"Не сум видел толку ампутации во животот, одат во продавница и ги осакатува бомба!"

Еден австриски хирург наведува дека за една седмица мината на истокот на Украина, видел најголем број на ампутации во својата кариера.

Михаел Реш, кој престојувал во Горловки како член на организацијата "Лекари без граници", навел дека болниците во тој град се соочени со голем број на луѓе повредени во гранатирање.

Во болницата во која работи, од безбедносни причини, има само една операциона сала во употреба, а дневно доаѓаат од 5 до 20 жртви на гранати.

Според неговите зборови, во болницата недостасуваат лекови, а три дена имало прекин на снабдувањето со вода, поради што се оперираат најитни случаи, а останатите се откажуваат, пренесува B92.

"Без вода не може ништо да се стерилизира", објаснил Реш.


"Јас сум хирург и во својот живот немам видено толку многу ампутирани лица. Луѓето одат во продавница и еден час подоцна немаат нозе. Секој час една зграда е погодена од граната. Повеќето луѓе страдаат на отворена улица, иако настојуваат малку време да минуваат надвор", вели австрискиот лекар.


Реш вели дека, иако граѓаните делуваат храбро и смирено, може да се почувствува дека се безнадежни и дека се чувствуваат напуштени.

""MSF" е единствена меѓународна организација која е активна во овој град", подвлекол Реш.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О