Абедин Зимбери: За ова што го прави Сител се оди во затвор

Во вечерашната емисија „Топ – тема“ на Телма телевизија во која станува збор за актуелните случувања со Македонско – Косовската граница, еден од гостите Абедин Зимбери ги критикуваше вестите на Сител телевизија како медиум кој внесува паника и раздор меѓу граѓаните на Република Македонија.

– За ова денеска што го направија со вестите, вакви дезинформации и ширење на омраза треба сите да завршат во затвор. Да имаме правна држава за ова се оди во затвор. Токму затоа дома кај мене е забрането да се гледа Сител – рече Зимбери и додаде дека на жителите на Липково им треба работа и подобар живот, а не вакви сценарија од страна на власта.

– Тргнете ги рацете од општина Липково, луѓето трпат за леб. Луѓето слушаат од медиумите и се вознемируваат. Тотално игра и тоа аматерска. Најмалку што можеа да направат функционерите од МВР да си поднесат оставка -заклучи Зимбери.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О