Средношколците денеска по втор пат ќе маршираат против, како што велат, лошите образовни реформи.
Во меѓувреме, слично како со студентите и професорите, паралелно новоформираната средношколска унија вчера зад затворени врати се сретна со надлежните од МОН каде постигнале договор за кој од Средношколски пленум велат не се испочитувани нивните барања.
Постигната е согласност математиката да не биде задолжителен предмет во државната матура за сите ученици, туку само за учениците од природно-математичките гимназии.
Од средношколскиот пленум велат дека тие ниту знаат, ниту биле консултирани за средбата која се одржа на ден пред најавениот протестен марш.
Протести најавија и учениците од Тетово и Прилеп.