Уапсени 30 водителки и супермодели во Романија - биле дел од елитна проституција!

Полицијата се сомнева дека во ланецот на проституција биле вмешани повеќе од 60 жени, кои заработувале и до 10.000 фунти од вечер. На листата на обвинети се нашла и една Плејбој зајачица.

Телевизиските станици во Романија се нашле на сред голем скандал, откако повеќе од 30 телевизиски водителки и модели биле уапсени поради истрага околу ланец на елитна проституција.

Полицијата во Букурешт испрашува 33 жени, од кои некои им се познати на јавноста, поради учество во злосторство во кое заработувале и до 10.000 фунти во една вечер, пишува Daily mail.

Полицијата соопштила дека седум жени биле обвинети, од кои една побегнала во Дубаи, а останатите 25 се сè уште под истрага.

Истражителите тврдат дека во ланецот на проституција бил можело да бидат вмешани уште најмалку 30 жени.

Локалните медиуми ги објавиле имињата на шест обвинети девојки, кои пред судот треба да се појават во петок.

Станува збор за 20-годишната Плејбој зајачица Дијана Никорас, 24-годишната Дијана Гуресоаие, 29-годишната Лавиниа Деспина, 24-годишната Рамона Попеску, 25-годишната Мирела Думитру и 21-годишната Гергиана Константин.

Организаторот на овој ланец проституција на клиентите им наплаќал 1.500 фунти, само за да ги запознае со моделите, но и со телевизиските водителки.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О