Фудбалерите на Вардар не и донесоа среќа на Ѓорческа

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа брзо го заврши својот настап во поединечна конкуренција на фјучерс турнирот во Анталија, Турција кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 10.000 американски долари.


Ѓорческа во првото коло загуби од квалификантката Марлис Шупер од Австрија во три сета (4:6, 6:3, 4:6). На овој меч 20-годишната тетовка имаше поддршка и од некои од вардаровите фудбалери кои денеска немаа утрински тренинг, но и тоа не се покажа како доволно петтата носителка да се пласира во следната рунда.
На Ѓорческа сега и останува настапот во двојки каде со нејзината партнерка Диана Бузеан од Романија во четвртфиналето ќе ги одмерат силите со Чимура и Нуноме од Јапонија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О