Ѓорче Петров почна со изработка на проектот за новата општинска зграда

Општина Ѓорче Петров почна со изработка на проектот за новата општинска зграда. Проектната документација се очекува да биде готова до крајот на годината, кога треба да биде ставен камен-темелникот на новиот објект во реонскиот дел од паркот.

500gorce-petrov1
-Одговорната и стручна администрација, како и сите жители на општина Ѓорче Петров заслужуваат нов современ објект. За вработените во локалната самоуправа тоа ќе биде уште поголем поттик да обезбедуваат секојдневен високо квалитетен сервис на граѓаните според современите европски стандарди, изјави градоначалникот Сокол Митровски.
Целта на новиот проект покрај задоволување на потребите за простор, е и инкорпорирање на технички решенија и високо квалитетни материјали кои ќе обезбедат стабилност, сигурност и квалитетна финална обработка.
Проектот за административниот објект предвидува подрумски дел, кој ќе се користи како паркинг простор и два ката. На приземјето проектот предвидува општи содржини кои ќе ги опслужуваат сите сектори  и  простории од јавен карактер. Кабинетот на Градоначалникот, просториите за Советот и за дел од секторите ќе бидат сместени на првиот кат. Предвидената корисна површина на административниот простор ќе изнесува 3.600 метри квадратни, а објектот ќе биде целосно опремен по европски терк.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О