Поглед од кој застанува здивот: Кој би одбил одмор во оваа куќа?

Ако еден сместувачки капацитет се оценува само според погледот кој од истиот се нуди, тогаш оваа куќа дефинитивно нема конкуренција!

Станува збор за куќа на плажа во Австралија, изградена на височина од околу 40 метри над плажата Ферхевен и истата е место кое едноставно ги остава сите посетители без здив.

Ова бајковито место е совршено за романтично патување,а на своите псетители им нуди спектакуларен поглед од 360 степени. Куќата има една спална соба, една бања, дневна соба и кујна... И плажа преку улица!

Она што е исто така привлечно во врска со ова бајковито место е и фактот дека цената за престој во вилата не е толку висока како што може да се претпостави првично... Така, посетителите треба одвојат "само" 357 американски долари за една ноќ, што е просечна цена за хотел со пет ѕвездички во поголемиот дел на Европа.









ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О