груевски, премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, опозицискиот лидер на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети и првиот човек на ДПА, Мендух Тачи, со присуство на двајцата амбасадори од САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.


Додека трае средбата, пред Клубот на пратениците активисти од Беса протестираат, затоа што, како што велат, се "незадоволни од фактот што Ахмети и Тачи се седнати на преговарачката маса како претставници на Албанци."

Според нив, двајцата албански лидери не се достојни да ги претставуаат Алб, затоа што покажале дека работат за личен интерес, а не за доброто на Албанците.

Активистите велат дека гласот на Ахмети и Тачи на лидерската средба не се смее да се смета како глас на сите Албанци.

Нема информации колку ќе трае средбата.

Еврокомесарот Јоханес Хан иако најави дека нема да присуствува на лидерската средба, од Брисел излезе со порака дека очекува резултати:

„Се надевам на подобрување и се надевам на први конкретни резултати. Ако добро разбрав од извештаите, сите се решени да направат сериозен напредок и тоа е во интерес на сите нас“, изјави еврокомесарот Хан.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во својот говор вчера пред Унијата на млади сили на партијата обвини дека СДСМ работеле во насока на пропаст на договорот од 2 јуни.

- Ќе чекаме уште едни избори, тоа ќе биде патот кон зрела Македонија. Не е во прашање Заев или Груевски, туку валкана игра која ја создава СДСМ и така со интриги, а не со работа, да ја освојат власта. Тие ќе направат се за да пропадне договорот од 2 јуни, рече Груевски и посочи дека тој и неговите сопартијци ќе продолжеле да работат по препораките од ЕУ.

- Тој (Заев) ќе бара и нелогични избори, а всушност бара спас иако знае дека ќе замине од политиката поразен. Истото ги чека и тие што се врткаат околу него. Но, Македонија ќе продолжи да се бори за подобар стандард, подобри меѓуетнички односи, борба против криминалот и корупцијата и подобра иднина, изјави Груевски.

(ВИДЕО) Саше Политико до Груевски: Ќе одите ли на гробишта да им за заблагодарите на мртвите кои гласале за вас?

Саше Политко денеска упати ново провокативно прашање до Груевски при неговата посета на скопската општина Шуто Оризари.


„Премиере ќе одите ли до гробиштата кои се блиску да им за заблагодарите на мртвите кои гласале за вас во Шутка“, запраша Ивановски. Се разбира дека не доби одговор.

Што правел на денот на нападот: Крвникот од Тунис го обожувал Реал Мадрид и играл брејк-денс

"Беше со мене, седевме во дворот и сè беше сосема нормално. Немавме поим што планира", рекол неговиот вујко.

23-годишниот Сеифедин Резгуи, напаѓачот кој во дивјачкиот убиствен поход во туниското летувалиште Сус убил 39 лица пред да го застрела полицијата, живеел како секое младо момче, велат неговите соседи и пријатели.

Едно видео кое се појавило на ЈуТјуб, снимено пред околу пет години, го прикажува Резгуи како љубител на брејк-денсот.



Само неколку часа пред да тргне во убиствениот поход, Резгуи бил дома и разговарал со својот вујко за животот и студиите.

"Беше со мене, седевме во дворот и сè беше сосема нормално. Немавме поим што планирал", рекол неговиот вујко, 71-годишниот Али Бин Мухамад Резгуи, пренесуваMirror.


Тој за него рекол и дека бил слатко момче кое порано се занимавало со брејк-денс и обожувало фудбал. На неговата Фејсбук страна, имал неколку објави за Реал Мадрид и за фудбалската репрезентација на Тунис.

Соседите го опишале како мирно и добро момче, но претпоставуваат дека можеби сиромаштијата го навела да се одлучи на страшниот чин.


Таткото на Резгуи бил приведен од полицијата на испрашување.

Министерството за внатрешни работи на Тунис, го немало Резгуи во својата евиденција, а само еднаш бил сопрен поради пушење на марихуана.


Сепак, медиумите пренеле информација од неименуван извор од Министерството, дека Резгуи бил активен член на радикалната група "Исламска младина".

Резгуи студирал воздухопловство на локалниот универзитет и живеел заедно со уште четири момчиња кои исто така биле студенти.

Моменти пред масакрот бил снимен на плажа - Sky News вчера објавил ексклузивни снимки од убиецот како оди по плажата со калашников во рака, неколку минути пред да го започне крвавиот поход.

Сеифедин Резгуи, еден од напаѓачите кои убиле 39 туристи на плажата во Сус, бил снимен како мирно оди покрај водата, додека го гледаат преплашени луѓе.

Неколку минути подоцна отворил оган на туристите.

"Беше многу мирен, а потоа почна да пука и на самото место уби една жена", рекол дописникот на Sky News.

Резгуи потоа продолжил да пука по луѓето на плажата и хотелот.

Ријана со трејлер го најавува новиот спот

Без премногу откривања, Ријана најави датум за објавување на нејзиното видео за песната "Bitch Better Have My Money" овој четврток на TIDAL. На нејзиниот Јутуб канал го постави две минутниот трејлер. Според трелјер погодуваме дека подобро да не и должите ништо.


Раѓање на нов живот: Фотографка покажува како изгледа природно породување во вода

Кејти Розарио сподели фотографии кои нè носат „зад завесата“ на природното раѓање во вода. Професионалната фотографка го овековечила породувањето на своја добра пријателка, со идејата да покаже дека мајките се најневеројатните суштества на Земјата.

Идната мајка планирала да го роди своето дете во домашни услови во вода, па Кејти знаела дека фотографиите ќе бидат уникатни.

„Владееше блаженство и спокојство додека го чекавме пристигнувањето на бебето... Мајките се најневеројатните суштества на Земјата!“ – вели Розарио.

Трудницата за време на контракциите

Има 41 година и уште е невин: „Мислев дека тоа ќе дојде природно”

Такаша Сакаи од Јапонија има четириесет и една година и се` уште е невин.


„Кога ќе видите атрактивна девојка, веројатно ќе ја повикате на состанок, ќе ја бакнете, прегрнете. Така одат работите, но во мојот случај не е баш така. Мислев дека тоа би можело да се случи само по себе, природно, но не беше така. Никогаш никому не сум кажал дека сум немал секс. Го криец тоа од пријателите, родителите, колегите на работа. Се преправав дека тој проблем не постои“, раскажал Такаши Сакаи за CNN.




Статистиката вели дека во Јапонија еден од четворица мажи на возраст над триесет години никогаш не биле во брак или никогаш немале сексуален однос. Ова е владино истражување и се покажало дека ваквиот тренд постои веќе некое време. Имено, генерално е голема незаинтересираноста на младите генерации за врски, брак и секс.

За да ги заинтересираат младите луѓе, со социјална акција се обиделе во нив да ја разбудат романтичната страна. Во Јапонија се започнати курсеви по сликање акти. Такаши Сакаи, кој го посетува овој курс, рекол дека голите жени кои ги гледа на курсот се првите голи жени кои воопшто ги видел.

Шинго Сакацуме кој го води овој курс, рекол дека набљудувањето на голи жени е првиот чекор кој треба да го направат неговите ученици за да променат нешто.




„Јапонското општество е поинакво. Имаме илузија дека секоја врска мора да биде успешна, а во комбинација со традиционалниот јапонски страв од неуспех настана овој сериозен социјален проблем.

Од друга страна, во Јапонија имаме толку други забавни работи со кои луѓето можат да се занимаваат и луѓето преферираат да го одберат она што не може да ги повреди или да им нанесе болка“, истакнува Сакацуме.

Директорка злоупотребувала ученици: „Ми ја одзеде невиноста кога имав 13 години“

Британска учителка и поранешна директорка на училиште, која своевремено ја воздигнувале до небо поради начинот на раководење, добила осум години затвор поради секс со ученици, пренесуваат британските медиуми. Некогаш угледна учителка, Ен Лејки (55) е лишена од слобода поради сексуално злоставување на своите ученици за време на осумдесеттите години. Момчињата во тоа време биле на возраст од 13 и 15 години, а тортурата ја трпеле цели три години.


За време на судењето, завршено во вторникот, еден од нападнатите момци ја нарекол Лејки „одвратно сексуално чудовиште“, пренесува BBC News.



Нејзината кариера, во која станала национален водич на образованието, во целост запрела во 2012 година, откако еден од момчињата, сега веќе возрасен маж, напишал писмо до своето поранешно училиште разоткривајќи го злоставувањето кое тој и другото момче го трпеле пред цели 25 години.

Сега кога тој и самиот е татко, жртвата навела дека „му се лошело“ секој пат кога Лејки тврдела дека нејзиниот приоритет се младите.

Неговиот мејл довел до суспензија на директорката во училиштето "Durham Federation", но кога полицијата започнала истрага, Лејки му се јавила и се обидела да го наговори да ги лаже детективите.


„Зборуваше за својата кариера, ќерката и сопругот, дека после тоа немала секс со други момчиња... Се трудев да се воздржам. На почетокот ме преплавија емоции, но на крајот успеав да останам целосно ладен“, раскажал еден од злоставуваните момчиња.

Тој опишал како Лејки, која предавала историја и веронаука, му ја одзела невиноста кога имал 13 години, но претходно морал да ја гледа како се тушира. Тој раскажал во полиција дека после тоа често имале сексуални односи во нејзиниот брачен кревет.

Во една прилика дури морал да се сокрие во плакар за да не бидат фатени. Тој се обидел повеќе пати да ја прекине врската, но морал да се избори да излезе од нејзиниот дом.



Лејки расплакана демантирала сè, но признала дека имала легална сексуална врска со друга (постара) жртва. Таа тогаш имала 30, а момчето 18 години.

Судијата Хауард Краусон и` рекол на обвинетата дека во текот на целата кариера била „инспирација за наставниците и директорите“.



„Но, во текот на осумдесеттите години сте уништиле две момчиња дупло помлади од вас. Тие биле наивни и незрели. Ова ќе ја уништи кариерата на која толку долго сте работеле“, рекол Краусон.

Инаку, Лејки е мајка на две деца, а зад себе има три бракови. Педагошката слава ја стекнала откако факултетот "Fyndoune" во Сакристон го спасила од пропаѓање.

„Ми беа потребни 5 години за да изгубам 18 килограми поради овие грешки – Немојте и вие да ги правите”

„Мојата приказна не беше толку неверојатна како оние кои може да ги видите во емисии посветени на гбење на килограмите. Со години ги правев истите грешки и не можев да изгубам ниту грам. Ако сакате да ослабете, прочитајте ја мојата приказна за да знаете што не треба да правите“, раскажува Џени.


Прескокнување на појадокот

Џени ги прескокнувала оброците и јадела само тогаш кога „умирала“ од глад, па така всушност само ручала, пишува сајтот Popsugar.com

„Ова и не беше толку паметно, затоа што за ручек јадев многу повеќе отколку што е нормално. Прескокнувањето на оброците го забавува метаболизмот. И ете, кога почнав да појадувам, килограмите почнаа да исчезнуваат“, раскажала таа.



Ништо освен јога

„Со години имав предрасуди и сметав дека јогата и трчањето не се за мене затоа што сум огромна. Една добра пријателка ме наговори да почнам со неа на јога. Прво не бев воодушевена, се плашев од коментари и ми беше незамисливо да облечам хеланки за јога. Кога почнав да одам да тренирам, се почувствував многу подобро“, раскажала оваа дама.

Таа имала поддршка од сите вежбачи и никој не и` се потсмевал. Тие и` предложиле да почне со кардио вежби и почнала да трча по 15 минути неколку пати неделно. Килограмите конечно почнале да се топат.

Бев кралица на јаглехидратите


„Крекери, леб, житарки, тестенини? Пријавите ме! Обожував јаглехидрати и ги јадев за секој оброк и ужина“, објаснува Џени.

Не јадела многу овошје и зеленчук. Потоа погледнала наназад и сфатила што всушност јаде. Кога почнала да ја менува исхраната почувствувала дека нејзиниот стомак се чувствува, но и изгледа подобро.


Многу добри работи

Почнала да купува храна од продавници за здрава исхрана. Се одрекла од колачи и сладоледи, но од путерот од кикирики добивала килограми. Секако, кога сфатила дека количината која ја земала е огромна, работите почнале да се менуваат.

„Цели 5 години ми беа потребни за да изгубам 18 килограми, што е многу време. Сепак, не се откажував и секој пат учев од грешките. Кога почнав да водам грижа за калориите, се фокусирав на овошје и зеленчук, научив нешто за протеините, почнав со јога и трчање, а резултатите почнаа да се појавуваат. За на сите да им помогнам да се чувствуваат подобро во својата кожа, станав инструктор по јога“, објаснува Џени.

Разгален богаташ: Внукот на магнат им давал на минувачи голема сума на пари, со еден понижувачки услов

Григори Мамурин, припадник на „златната руска младина“, е внук на рускиот милијардер Игор Некљудов и веќе на 16 години успеал во тоа да го замрази цела Русија. Тој посакал да стане ѕвезда на Јутјуб, а почнал да прави видеа во кои на случајни минувачи им дава големи суми на пари само за да се понижат пред камера.



Откако видеото се рашири на интернет и предизвика лавина негативни коментари, дедото на Григори признал дека не е задоволен од начинот на кој неговиот внук и неговата мајка ги трошат парите.



Во снимката, тој им нудел на мажите да ја испијат својата сопствена урина за 200 евра, а на девојките им ветил 250 евра ако се соблечат среде улица. Во видеото, двајца направиле една од тие две работи.



Григори во една прилика не поминал најдобро – еден Русин кој го разбеснил, му удрил шлаканица. А во една прилика, на бездомници им дал да пробаат кавијар, само за да се забавува со нивната реакција.

Мистеријата за исчезнатата водителка! Мистериозниот случај со Џоди Хјузентруд пред разрешување?

Американската водителка исчезнала во 1995. година. Случајот сè уште не е решен, а нејзините пријатели се сомневаат дека била киднапирана, силувана и убиена.

Познатата американска водителка, Џоди Хјузентрут, мистериозно исчезнала пред 20 години, а нејзиното исчезнување до денес не е разјаснето. Сепак, две децении подоцна, се појавиле два нови сведока, па сега полицијата се надева дека конечно ќе го расветли случајот.

Хјузентрут исчезнала на 27. јуни 1995. година во Мејсон Сити во Ајова. Соседите рекле дека слушнале женски врисок нешто по четири часот наутро, и дека виделе бело комби на паркингот.


Полицијата верува дека Хјузентрут била киднапирана на паркингот пред куќата, додека брзала да дојде на работа, бидејќи на тротоарот биле пронајдени нејзините чевли, лак за коса, фен и обетки, пренесува Telegraf.rs.



На нејзиниот автомобил бил пронајден нецелосен отпечаток од дланка, но полицијата не успеала да најде осомничен на кој отпечатокот одговарал.



Дваесет години подоцна, нејзината колешка, новинарката Керолин Лоув и пензионираниот полицаец Џеј Алберио, имаат нова теорија за нејзиното исчезнување, пишува Fox 9.



Тие бараат отворање на истрага против серискиот силувач Тони Дијуан Џексон, за кого се сомневаат дека ја киднапирал новинарката, бидејќи тој ден бил виден во близина на нејзиниот дом.


Џексон во меѓувреме бил уапсен за силување на три жени во 1997. година, и моментално издржува доживотна затворска казна.

После години работа на крузери: „Видов сè - од секс до кражби на долна облека”

Секс, лаги, измами, кражба на долна облека – после една година работа на крузери, Кетрин Чепман видела сè.


Кетрин Чепман работела на крузери во своите 20-ти и 30-ти години, како фотограф. Во состав на работата била на Карибите, Бахамите и Мексиканската ривиера, пишува News.com.

Запознала секакви луѓе

„Запознавате многу различни луѓе, што е секогаш интересно. Голем број на членови од екипажот, особено келнери и собари работеа исклучиво за да ги издржуваат своите семејства. Некои од нив се најфините и најгрижливи луѓе кои некогаш ќе ги запознаете. Во реалноста екипажот, персоналот и службениците се поделени во секојдневниот живот на бродот, па понекогаш беше тешко да се одржуваат пријателства. На пример, персоналот од Филипините имаше свои забави, службениците се дружеа во барот за службеници, персоналот во барот за персонал...“, раскажала таа.



Доживеала секакви работи
„Најмалку ми се допаѓаа измамите – во сите облици. Маж кој дома имаше сопруга и деца, а на бродот девојка. Кога неговата сопруга доаѓаше на бродот на одмор, девојката се отселуваше од неговата кабина и се однесуваше како да не го познава, додека сопругата не си заминеше. Никој не би рекол ни збор“, раскажала Кетрин.

И таа се впуштила во врска со оженет маж затоа што сопругата не ја споменал ниеднаш во текот на два месеци, сè додека не дошла на бродот со нивните деца и неговата мајка. Такви ситуации ѝ се случиле неколку пати. Токму тоа е најлошата работа која ѝ се случила на бродот.



„На мојот втор брод во 20-тите, додека работев како фотограф, запознав атрактивен Скандинавец, капетан. Не мислев дека врската е долгорочна, но добро се сложувавме и секогаш се смеевме. После неколку недели, во неговата кабина наеднаш се најде фотографија од жена и деца. Кога го прашав кој е тоа, ми рече дека тоа се неговата сопруга и децата.

Ми рече ‘утре пристигнуваат‘. Наивно не видов дека тоа ми се подготвува и бев скршена. Бесно излегов од неговата кабина, а кога влегов во својата, ми ѕвонеше на телефон. Ми се јави за да ми каже да не ѝ кажувам ништо на неговата сопруга, особено ако дојде со неговата мајка.

Следната ноќ, бев на распоред да ја фотографирам забавата на капетанот за добредојде. Ме запозна со сопругата, правејќи се дека не ми го знае ниту името, а потоа позираше со нив. Отидоа на забава, а јас седнав на подот и добро се исплакав. Тогаш за прв пат го искусив она што е секојдневие на крузерите“, раскажала Кетрин.



„Уште се полоши луѓето кои ги изневеруваа своите партнери кои беа со нив на бродот. Додека едната личност работеше или спиеше, партнерот скокаше во кревет со друга личност. И тоа ми се случи“, раскажала наивната Кетрин.

Имало и кражби

„Кога работев на брод во 30-тите, отидов на тренинг на една недела на Мексиканската ривиера. Со цимерката ја перев долната облека и ја ставивме во сушалка пред вечера, а за време на вечерата тренерката не праша каде сме ја переле облеката.

Кога одговоривме во пералницата за персонал, ни рече веднаш да ја собереме и да ја користиме само пералницата за службеници. Кога стигнавме во пералницата, нашата сува облека беше фрлена на маса, а целата наша долна облека беше украдена. Група момци од персоналот, кои сакале да носат женска долна облека ја украле. Тоа се случи во повеќе наврати и на повеќе крузери“, раскажала Кетрин.



Еднаш, како што раскажала, слегле од крузер во Јамајка и додека шетала со колегата Маурицио, едно локално момче им пришло и им понудило да им ја покаже вистинската Јамајка, местата каде што туристите не одат.

Кога се согласиле, тој ги водел низ разни улици, а потоа им се приклучил негов „пријател“. Им рекле дека сакаат да им покажат една галерија. Кога почнале да се спуштаат по ридот, Кетрин забележала дека објектот во кој наводно се наоѓала галеријата нема кров и се обидела да се извлече, измислувајќи извинувања дека мора да се врати на бродот. „Водичот“ и неговиот „пријател“ не сакале да ги пуштат, туку им барале 150 долари за приватно покажување на градот. Таа им фрлила 10 долари и со колегата истрчала кон бродот.

Кетрин вели дека после неколку години работа на крузери се откажала од тој вид на заработка за живот затоа што нејзиното срце било скршено премногу пати. И тој ден кога одлучила да даде отказ, дознала дека момчето ја изневерува со девојка чии вереник бил во болница.

Ким Кардашијан едноставно обожува да ја покажува долната облека

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан се појавила со својата сестра Кајли Џенер на забава во Кан. Како и секогаш, сестрите биле во центарот на вниманието. Сите очи биле вперени во Ким, и тоа со причина.

И во текот на првата бременост, Ким не се откажуваше од провокативни комбинации, но како и тогаш, и сега модната критика нема пофални зборови за нејзините модни избори.


Ким уште еднаш облекла чипка од глава до пети и уште еднаш покажала дека тоа не е најдобриот избор за неа.



Иако инсистира на комбинации кои во преден план ја ставаат нејзината фигура, старлетата би можела да размисли за други комбинации. Она што го видовме во Кан никако не и` ласкало на нејзината фигура, а и самиот фустан е нешто повеќе пати веќе видено, како на неа, така и на други ѕвезди.


Иако била облечена, сепак видовме се`, вклучувајќи ја и нејзината долна облека. Дали тоа навистина беше потребно?


Инаку, старлетата неодамна обелодени дека повторно е бремена и чека момче. Ким веќе ја има ќерката Норт во бракот со раперот Канје Вест, но бременоста очигледно не е причина за Ким барем малку да го промени својот стил.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О