Последен репрезентативен настап за Антиќ, Мекејлеб, Илиевски, Гечевски и Чековски

Уште пред да почне првенството се шпекулираше дека после ова Европско првенство  ќе следи подмладување на репрезентацијата.
Сигурно е дека 36-годишниот Гечевски ќе го остави репрезентативниот дрес на некои други помлади сили. Истото го најави и Антиќ кој планира да се посвети на својата јкариера, a Мекејлеб пред првенството најави дека ќе остане само доколку Македониjа се пласира на Cветското првенство следната година во Шпанија.

Меѓу тие што најавија крај на репрезентативната кариера е и Илиевски кој после поразот од Латвија денес изјави:
“Штета што се завршува вака. Мораше и требаше да покажеме многу повеќе во Словенија. Но, едноставно ни снема сили и енергија и не успеавме да ја победиме Летонија со посакуваната разлика. Ова најверојатно е крај на една генерација, која мораше да покаже на ова ЕП и да се прости со аплауз. Но, колку и да го остававме срцето на паркетот, тоа не се случи. Тука бевме како едно семејство, но тоа бепе доволно за подобар резултат. Летонците заслужено не победија и им честитам на тоа”.
Без разлика на тоа како заврши овој настап во Словенија, оваа генерација ќе остане врежана во македонскиот репрезентативен спорт. Никој никогаш нема да ги заборави радостите кои ни ги донесоа овие момци, но сега е време за некои нови сили кои ќе треба да вложат многу труд за да го постигнат тоа што го постигнаа нивните постари колеги.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О