Литванија гостува во Скопје на јубилејот на МКФ

Кошаркарската репрезентација на Македонија, во сабота, ќе го одигра единствениот меч пред домашната публика, во пресрет на Европското првенство во Словенија. Гостин во Скопје ќе биде една од најдобрите европски селекции, Литванија, со која ‘црвени-жолтите’ ќе играат и ви Б групата на Евробаскетот.

Како што најави на прес конференцијата во пресрет на мечот, македонскиот селектор Алеш Пипан, на овој меч ќе им даде шанса на сите 14 кошаркари, мечот ќе го искористи за испробување на некои тактички варијанти, а резултатот ќе биде во втор план, иако како што рече „ќе се обидеме да победиме пред домашната публика“.

Македонија и Литванија досега имаат одиграно две средби и на двете победи македонската репрезентација – на Евробаскетот во Литванија во 2011 година Македонија победи со тројката на Владо Илиевски со 67-65, додека во 2012 година, во контролен меч резултатот беше 78-74.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О