Погрешни научни факти во кои верувавме пред 20 години

Науката постојано се развива и со новите откритија и информации го менува светот. Токму затоа со текот на времето некои податоци излегуваат дека се неточни или нецелосни.

BuzzFeed направи листа на неколку погрешни работи во кои сме верувале пред 20 години.




1. Диносаурусите изумреле поради голем вулкан


Хипотезата за вулкан била еден од главните спротивставени идеи за денес прифатената теорија за удар од астероид, изнесена во 80-тите години на минатиот век. Но, геолозите не го пронајдоа познатиот кратер од астероид сè до 1991 година. Според најновите истражувања диносаурусите најверојатно исчезнале како последица од комбинација на двете теории.

2. Меѓу расите постои голема генетска разлика

Студија од 2002 година покажала дека има поголеми генетски разлики меѓу народите во Африка отколку меѓу Африканците и Европејците.

3. Постојат само девет планети


Првата егзопланета била забележана дури во 1992 година, а со текот на годините нивниот број се зголемувал. Денес се верува дека постојат неколку милијарди планети.

4. Диносаурусите изгледале како од филмот за Jurassic Park


Пред неколку години Стивен Спилберг, заедно со палеонтолозите, погреши претставувајќи го изгледот на диносаурусите. Всушност, научниците открија дека тие биле покриени со пердуви во различни боја, исто како птиците, кои се единствените живи потомци на диносаурусите.

5. Модерните луѓе не еволуирале во Африка


Пред генетските докази многумина сметале дека денешниот изглед сме го добиле на неколку различни места на планетата. Теоријата гласеше дека нашите предци ја напуштиле Африка пред 2 милиони години населувајќи се низ планетата и еволуирајќи одвоено.

На крајот испадна дека раните луѓе еволуирале во Африка пред околу 200.000 години, а потоа мигрирале во различни делови во светот пред 60.000 години. Поточно, анализите покажале дека сите потекнуваме од една група што успеала да ја преживее миграцијата.

6. Земјата била единствена планета со вода


Пронајдена е вода на Марс, на Јупитеровите месечини Европа и Генимеда, како и на Сатурновиот Енцеладус.

7. Вселената е стара 13,73 милијарди години


Благодарение на последните податоци собрани од мисијата Planck на Европската вселенска агенција, можеме да кажеме дека вселената е стара околу 13,82 милијарди години.

8. Птиците не се паметни

Всушност, птиците се многу паметни. Студија од 2005 година покажала дека некои птици како папагалите и враните имаат голема интелигенција, а во некои случаи се попаметни и од мајмуните.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О