Ново американско тајно оружје: Апсолутно ништо не може да го спречи!

Служи како дополнителен начин да се приберат информации во специјални воени операции во конфликтните зони, меѓутоа со текот на времето се појавила и идејата дека истото може да пренесува експлозив до позицијата на непријателот.

Имено, станува збор за машина во облик на топка која што може да се тркала по земја, во песок, да плива во вода и истата претставува новитет во модерната технологија. Овој нов вид на оружје е наречено ”GuardBot” и истото без проблем поминува секаде, па дури и во снег не може да заглави.

Необичното “топче” служи како дополнително средство за прибирање на важни информации во воените операции во конфликтните зони, но со текот на времето се појавила и идејата дека истото би можело да пренесува експлозив до позицијата на непријателот.

Всушност, токму оваа карактеристика е и она што автоматски го сместува во категоријата на опасно оружје кое што може да ја загрози безбедноста на секој човек. Опасната топка по подолги низа на истражувања била развиена на Универзитетот Стамфорд во Конектикат, а моментално за тестирање на истата е задолжена американската војска.

 

Топката патува низ вода со брзина од 6 километри на час, а кога била тестирана на сува површина, се движела со брзина од 32 километри. Доколку не носи ништо со себе тежи 25 килограми, а поседува по една камера и од двете страни, што на човекот му овозможува да управува со неа и да ја насочува кон целта.

Обликот на топка му овозможува на ова оружје да го зачува сето она што ќе го спакува во себе, а исто така речиси е невозможно било што од надворешна страна да влијае на електрониката. Енергијата на топката доаѓа од батерија која се полни, а во моменталните модели, една батерија може да трае до 16 часа.
 

Камерите од двете страни и дозволуваат на личноста зад управувачот да гледа се околу оваа машина во 360 степени, а моменталниот модел со себе може да понесе2 килограми материјал, а тоа може да биде и експлозив.

Во соопштението на компанијата било наведено дека овој проект првобитно бил дизајниран за мисија на Марс, но дека луѓето пронашле и друга намена. Нема сомнеж дека за оваа машина креаторите својата инспирација ја добиле од концептот на дронот. 


Топката доаѓа во најразлични големини, па купувачите може да одбираат помеѓу модел со дијаметар кој варира од 10 сантиметри до речиси 3 метри. Исто така, моментално оваа потенцијално опасна тока бара личност која ќе ја контролира, но компанијата планира да воведе систем со кој корисникот ќе може едноставно на мапа да одреди каде топката ќе се движи.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О