Веќе сè е јасно: Детален преглед на црните кутии ја открил вистината за падот на авионот од „Germanwings”

Добриндт најавил пробен лет по рутата по која летал и кобниот авион на „Germanwings” за да се разјаснат преостанатите прашања. Меѓу нив се и снимени звуци за кои не е пронајдено објаснување на уредот за регистрирање на податоци.

Деталниот преглед на двете црни кутии од авионот на „Germanwings” кој пред еден месец се урна во француските Алпи, јасно докажува дека копилотот намерно го урнал авионот, денес изјави Добриндт на состанокот на парламентарниот одбор за сообраќај во Берлин.


Лубиц ги поставил брзината и насоката

И уредот за снимање на звукот, како и уредот за регистрирање на податоците за летот „уверливо укажуваат“ на неговата компетентност и присебност, рекол министерот.

Добриндт го најавил и пробниот лет по рутата по која летал и кобниот авион на „Germanwings” за да се разјаснат преостанатите прашања. Меѓу нив се и снимени звуци за кои не е пронајдено објаснување на уредот за регистрирање на податоци.


„Релативно брзо“ ќе биде објавен и привремен извештај за летот, со неколку седмици задоцнување, но во пропишаниот рок од една година, рекол министерот.

Добриндт заедно со Карстен Спор, претседателот на Луфтханза, го поднел извештајот на парламентарниот одбор.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О