Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ утринава се намачи против Долгополов на турнирот во Мајами.
Сепак, српскиот тенисер славеше со 2:1 по сетови и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мајами.
А дека на Новак воопшто не му беше лесно против украинскиот тенисер Александр Долгополов, можеби најдобро покажува следново видео на кое се гледа како неговиот рекет „настрада“ после еден загубен гем.