Средношколци: Ни се закануваат, но ќе истраеме! Ги повикуваме сите граѓани на третиот марш во четврток

Средношколците најавија трет протестен марш против, како што велат лошите реформи во образованието. Претставници на Средношколскиот пленум, денеска пред Министерството за образование и наука, потврдија дека во четврток на 23 април, ќе имаат поддршка и од Студентскиот пленум и од Наставничкиот пленум, како и од голем број родители, пренесе А1он.

- Ќе истраеме до крај во оваа наша борба, која трае веќе два месеца. Овој трет протестен марш го организираме заради игнорантскиот однос што МОН го има кон нас среднопколците. Ние повеќе од 10 дена секој ден се јавуваме во министертвото и никој не крева слушалка.Сите не’ одбиваат, не сакаат да се сретнат со нас да седнеме на маса и да ги соочиме нашите и нивните аргументи и така да постигнеме резултат, вели Александар Милевски од Средношколски пленум.

Средношколците бараат да се стави во мирување законот за екстерно тестирање и да се врати стариот начин на полагање државна матура, бидејќи со новиот концепт средношколците полагаат вкупно 7 пати, писмено и електронски. Матурантите бараат четирите предмети од матурата да се полагаат во еден дел и да не се делат на писмено и електронско полагање.

 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О