Ова се најголемите модни промашувања на Ким Кардашијан

Ким никогаш нема да знае да се облече. Кога игра на сигурно – облекува црно, а во сите други варијанти, нејзините комбинации главно нè оставаат без текст.

Ким Кардашијан е доказ дека скапите парчиња облека не се гаранција за стил. Последното модно промашување си го дозволи на ревијата која Канје Вест ја потпиша за Адидас. За работата да биде уште полоша, работите кои ги носела ги креирал токму тој. Кој нема око за стил? Раперот претворен во дизајнер или старлетата? Тука е јакната во војнички камуфлажен стил и кафеавите хеланки, а на сето тоа чорапи и чизми. Можеби на некој друг сево ова и не би изгледало толку катастрофално, но најлошо е токму тоа како и` стои на Ким.

Пред некој ден се прошетала во долен дел од војничка комбинација, каде што била повеќе широка отколку долга.


Покрај пантолоните од широк крој облекла бел топ. Градите и стомакот разголени и сето тоа на -2 степени, колку што било тој ден во Њујорк.

А се чини некаде слушнала дека се носи и искинат џинс.


И тоа би било во ред, ако папараците не ја фотографирале од овој агол.


Исто така, Ким најмногу сака сатен и тоа го докажа неколку пати. Но, оваа комбинација, сепак нè остава без текст.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О