Груевски: Имаме пораст на странски туристи, по 2.500 дневно чекаат да влезат во Македонија

Во првите пет месеци од годинава забележан е раст на бројот на туристи од 6,5 проценти, при што се бележат 11,6 отсто раст на странските и пад од 2,9 проценти на домашните туристи. Растот никако не се должи на субвенциите кои Македонија ги дава за увоз на туристи, туку, сметаат експертите, главна причина е отворањето на скопскиот бесплатен Дизниленд. Интересот толку е зголемен што Македонија е приморана да ја затвори границата кон Грција и да пушта само контролирано одреден број на странски туристи за да не ни завидуваат во ЕУ.

*ВЕСТА Е САТИРИЧНА*

– Некој ни има пуштено муабет дека Панорамското тркало е веќе во употреба, се со цел да нагрнат повеќе туристи одошто можеме да примиме. Полицијата и армијата сега мора со солзавец да бркаат странски туристи. Затоа и сите спектакуларни туристички аракции од Скопје 2014 не ги правиме одеднаш, туку дел по дел, зашто се плашиме дека ќе мораме да градиме туристички кампови за да ги примиме сите странци што сакаат да го посетат Скопје – вели премиерот Никола Груевски.

Тој додава дека за влез во Македонија се тепаат по 2.500 илјади туристи дневно, главно од Блискиот Исток, каде штo веста за Панорамското тркало ги воодушеви луѓето и тие пеш тргнаа кон нашата граница.
СКРИЕНА КАМЕРА ВО МАКЕДОНИЈА:

Huawei го претстави Honor 7i, смартфон со ротирачка камера

Компанијата Huawei го претстави смартфонот Honor 7i кој има ротирачка камера од 13 мегапиксели. Таа се наоѓа на задниот дел на уредот, а кога корисникот ќе посака да направи селфи, камерата може да се премести на предната страна.



Huawei пронајде едноставно решение за правење добри селфи фотографии, ротирачка камера со која може да се фотографирате како што сакате. Покрај неа има и LED блиц што ротира заедно со камерата.

Смартфонот поседува 5,2-инчен Full HD екран со резолуција 1080p, 3GB RAM, 32GB интерна меморија и батерија од 3.100 mAh.



Покрај ротирачката камера уредот има и скенер за отисоци на прсти.

Поглед во Dismaland, морничавата верзија на Disneyland

Познатиот уличен уметник Бенкси го отвори проектот Dismaland, гротескен тематски парк на уметноста. Покрај делата на Бенкси во паркот има изложено и дека на 50 други уметници низ светот.



Како вистинска необична алтернативна на Disneyland, паркот е опишан како место со хаотичен свет каде наместо ресторан за брза храна има музеј, наместо продавница за сувенири има библиотека и слично.

Изграден како парк што не е за забава, според моделот на Disneyland, тој е малку поинаква визија на „најсреќното место на Земјата“, пишува Bored Panda.









Дали би пливале во првиот „небесен базен“ во светот?

Во Лондон е претставен амбициозен и луксузен проект за изградба на „небесен базен“ целосно направен од стакло, што ќе се наоѓа меѓу две десеткатници. Изградбата ќе започне годинава, а во 2018 година жителите на зградите ќе можат да се вселат и да уживаат во базенот кој ќе служи и како мост меѓу зградите.



Проѕирниот базен ќе биде првиот од таков вид, пливачите ќе можат да уживаат во поглед на градот од висина од 35 метри.

Становите во зградите ќе чинат повеќе од 600.000 фунти. Базенот е дел од проектот „Embassy Gardens“ во југозападен Лондон и вреди повеќе од 15 милијарди фунти.



Ѕирнете во луксузната куќа на фудбалерот Рахим Стерлинг

Откако го напушти Ливерпул и потпиша договор со Манчестер Сити, фудбалерот Рахим Стерлинг одлучи да ја продаде луксузната куќа во Саутпорт за 2,1 милион евра.

Во склоп на куќата има теретана, кино сала, терен за кошарка и прекрасна градина.









Бразилската двојничка на Меган Фокс стана хит на интернет

Дваесетгодишната Клаудија Аленде од Бразил стана позната во светот поради големата сличност со популарната актерка Меган Фокс, пишува Elite Daily.



Минатата година Клаудија учествуваше на натпреварот за најубав бразилски задник и набргу стана голема интернет сензација.

На Instagram таа постојано објавува секси фотографии со кои го привлекува вниманието на мажите низ светот.







Сите светски медиуми вперени кон хаосот со мигрантите во Гевгелија (видео)

Сите светски медиуми го насочиjа вниманието кон бафер – зоната на македонско – грчката граница, каде во моментот се одвива вистинска драма, откако македонските власти го сопреа слободното движење на бегалците кон Железничката станица во Гевгелија.



Во моментот според медиумите, на тој дел се наоѓаат над 5000 мигранти кои во судир со Единиците за брзо распоредување, беа потиснати наназад со употреба на солзавец.



акедонската влада вчера прогласи кризна состојба и ја затвори јужната граница за мигрантите. Тие ноќта ја минале на отворено на граничната зона меѓу Македонија и Грција.
СКРИЕНА КАМЕРА ВО МАКЕДОНИЈА:

Ким Јонг Ун нареди војската да биде подготвена за војна

Севернокорејскиот лидер Ким јонг Ун наредил војската да биде подготвена за војна. На овој потег се одлучил по размена на оган со Јужна Кореја преку границата на двете земји, пишува Guardian.



На итен состанок што се одржал вчера лидерот прогласил полувоена состојба, заканувајќи се со воена акција доколку Сеул не го прекине емитувањето на пропагандата против Пјонгјанг.

Не е прв пат Северна Кореја да се заканува на Сеул. Новинарот Стив Еванс од BBC вели дека ваквиот чин на агресија често ескалира со размена на оган, но овој пат заканувачката реторика е уште пожестока.


Парк Геун Хуе, претседателката на Јужна Кореја разговара со советот за безбедност за последните случувања со Северна Кореја

Јужна Кореја по единаесет години повторно ги постави звучниците за пропаганда на границата откако неколку војници нагазија на мини во пограничната област со Северна Кореја. Сеул емитува пораки од звучниците со кои ја осудува Северна Кореја.

Во 2004 година Северна и Јужна Кореја постигнаа договор за прекин на пропагандата со звучници.

За среќа, во вчерашната размена на оган нема повредени.

Најдобрите твитови денеска #3

Почекајте доколу твитовите не се појават веднаш!

Galaxy Note 5 - помускулест од iPhone 6

Note петката го презема дизајнот од Galaxy S6 - има метална рамка и стаклено куќиште од двете страни. Фаблетот се одликува со одличен дизајн, но неговото стаклено куќиште е минус за издржливоста, исто како случајот со браќата iPhone 4 и 4s. Алуминиумот на рамката има ранг 6013, што е за нијанса подобар, т.е. поиздржлив од алуминиумот со ранг 6063.



Тоа значи дека телефонот е помускулест и потешко се витка за разлика од iPhone 6 и iPhone 6 Plus. Но, ако телефонот ви падне, очекувајте стаклото да се здобие со оштетувања на лицето и гребнатини.

Идеи за тетоважи со кои ќе си го разубавивте телото

Денес тетоважите го достигнуваат својот врв на славата. Ако порано беа синоним за ароганција и бунтовништво, сега дефинитивно се личен стил и начин за себе изразување.



Еден период тие беа тренд и опсесија на мажите, но денеска секоја трета девојка има тетоважа која ја ставила поради некое посебно лично значење или едноставно затоа што ѝ се допаѓа таквиот изглед.

Ако и вие сте една од нив која сака тетоважа, а сè уште не сте се одлучиле што може да си насликате на своето тело, еве мал избор на слики со кои се надеваме дека ќе ви помогнеме или барем ќе ве насочиме.




Протест: Скопје не е Дизниленд

Група од неколку десетици граѓани кои се собраа на социјалните мрежи денеска во 18 часот одржаа мирен протест против изградбата на панорманското тркало кое чини 18 милиони евра.

- Ова мора да се сопре, Скопје не е Дизниленд. Јас им порачувам на градските власти, на сите политичари кои се вмешани во проектот Скопје 2014 , да почнат да разговараат со народот, да слушнат што народот навистина мисли, посебно скопјаните, за овие карикатури што не опкружуваат. И веднаш да запрат со градбите, да се започне дијалог како ние да излеземе од оваа ситуација во која не ставија и за што ни се потсмеваат , не само домашните, туку и странските медиуми“, рече една од активистките кои протестираа.


Моментот кога гром ќе удри во Boeing 737 (видео)

На YouTube е објавено видео снимено на аеродромот во Атланта, за време на бура. Еден од патниците на друг авион, сосема случајно снимил интересен момент, како гром удира во авион паркиран на аеродромот.



За среќа никој не бил повреден, но општо земено ударот од молњи се реткост и не претставуваат реална закана за воените и цивилните авиони, пишува Business Insider.

Ауфвидерзен Македонијо: Како живеела како лекар во Македонија и сега во Германија

„Четири ипол години секојдневно патував по 70 километри од дома до работа и назад… Во својот град, Скопје, не можев да најдам вработување. На дожд, снег, виулици и пеколни жештини го чекав полураспаднатиот автобус и се клацкав во него. Плачев попатно, плачев во себе, за да не ме видат другите, бидејќи нели сум лекар, треба да сум со крената глава…“

Вака 34 годишната Ана Крстевска раскажуваше за своето работно искуство како лекар по општа медицина во Македонија, за порталот Фактор.мк


„Далечината до селото воопшто немаше да ми биде проблем доколку сè друго беше подносливо. Но, работев во амбуланта до која што немаше асфалтиран пат, во која што зиме немаше греење, ќе немаше ниту сапун за раце, ако сама не купував. Згора на сè, го трпев и гневот на пациентите поради неточниот апарат за мерење притисок.

Себе си се доведував во ризик кога одредував терапија. И сето тоа за 12 илјади денари. 12 илјади денари од кои што половина ги трошев за автобуски карти, а со останатите 100 евра требаше да живеам ’угледно’ како што доликува на лекар кој шест години макотрпно учел и инвестирал во себе за да дипломира со просек над 9.

Го изгубив достоинството!“, со доза на гнев заклучува Ана.

„Но, не го изгубив сонот да бидам лекар кој, освен од љубов кон работата, ќе живее и од солидна плата“.

Следејќи го сонот, Ана заминала и работи и специјализира психијатрија во северногерманскиот град Грајфсвалд:

„На почетокот ми беше чудно што платата стигнуваше редовно на секој први во месецот. Во Македонија постојано се случуваше некој застој, или од Фондот за здравство или нешто друго.“ – вели Ана, со осетна (воочлива) радост и олеснување. Таа сега е редовно вработена како општ лекар, а болницата финансиски ѝ ја покрива специјализацијата.




„Добивам плата од 2700 евра. Месечните трошоци за кирија и сметки ми се некаде околу 600-700 евра. Со остатокот надоместувам се што пропуштив во Скопје. Растоварувањето не е само од финансиски аспект и условите и третманот се далеку подобри, европски. Владее воспоставен систем на тимска работа и меѓусебно почитување“ – со воодушевување раскажува Ана.

Во своите стремежи, Германија како крајна дестијација ја имаат уште стотина лекари и други медицински работници во Македонија. И работат на остварување на целта.

Што би рекле: „Ауфвидерзен Македонијо, алес гуте…“

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О