Ли Џинјуан, еден од најбогатите луѓе во Кина, е сопственик на Tiens Group. Тој резервирал сместување во 140 хотели во Париз за повеќе од половина вработени во неговата компанија. Луѓето си добиле одмор од соништата, ги посетиле Ајфеловата кула, музејот Лувр, крстареле покрај Азурниот брег, прошетале низ Кан и Монако прославувајќи ја 20-годишнината од компанијата, пишува Independent.
Ова била најголемата организирана група што некогаш ја посетила Франција. За авантурата милијардерот, чие богатство според Forbes се проценува на 1,2 милијарди долари, одвоил 33 милиони долари.