Kои болести се лекуваат со здрава исхрана?

Висока температура – овошен јогурт

 Покачена темперетура – Вашиот организам се подготвува за борба против инфекција. Помогнете му, правилно! Одлично решение за ова е овошниот јогурт кој го забрзува метаболизмот, ја обновува енергијата и ја намалува температурата. Секогаш кога ќе забележите покачена температура, помогнете му на Вашето тело со вкусен овошен јогурт.

Габична инфекција – јогурт

Ова е делумно лек, делумно превентива. Луѓето кои редовно користат јогурт имаат за 75 % помал ризик од габични инфекции. Доколку веќе патите од некоја габична инфекција, користете редовно јогурт. Тој со своите “добри” бактерии секогаш ќе ви биде од корист.

Инфекција на мочен меур – сок од брусница

Само две чаши дневно сок од брусница ќе го спречат размножувањето на бактериите во мочниот меур, особено на  бактеријата ешерихија коли која е најчест причинител на инфекција на мочниот меур.

ПМС – сирење

Сирењето е продукт кој изобилува со калциум. Според истражувањата кои ги направиле истражувачите, храната богата со калциум е одличен ублажувач на симптомите на пред-менструалниот циклус.

Настинка – супа

Да, ова е многу познат лек кој едноставно делува. Одлична е за белодробни воспаленија, рехидрација при темперетура, ринитис и сите симптоми на настинка.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О