Нема веќе игли: Спас за оние што се плашат од вадењето крв

Американските научници смислија начин како да вадат крв без да користат игли или пак на било кој друг начин да предизвикуваат болка. Станува збор за изум кој сигурно ќе им ја олесни работата на сите оние кои се згрозуваат од помислата на игла во вена и вадење крв.

Малото апаратче функционира на тој начин што се става на кожата на две минути и со посебен вакуумски дел преку капиларите ја вшмукува потребната количина крв. Таа веднаш се складира во епруветата која се прицврстува за апаратот.

„Кога ќе го доближиме апаратот до кожата на пациентот се создава лесен вакуум кој веднаш почнува да влече крв од капиларите. Благодарение на капиларната активност, крвта се вшмукува и завршува во епруветата“ - вели потпретседателот и соосновач на компанијата Tasso Inc., Бен Касавант.


Предноста е што ова решение може да се користи во домашни услови, а примероците потоа по пошта да се пратат во лабораторија.

Medical Daily пишува дека оние што го пробале овој начин на вадење крв, знаат дека е во целост безболен. Од компанијата се надеваат дека FDA (Food and Drug Administration) ќе го одобри користењето на ова апаратче и дека тоа ќе може да се најде на пазарот идната година.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О